@CameliaMiller, провери во Бутик Енџел. Не сум била за да ти кажам каква е реалната ситуација но од сликите ми делува дека имаат одличен избор на нормални броеви.
Купив од таму. Бројчињата не им се реални Носам 44 - 46 конфекциски, кај нив во 50 ме собра Да имате предвид сите, бидејќи мајка ми е далеку послаба, па и на неа и “фаќаа“ два броја поголеми.
А цените како им се...јас секогаш од излог гледам само.. И...шијат ли или само готови фустани имаат ?
Мислам дека само готови. Цените им се океј според мене. Овој фустан го купив 3000 денари. Купив и еден посекојдневен, до колена, 1300 денари. Такви посекојдневни варијани има 1000-1500 денари Ова е тој за 1300 што го купив
Женски абе да не знаете некоја шнајдерка во Лептокарија и околина или Автокоманда, да ми го потскрати фустанов само?
Си купив пред некој ден фустан од Линеа од Буњаковец. Прееееедобар! Имаат големи броеви, но се поголеми од стандардните 46ка земав и имам луфта у струк Има убави, не пресвечени фустани. Јас мојот го платив 4 000. Повелеле линк да ѕирнете http://linea.mk/
Оф здраво значи имам друагарки за шопинг хаха јас мислев дека носам 38-40 само јас сум и нема да најдам облека во мк модерна ама супер не сум била единствена.
Зависи на која висина, ама ако си над 165, тогаш со 38-40 не спаѓаш во пополнети девојки. Во Мк за тие конфекциски броеви има огромен избор, и до 42 има во речиси сите продавници, од оние "маалски" продавнички, па се до продавниците во Сити Мол што се.
Ах, до пред пола година имав огромни проблеми со облека, не можев ниту стил да имам. Се затворав во темни бои и носев 44. Во Скопје многу тешко се наоѓаат фармерки, а често пазарував низ населба или во Сити мол, смрт ми беше шопингот, купував било што ме собира и си одев, само побрзо да завршам. Обично носев стреч панталони, фармерки ме стискаа, број не можев да си најдам и се откажав од потрага...блузи носев 42 или 40 и немав проблеми, но комбинезони или фустани не можев никогаш да ускладам, бидејќи горе бев послаба, а доле доста крупна. Секогаш ми било криво какви убави фармерки во Сити мол ќе видев, но за мене број никогаш немаше, секогаш депре си идев дома. Вчера бев у сити мол и си купив шорц XS, искрено одамна се неам така радувано шо ме собра најмалиот број од сити мол. Елегантно пополнети девојки имаат многу проблем со облека... Мајка ми сега ги има моите поранешни кг и кога и ја дадов старата моја облека беше пресреќна искрено шо се поднови. Имам барано со саати едни панталони, а не па мода да терам. А исто така во продавниците односот на продавачите е ужас. Погледи на сожалување и вртење очи коа најголемиот број панталони нема да ти е точен и ќе прашаш случајно поголем да не има... После ќе речат "дебелите" носат хеланки. Да, ќе носат кога над 40, максимум 42 нема ништо во бутиците. Мајка ми во бутик енџел сега за свадба си купи прекрасно фустанче, имаат големи броеви и солидни цени. Порано исто така во гтц наоѓав убави работи во некои бутици, во бисер и низ населба, но ретко... Навистина е тешко. Во Софија има многу избор на облека со големи броеви. Мајка ми кога беше таму се врати со полни ќеси облека
Како од xxl стана хѕ за пола година ако не е тајна инаку облека мноогу ретко се наоѓа, јас имав „проблеми“ со изгледот само ептен бапски алишта наоѓав ама после 4 години гладување ме собира L ретко М