Јас јес да сум покрупна али обично сегде наоѓам број, некогаш на пример од Теранова имам и S и М и L, L имам некое и големи што ми се, имам и од Шутка купувано кошули ХХL што ми се точни, а имам во глобала слаби нозе, стомак не толку голем ама огромни спојлери и морам мидер да носам зашто не ми се носи широко, сакам да си истакнам и гради и половина.Најдобрата другарка ми е доста покрупна и купува од една продавница во ГТЦ Фиорела, шие или преправа али доста пари дава на тоа и на накит, ташни и шминки ама има стил и е поубава од 90% од оние со по 50 кила.
Коментирам овде како полна девојка За мене во продавниците ретко кога ке има број од нешто,особено панталони.А јас сум многу бирлива и затоа многу тешко наоѓам облека која ке ја носам со срце. Кога купувам,прво гледам дали ми се допаѓа а потоа размислувам како ми стои.Обично пробувам да бирам маички и друга облека која не ме оцртува. Имам маички од секаков вид: широки,прилепени,без ракави и сл. и ништо од тоа не се срамам да носам. Во главно гледам само дали ме оцртува,а,не знам колку ке ме разберете има маички кои се прилепени за мене и многу убаво ми стојат,а има маички кои се пошироки а токму ме оцртуваат во делот кај што не треба. Друго,не гледам.Значи гајле ми е најискрено ако белото ми додавало плус килограми,носам,и како што кажа некоја феминка „белото е непријател за дебелите“ не се согласувам,зависи се до моделот.Ако црното ме прави послабо не значи дека цел плакар ке го наполнам со црни алишта,само затоа што ке изгледам -3 кила. Битен ми е само моделот,кој како што реков,може да биде и прилепен за мене. (зборувам за маички) Кога сме кај панталони,бирам панталони кои што нема да ме оцртуваат во предниот дел,кај меѓуножјето. Затоа избегнувам носење хеланки. И,уште нешто,нема и не може да има правило кое ке важи за сите дебели жени во врска со облекувањето.Секоја жена,секој човек си е различна конструкција и сите слаби девојки не изгледаат исто,не им стојат исти работи како што и сите дебели девојки не се исти,и едно исто парче облека не им стои исто. Никогаш нема да ми е гајле дали маичката е бела па ме прави подебела,ако ми се допаѓа и ако не ми ги открива слабите точки ке си ја купам,ако не-нема.
Што мислите дали би ми стоело некое тесно фустанче уз тело? за роденден сакам такво да си купам, ама така пополничка сум си..здосадено ми е веќе од оние раскошни фустанчиња,сакам да се стегнам.. и каква боја би ми предложиле да барам? сакав нешто на бело.. ама што знам предлог некој? во елит сигурно ќе најдам нешто.. еве нешто како ова на пример..немора да има прерамки
Ми улета темава, па се сетив дека на Асос (за кој е издвоена посебна тема во форимов) има категорија облека за пополни девојки. Па така, освен што продаваат облека, фино е се „украде“ можеби и по некоја идеја. Еве го линкот http://www.asos.com/women/curve-plu...=1465&parentID=Rf900&pge=0&pgeSize=36&sort=-1 со фустаните достапни во моментов, гледам дека се бараа идеи погоре. Прочепкајте,има и други фини работи.
A хулахопки големи каде може да си најдам..обично имам проблем бидејки сум покрупна во бутовите и стомакот
Којзнае од кога е ова мое мислење... Боксер и Марди мислам веќе не постојат. Луси има во тц Бисер на спрат а Павиа е кај Тинексот пред ГТЦ и уште една кај Ред кафе. Во меѓувреме можам да додадам дека во Ваикики има супер облека и броеви и во Певекс се наоѓа секогаш по нешто.
Asos е британски сајт за продажба, а не продавница. Плаќањето е со картица, а шипингот е бесплатен ако работите што ги земаш се над 30 евра, во спротивно е 3 евра. http://www.asos.com/infopages/pgeshiptocountry.aspx
Во Буњаковец, од задната страна има продавница за пополнети девојки. Баш го загледав излогот, убави работи имаа ставено, некои туники, пончо, капут, а моделите не се само широки и висина имаат, баш за крупни жени.
У принцип мислам дека се рачунам во полни девојки, 44 ми е максимум конфекциски број што сум го носела. Тогаш купував во H&M највеке работи пошто они имаат од регуларните модели до 44 броеви. Моментално носам 40 и фала богу во сите продавници можам да најдам ствари, освен на пример бершка кај кои и 42 ми е кнап пошто им се помали стварите. Во принцип сите што се околу 42 мислам дека можете секаде да најдете ствари. Особено H&M може и ако носите поголем број помал да ви биде добар пошто некои ствари им се преголеми ѕа бројчето, а имаат и дел со плус сајз ствари одвоено. Најинтересно е што никогаш кога купувм не пробувам, си ја знам мерката точно и што ми стои што не. Ретко се дешава да пробам ако купувам за некоја посебна прилика па да не случајно утнам или ако се мислам помегу неколку работи. Најбитно е да си го прифатите телото, да сте свесни за маните и позитивните ствари кај вас и многу полесно ке ви иде да најдете работи. Јас колку и да сакам да носам пример краток тесен фустан ако знам дека нема да ми стои ради стомакот или градите не ги ни гледам таквите фустани и крај, ем мене полесно ем на другите што шетаат со мене
За колку време стигаат работите? Имате искуство со сајтов? Едит: прочитав дека стигаат за максимум 9 дена, или експрес нарачки за 4 дена.
Не сум нарачувала ништо, но мислам дека стигаат за 2-3 недели. Има посебна тема за Асос на форумов. http://forum.femina.mk/threads/Асос-и-во-Македонија.9353/page-53#post-2612501
Продавам нови со марка необлечени пантолони за пролет од Асос. Бројче 28 ( најголемо). Еве линк од пантолоните http://www.asos.com//New-Look-Inspi...ored-Trouser/Prod/pgeproduct.aspx?iid=5729775. Ги продавам зашто ми се големи инаку ништо не им фали. За повеќе детали во ЛП.
Малку е офф топик, ама ќе го пишам тука, може ќе послужи некому. И јас еднаш порачав пантолони UK28, тоа е наша 56-ка и во едната ногавица влегов цела Муабетот ми е, облеката во АSOS обично е малку поголема од она што пишува, само фустаните (кај кои не е конкретно наведено дека се oversized) 90% си одговараат на бројчето и мерките.