Можете и од Асос да си порачате, имаат plus size модели скоро на се'. Највеќе ми се допадна тоа што има и детални бројки (во цм) за секоја величина, плус внесуваш и висина и тежина и системот сам ти препорачува бројка. Односно, ти дава да бираш меѓу две величини. Јас сега земав свечен фустан за свадба и системот сам ми даваше да бирам меѓу 42 и 44. За да не ризикувам, земав поголем. Како за мене шиен да е, 44-ка земав. Јас сега скоро порачав фустан за свадба од обичните бројчиња, ама ги гледав и плус сајз моделите. Од тие што мене ми се допаѓаа, имаа само 46ки и 48мици што мене лично ќе ми беа преголеми, иначе моделите се прекрасни. Ако гледате на Асос, видете ги и maternity. Па шо ако се за трудници, ако е обична кројка, никој не може да познае, само пошироки се во стомакот. Во Мкд, Ваикики за нешто помладешко. И тие дуќанчињата @Mishela шо ги кажала. Инаку, да, може да биде проблем. Јас сега сум 42/44, со тенденција да одам надоле. Минатата година и во 40-ка се пикнав ама знаете шо? Џабе. Куси ми се сите 40-ки, или во ракави или во ногавици. Наравоучение - и да ослабете, ако сте високи, пак ќе ви треба поголем број.
Мене ме интересира дали има некоја продавница каде што шијат облека каква сакаш? Не сум ни дебела, ама ниту слаба, средина некоја, а притоа имам специфична градба, па ме интересира. Доколку некој знае нека пише. Исто M маички со чипка каде има пишете, од причина што обожавам чипка и речиси цел аутфит ми е преполн со таков принт.
Па не се нешто евтини, ама се квалитетни парчиња. Ги има на ФБ, можеш да се информираш ако ти е далеку да одиш.
Женски, ваков крој/модел на фустани имате негде забележано? Број 42-44. Или препорачајте бутици каде да барам фустани со поголеми бројчиња до 2000 денари...
Кај сте море дебели!? Дај кажете асолни продавници со големи броеви. 52-54 Моментално имам проблем со гаќи. Сакам обични, памучни(плус некоја пластика во нив, за да се тегнат), со средно-висок струк, не со одбашка ластик, туку ластиче зашиено на самиот материјал. Земав од Сара фешн, ама ги 'надраснав' Останав без гаќи!!! Помагајте
Вакво нешто сте виделе за покрупнички? Мн се нервирам ни натаму ни наваму сум со облека маички некогсш л ме фаќа некогаш хл тесна... панталони во газ еднај наоѓам да зберат и плус мев си имам со мишелинки од страна, без мидер како торта сум.
Каде купувате долна облека за покрупни? Имам проблем со гаќи и градници огромен. Бев покрупна и пред да останам бремена, но со бременоста уште 20кг си додадов. Градиве како балони ми се, ниеден градник не ми е комотен. Каде има убави и комотни градници за големи гради и поголем граден кош. И да најдам градник што ме собира, ме стегаат прерамките кај грбот. Тешко е да си покрупна жена.
Кога бев трудна и периодот потоа бев доста здебелена исто, тогаш си зедов на Lisca два прслука. Беа поскапи ама ден денес ми стојат во фиока како нови се, иако некои 3-4 години ги носев само нив. Само од нив бев поприбрана и се чувствував удобно.
Мене ми треба конкретно за голем број на горен дел купачи. Имам големи гради и многу тешко наоѓам нормални модели по продавнициве кај нас, и ако има се некои најобични и досадни. Порано нарачував онлајн и ми се погодувале повеќе ама сега сакав да земам од кај нас. Денеска во Ист Гејт гледав и ништо не ми фати око, или беа модели како за ептен мали гради, или имаше останато само мали бројчиња. Или беа комплет, а мене реално не ми треба голем број долен дел, ќе немам што да му правам.
Во Сара фешн си купував купачи пред да останам бремена. Можеше и различен број да земеш, не мораше комплет.
Немаат врска кг, може да си пак среден и дотеран. Лошо е кај нас што има помал избор за облека, но сепак се наоѓа по нешто повремено. Не дозволувам кг да ми влијаат на самодовербата и се трудам секогаш пак да сум си средена.