XL* никогаш неам xxl носено дури и L ми беа точни, но нејќев тесно, сакав комоција другото е за друга тема во диети иам објаснувано да не праам оф топици Инаку да сите големи броеви за жал се бапски, како демек мора сите млади луѓе да се 90-60-90 пропорции, боже сачувај...
Hahaha abe visoka sum skoro 170 ama imam nekoj kompleksi deka sum debela mozebi oti oste drugarki mi se po 45 kg najmnogu 50 pa zatoa jas mnogu delam neznam vistina
Не е мала работа ако си дебел и висок. Или ќе ти е тесно или поткусено. Фустани што се 'стандардни', мене миничи ми се... некои и 'блузи'. Тешко се наоѓаат големи броеви. Изборот е и така мал, па и да ти се бендиса нешто, веројатноста е ... никаква скоро. Конкретно за Скопје ме интерсира. Освен Ваикики и едно дуќанче во Бисер и 2-3 кај Зелено пазарче, други не знам. Кажете каде има други продавници и каква облека продаваат. Зборувам за броеви 46 и нагоре.
Во Буњаковец има два бутици еден до друг, едниот се вика „Различни“, а другиот навистина немам поим како се вика, ама имаат слична роба. Во Различни секогаш имаат избор на гардероба од поголемите бројчиња и не се некои модели од 2000-та, туку баш фина облека имаат. И цените им се повеќе од одлични. Јас често купувам од таму, имаат и избор како за поситни така и за покрупни девојки.
Обнова на раскрсницата кај зелен пазар знам дека шијат од нивните модели поголем број ако го немаат. И кај грчка амбасада Луна, панталони во Павија сум наоѓала..
Секогаш на Фб добивам известувања од овој бутик, вели има и големи броеви до 52 (шо бројче е 52? XXL или поголеми како 1Х, 2Х...)
Изгледа исто пута Љ си носиме По наши броеви незнам ама овде од 1х до 3х ме збира, зависи колку е растеглив материјалот
Ај да не псујам! Имате таму повеќе избор и ме фрустрира тоа. Имам специфичен вкус. Овде не само што нема броеви, нема ни модели кои ми се допаѓаат навистински, па останувам со избор: кежуал што ме собира Уште кога ќе ми речи продавачка: Нема поголеми од овие броеви, стандард се! - ми иди да им светнам една по муцки! По кој стандард?? Кинески?? Сите во светот се 160см и 50кг???
@WildMk Тука навистина има голем избор,додуша три пати се поскапи за разлика од “стандард” броевите ама важно ќе носиш тоа што навистина ти е по ќеиф. Ако некогаш решам да се занимавам со бизнис во МКД сигурно тоа ќе биди бутик за Plus size/Petite size облека
Ooooo, hello my kind of people!!! Облека во градов за нас "ситните" и за стварно ситните нема. Нема бе, се' треба да се поправа, преправа, да те гледаат со осудувачки погледи... Јас сум огромна во секоја смисла на зборот. Висока сум 176 или 178, секогаш ме пишуваат така или така, градба шифоњер двокрилен во рамења, а тежина со три бројки... Носам 48-50, зависи од ситуација со огромни гради. Ајде, ќе налетам на некое парче облека асално повремено што не е пола плата, ама чевли... Е тука гинам! Носам 41-42, или има бапски модели, или да не речам ама ќе речам, оросписки. Одвај се снаоѓам. Последно во Купи евтино најдов топ крој на фармерки, ги купив сите модели. По 600 денари се, имаат и многу убави палтенца и блузички ко за нас. Посебно ме бендисаа едноставни блузички по 250 денари, за под блејзер или сако предобри. Исто и бутик Дамс во Лептокарија има преубави модели, ама никогаш на пример кошула не сум нашла. С&А во Солун има стално броеви и кројки како за мене, ама не ми е бре пред врата да одам нон стоп... И така, си ги искажав маките, споделувајте стално ако најдете некој бутик со големи броеви облека и чевли.
Ме изнасмеа Јас сум 175см висока. Горе сум помала 2-3 броја во однос, на колковите... и ако не е нешто од растеглив материјал, нема шанси да погодам број. Ако ми се таман во рамената, долу ми се тесни, а ако ми се таман во колковите, кај рамената ќе ми клапнат, кај градите луфта ќе има.. Чевли носам 40-41, зависи од калапот. Стапалата ми се еден број пошироки, отколку што ми се долги Леле колку сум несразмерна беее
Јас сум обратна. Горе носам 48-50, а влегувам и во 46 панталони ако се класичен крој. Превртен триаголник поточно.