1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека и акцесорис со дизајнерски логоа

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 30 март 2011.

  1. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Абе сега секој човек различни нешта го прават среќен.
    Не се ретки таквите во денешницата кои фураат некој филм на квази фуфици и душа даваат за да им се доближи некој типАц од нивни калибар па заедно да глумат џек сет, овај џеТ де и да драмат наоколу како он има фармерки од таму или кошула од ваму (од некој ''бренд'' нели).
    Никогаш не сум се опседнувала со такво нешто,кога бирам ташна таквите со логоа не ми го ни задржуваат вниманието, а маичките со натписи со големина од кои глава боли ми се најбезвезното нешто што може да постои.
    А пред неколку години имав една ваква персона во моето опкружување, душа на ѓавол продаваше буквално за марка.
    И така еден ден, таа си соши црно блузиче кај шивачка, ама си ја пресече лентичката со натписот што се наоѓаше од внатрешната страна на нејзината единствена блуза купена од Мис Сиксти и си ја соши на внатрешноста на новосошиената блуза, така што си доби нова блузичка од бренд за ефтини пари. Што да се каже?
    Болеста на луѓето некогаш нема граници...
    При самата помисла на тоа кој би го свртел неговото внимание на тоа што пишува од внатрешноста на нејзината блуза (НИКОЈ), а таа се опседнала со тоа, ме тера да сфатам дека за таквите нема лек.
     
    На Gea, sunshinesparke, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кога би можела да си дозволам би носела брендирана облека и тоа како! И не би ми било битно дали логото се гледа од авион или не важно е да ми се допаѓа, би носела за мој мерак, оригинал си е оригинал...а дали некој би помислил дека се перчам или не-најмалку битно...
    А за фејк, сум си купила ташни на кои дури отпосле гледам дека некаде стои некое лого...Но да е големо онака да паѓа право во очи-не би купила, тоа ми е глупаво...
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    И јас да бев преплавена со пари би купувала брендирана облека, но да се задржам на темата - дизајнерските логоа.
    Прво да кажам за тука, кај нас.
    Знаеме во каква држава живееме, сите си ги знаеме можностите колкави ни се, па ова ми е глупаво.
    Еден ден излегуваш со облека од шутка, а наредниот ден со огромното дизајнерското лого на тебе 8)
    Имам многу вакви луѓе сретното со мисла: Видете ме што носам, и тоа им е првичната цел при купување на вакви производи.
    Инаку, општо гледано, никои работи не ми се убави со некои огормен натпис на нив, што значи и дизајнерските ги ставам тука. Многу би било пофино тоа е сместено на некое складно и интересно место.
    Има и работи што изгледаат убаво, ама ретки се тие :)
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Мене не ми пречи ако на пр. чантата Луис Витон е оригинал. Океј, таква им е замислата, такви ги прават и некој сака да носи фирмирани парчиња. Ама со ова фејков кај нас е претерано.
    Никогаш не купувам фејк парчиња. Или е оригинал или на него не вриштат ЛВ, Прада, Шанел.
    А немам ништо против логоата. Ако ми се допадне моделот, бојата, формата и се останато битно за мене да ми падне во очи, логото нема да ми пречи. Ама фејк, не...
     
  5. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Не подржувам ништо што нуди некој вид на униформираност, а уште помалку кога е фејк! Ама во градов преполн со лажни "важни" ликови само такви и им стојат! Нека си ги носат и понатаму, барем лесно да се разликуваат од нас, останатите... :)
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Дизајнерско лого погледнувам 3-5 секунди, доволно се, секако нема да препознаам дали е оригинал без да допрам, или подетално да обрнам внимание на детали.
    после овие 3-5 секунди ги погледнувам останатите парЧиња облека сто ги носи цурата на себе...и јасно ми е се.
    некој сто мозе да си дозволи тасна од ЛВ иде со фул пакет на себе, од глава до петици е скоцкан и си тера свој хај клас филм . за мене тоа е ок, не кради пари од мојот новЧАник па да ми преЧи. напротив, мило ми е кога ке видам некоја девојка и кога ке помислам дека се двизи како на модна писта(не мислам на физиЧкиот изглед туку на облеката).
    многу брендирани фирми лансираат облека карактеристиЧна само за нив, ако ми се допага тој стил и мозам да си го дозволам парЧето големо ДА. ке си купам и со мерак ке си носам.
    во однос на логата се е ствар на вкус.
    некој си носи тиграсто, некој природно крзно, ...некој мали логоа некои големи. РазлиЧни вкусови, а за тое нели не се дискутира :lol:
    поседувам облека и акцесорис само со мали дискретни лога.

    фејк на бренд не поседувам.порадо ке си купам несто ефтино, убаво и уникатно одколку копија на несто сто не мозам да си дозволам.
    одбивноста кон ова брендирање е створена поради некои балкански фациЧки кои се форсираат себеси како џет сет.
    нема нисто лосо да си униформиран, нема нисто лосо да имас ЛВ тасна, па нема нисто лосо и со огромно ЛВ
    на газот
    да се сетас, при толку многу подвизни модни катастрофи едно лого е најмал проблем :rofl:
     
  7. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Уф не ги сакам ич...се осеќам ко подвижна реклама
    Многу ми е просто и селски, и ептен снобовски, демек види од каде ми е така ми делува мене.
     
    На talentirana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Обеткиве повеќе ме асоцираат на канал 5 телевизија отколку на Шанел :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Го разбирам во стил дека сакаат да се издвојат и да бидат поразлични од другите :) , ок, кој како сака.
    Јас лично, не ми се допаѓа и да имам милиони не би купила и носела. Дизајнерски маркетиншки трик, да му плаќам (со купување на парчето) за да му ја рекламирам марката (носам тоа парче), јок.
    Не ми смета и да го гледам на друг тоа дизајнерско лого ама не и на мене. Секој со свој стил
     
  10. sunshinesparke

    sunshinesparke Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Ако 90% од населението носи фејк брендови, останатиот процент знаат како да познаат дали се работи оригинал D&G или не.
     
  11. sunshinesparke

    sunshinesparke Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Значи ми се лоши од самата помисла кога ќе видам барбери шал..!! Секој 2 го носи.. И по шарите одма ќе познаеш дали е оригинал или не, пошо еден таков е над 300евара.
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ај да е само шалот што го носат.
    Последниов месец имам видено можеби над десетина девојки со такви кошули. И машките ги носат, ама толку девојчиња се изнашетаа со кошуливе, мислиш во Париз си не во Скопјенцево.
    И вриштат фејк, од километар се познава дека материјалот не е квалитетен, а шарата е лошо испринтана.
    |(
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Во мојот град и цела фасада на еден објект кој личи на двокатна штала се направи, смешки во боја :D
     
  14. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Искрено ова и не ме нервира толку , не ми се допаѓа се но има нешто што може да помине. Но тоа што ме вади од кожа се оние FAKE чанти Луј Витон со таков принт кој е далку од оргиналниот , изгледаат толку ефтино и глупаво. Не ја гледам потребата за таква чанта??? Или блузите од типол на CHANAL ,ADIBAS или така нешто. Доколку немам пари да го купам оргиналот ќе купам некое небрендирано парче со не толку звучно име но сигорно не некоја ефтина копија на високобрендирана фирма.
     
  15. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268