1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека соодветна за возраста

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 5 декември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сигурно претпоставувате од каде ми е идејава на темава но ова е општа тема и ферски е да не спомнуваме феминки сеедно дал позитивен ил негативен ќе ни е коментарот. ;)

    Што мислите реално за девојките кои се облекуваат значи несоогласно со годините. Ги подржувате или не?
    Девојките што се облекуваат како дами, жени, тетки како и да речам и обратно жените што се облекуваат како тинејџерки. Го оправдувате ли тоа?
    Дали е нормално за вас жена во години сеедно колку и да е згодна да се облекува во миничи, во тинејџерски фустани, да носи дреч облека, да носи фармерки и тесни маички па дури и со голо меше жена на 50 години. Нормално ли е тоа?

    И девојки тинејџерки што се облекуваат како жени? Фустани постари, бисери, огрлици, ракавици, штикли на 12 години, теткински фризури итн. Постои ли оправдание за ова?
    Некои ете го оправдуваат во зависност од местото кај што се оди, во зависност од пригодата.
    Убаво е почитување на дрес код, но дрес кодот не е додавање на 10тици години плус на изгледот.

    Дали кога избирате вие облека гледате дали ви е соогласно со годините? Дали сте си рекле некогаш леле во фустанов сум ко тетка, не ми стои. Леле миничов е пубертетски, не е за мене. Итн.
    Која е причината девојчињата што си додаваат 20 години или жените што се трудат со облеката да одземат 20сетина години.
    Не сметаат тие дека е невкусно сеедно во која категорија се?

    Има 17 а личи на тета
    [​IMG]

    има 14 :o
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    15 години :tmi:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И обратно, а ова ми е веќе многу смешно и си правам филмови баба ми вака да ја видам :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Облека соогласна со возраста

    Мислам дека секој треба да си се облекува соодветно на годините. Кога станува збор за повозрасни жени(еве например мајка ми) :D и личе да се облекува во панталони, блузи, сукни(долги), па и нема ништо лошо во тоа да е во прилепена блуза(зависи каква). А има некои жени што мислат дека ќе се подмладат со тоа што ќе се облекуваат како тинејџерки. Не го оправдувам оваа нивно облекување затоа што не им личи. Жена на 40-50 години да облече кратка сукна или фустан, па и драџ бои како оваа бабата на сликата, НИКАКО. :fubar: Од друга страна пак, има и тинејџерки што брзаат да пораснат па се облекуваат како 30-40 годишни жени. Јас најискрено да ви кажам, често се служам со плакарот на мајка ми. :lol: Има некои работи што можам да ги носам и што, секако, не се толку за возрасна жена.
    Сепак и мајка ми има стилче. :lol:
    Ми се допаѓаат жени со стил, но и со внимание што облекуваат. Исто и тинејџерите не треба да претеруваат и да го забразуваат нивниот раст. :)
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Облека соогласна со возраста

    Aх да заборавив едно клучно прашање.
    Зошто така се облекуваат.
    Младите девојки се посозреани од врсничките па тоа е причината или бабиве детинесто размислуваат?

    Или не знаат да живеат во својата доба и да уживаат во секоја година од животот?

    За мене девојче си е девојче, тинејџерка си е тинејџерка, млада девојка си е млада девојка, мајка си е мајка, дама си е дама, баба си е баба и така и треба да се облекува.

    Не збориме за парчиња облека, парчето облека не се двои по возраст, може една блуза кај еден да изгледа прихладно кај друг вулгарно, збориме за комплетна комбинација, која не соодвестува со годиштето на жената која го носи.
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Облека соогласна со возраста

    Јас со две раце потпишувам дека ќе бидам како бабичката на првата слика! :D

    Шала на страна, стилот на облекување барем според мене треба да биде не толку според возраста колку според карактерот на личноста. Нормално, сето тоа приспособено за одредената возраст. Не ми се јасни луѓе што брзаат да „пораснат“ преку гардероба, ми делуваат искомплексирано и несигурно. Не велам дека не може да се фура елегантен стил и на 15 години, ама не од колекции наменети за 25+, туку од нормалните тинејџ колекции наменети за таа возраст, и обратно - во секоја колекција за постари може да се сретне некое полежерно парче облека.

    Убаво е да се има изграден стил и се тоа, ама мора да се земат предвид годините. Смешно е да гледаш луѓе што пробуваат да бидат нешто што не им доликува, од 17 - годишни што изгледаат како тетки до 50 годишни што изгледаат како 20 годишни. Секое парче гардероба ќе си го најде местото во одреден период, не мора ништо да се форсира.

    Глумење лудило ми е тоа.
     
    На zanana, Butterfly15 и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Се слагам околу гардеробата и карактерот. Искрено, ми се посмешни на пр. млади девојки облечени во некој ’потврд’ стил, да речеме некој рок ли, а ептем не знаат да го носат, отколку овие турбо-брзо-остарениве. Малечкиве теткички ми се дури и морбидни (ако ви текнува на тие многу малечките-5,6годинки, литл принцес или не знам ти како, пренашминкани и пуфлести). Моделите-да! Имаат врска со возраста, ама не ќе се сложам околу боите. Изборот на боите многу го покажува карактерот, а толку може да се биде ’сончев’ и над 40тата, тоа е чудо едно! :)

    Додека се почитува дрес кодот за приликата се е во ред. Јас, искрено, си сакам да вметнам некое детско деталче. Не сладуњаво, ами баш детско. :lol: Шноличка, брошче, машничка...ама се со мера! :)

    А да...Зошто? Кај некои е можеби фаза, а овие, селебритис, мислам дека не по свој избор изгледаат така (младиве). Бабичкиве, мене не ми се срташни, само кога би си ги покриле деловите на телото кои гласно им ги вриштат годините (рацете...).
    А јас...Најверојатно сакам да ОСТАНАМ дете ;) (не поради несериозноста, ами заради фантазијата која ја поседуваат најмладите)
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Облека соогласна со возраста

    абе нека носат цурите облека за 35 годишни жени, само не ми е јасно зошто сакаат да изгледаат постаро, кога има толку прекрасна облека за нивните години. Уште па се затвораат во некои бои... глупости! Нека носат цветни фустанчиња, живи, младалашки.. да се знае! После ќе им е досадна облеката што е за 30+

    А за бабичкиве, треба да припазат и тие малце. Видов две такви во Скопјево.. ау не!
    Добро бе, ви одминале годините за да покажувате страствено деколте или нозе во мини highschool сукња...
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.596
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Признавам грешна сум :wasntme: Кога бев помала многу сакав тесна сукња, висок струк и до колена. Ја облеков на 17,8 години дури 2 пати, за сега на 22 да ми е голема во струкот, а тесна во колк. Е како така?

    Сеедно, сакам некогаш да си додадам некоја година, некогаш да одземам иако второво не ми оди тешко, повеќе од 17 години не ми даваат.

    Да си кажам за другите. Сакам гардероба согласна со годините. Кај девојчиња под 18 години не сакам фустани за нив се фустанчиња слатки, не сакам бисери, тапирани коси и фризури.

    Кај девојки над 30, па и жени не почитувам кратка сукњичка во откачена боја, не почитувам огромни чевли во платформи и строго сум против пластичен накит. Гол стомак, преголемо деколте не!

    Денес модата дозволува преминување на сите граници, но сепак треба да се знае што е вкусно што не.

    Пак ќе се вратам на една моја комбинација со зелена сукња, крем блуза, штикли и некоја фризура. Кога ја гледам сега си викам како можеше ова да го облечеш?
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Се согласувам дека облеката треба да биде согласна со возраста.Мене ич не ми изгледа убаво (дури и вулгарно)кога ќе видам жена од 45 години се пикнала во алиштата на ќерка и.Како прво не и личи,се познава дека не се за нејзини,смешно изгледа и чудно.Исто и обратно 14 год.девојчиња (за полуматуриве на пр.)како теткичиња се.Со штикла 12 со корсети,фустани :x па за апсолвентска бевме по обично облечени на 22 години :rofl:
    Најжалосно е што гледав на фб абре 12 години имаат,па фустанчиња па шминкани па пози некои...бог да чува.
    Децава се брзаат да пораснат и на 16 год.да изгледаат како 25,а постариве мислат со тесни фармерки,тесно блузиче и деколте помладо ќе изгледаат :doh:
    За се си има време,а се што сака да се постигне со сила на крај испаѓа смешно и недолично.
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Јас би рекла НЕ за девојчиња кои се облекуваат како тетки и за баби кои се облекуваат како девојчиња. :x :x Мене не ми се допаѓаат вакви комбинации ама ич. Причините за ваквото облекување не ми се јасни искрено, дали со тоа сакаат да привлечат внимание или пак се чувствуваат убаво така облечени? :wasntme: НЕЗНАМ. Јас носам нешто во кое се чувствувам убаво, не гледам да е модерно но сепак имам граници.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Облека соогласна со возраста

    Сеуште имам поделено мислење околу темава и ќе објаснам и зашто.

    Навистина не изгледа убаво кога ќе забележиш некое мало девојче (за мене се девојчиња и тие на 14-15 години) облечена како тетка, со кило шминка и гардероба несоодветна за возраста. Она што го имам приметено е дека таквите девојки обично се во друштво на повозрасни и голема е веројатноста дека тоа го прават за полесно да се вклопат во друштвото и преку облеката да ја изедначат возраста. Причина за таквиот нивни изглед не можам да најдам, верувам дека тоа е индивидуално, па не би сакала да ги генерализирам и ќе избегнам да коментирам.

    Подеднакво неубаво (можеби и повеќе) ми е и кога ќе видам повозрасна жена облечена во гардероба од ќерка и. Еднаш имав прилика да видам една повозрасна жена, збрчкана, слаба, тазе излезена од солариум и облечена со тесни бели панталони и кратка, многу над пупак, маичка со плава изгорена фризура како безгрижно се шета низ ГТЦ. Не само јас, туку сите се вртеа и ја загледуваа зашто глетката беше СТРАШНА.

    Но, тука ми се јавува и другиот поглед кон работиве. Кој ги поставува тие граници за добро и соодветно облекување? Зарем постои некаде пишана регулатива или кодекс каде што е наведено или забрането младите девојќи да се облекуваат како повозрасни и обратно? Можеби не ни изгледа вкусно, но имаме ли право да им судиме или замеруваме на таквите? Или овде важи она: не си гледаш во својот двор па плукаш по туѓиот. Живееме во некое си демократско општество ама овде ставовите и гледиштата ни се многу ограничени и затворени, да не речам конзервативни. Зарем нема право секој како што се чувствува така и да се облекува?

    Кога станува збор за мене лично знам да си дадам коментар од типот: види на што личам облечена сум ко тетка или изгледам ко тинејџерка во фустанчево, а неретко се случува тоа да го направам и кога станува збор за некој друг. Во главно се трудам да бидам објективна, но не секогаш успевам во тоа.

    Затоа и велам сум неопределена зашто од една страна судам, а од друга сметам дека не треба.
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Облека соогласна со возраста

    Јас би пишала заклучок дека тие што се млади сакаат бргу да пораснат а тие што се стари сакаат да се подмладат. Арно ама забораваат дека е се во свое време.
    Таквите ги гледам како личности со неизграден стил и вкус за мода, па првата продавачка на гардероба успеала да ја излаже како да и ги земе парите.
    На крај краева и да не и одговара облеката со возраста ако толку има мерак :D , нека ја носи бре со стил. Имам една пријателка од една институција која има 54 год. и знае да се натепа во фармерки (не прилегаат на нејзиното раб. место а годините се дискутабилни) ама одозгора облече штосна кошулка и некое палтенце - кога како, блага шминка и го разгорува детето во себе. Ај ова е до некаде вкусно, иако мене ми е ок затоа што ја гледам со мои очи ама сепак не одговара за нејзиното раб. место.
    А најжално е кога ќе видам некое девојче теткински облечено за некој повод, е тука мајката е крива или првата другарка :devil: (зависи со кого купува облека), алоо детето има само 14-16 год.
     
  12. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    44
    Облека соогласна со возраста

    Во моето опкружување не можам да кажам дека сум забележала големи несоодветности во изборот на облеката со возраста. Се разбира, изборот на облеката не зависи секогаш од возраста. Покрај возраста, карактерот на личноста, физичката градба, стилот кој се негува и некои други фактори кои влијаат врз изборот на облеката, најважно според мене е, облеката да биде соодветна на пригодата, ситуацијата и местото каде што се носи. Секогаш во одредени формални ситуации и на одредени работни места треба да се почитува одреден дрес код, без разлика на возраста. Додека пак на одредени места, може да се дозволи и облека што не е до толку соодветна на возраста (како на пример во туристички места, каде што можеме да си дозволиме да бидеме поопуштени, поразголени и пошарени од вообичаено).
    Кога ќе видам помлада девојка која е пренашминкана, со светкава облека и истапирана фризура, не помислувам дека сака да изгледа возрасно, туку дека едноставно си негува кичест стил. :D
    Исто така, важно е облеката да биде соодветна со физичката градба. Без разлика што мини фустан би требало да е соодветен за девојка од 20 години, се разбира дека нема да делува соодветно доколку девојката има 80 килограми.
    Многу ми делува невкусно кога ќе видам девојка од 20 и нешто години со гол стомак или со многу кратки шорцеви... инаку, не можам да кажам дека сум забележала некои екстремности во однос на изборот на облеката и возраста.

    П.С. Мислам дека треба да се смени насловот. Вака некако "облека во согласност со возраста" или "облека соодветна со \ на возраста".
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Вакви кај нас, што се облекуваат несоодветно за своите години ги има за извоз. Жално стварно. Искрено, повеќе ми смета кога ќе видам девојчиња како на сликите што се дадени за пример, отколку бабите. Бабиве ми се смешка жива :D Баш се фенси, па што. Им отишла младоста и жалат по неа, сосема разбирливо. А и како викаат-како старееш така будалееш!
    Мислам жално за денешниве девојчиња што сакаат преку ноќ да пораснат и сметаат дека веќе им е време за 15см штикла. Стварно личат на тетки. А пак теткиве се умислуваат дека се девојчици па фураат некој стил што најмалку им доликува.

    Али ок, секој има право на свој избор. :!:

    Така да, нека си шетаат колку сакаат, а ние жени ко жени, ќе си имаме повеќе материјал за зборење уз кафенцето кога ќе помине некоја девојчица,теткица итн..
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Облека соогласна со возраста

    А на едно доделување на награди се појави Kим Катрал 55 годишна во иста облека со Maјли која има 20 години.
    [​IMG]
    Очигледно е дека Холивуд не ја дели облеката по возраст. Старите облекуваат миничи, младите од 14 години се во теткински комбинации. Иако во оваа слика погоре за мене Ким има дефинитивно погрешено и таа е жената со тинејџерска облека :)

    А ние пратиме холовудска сцена гледаме амерички филмови во комбинација со амерички батаци :D и нормално ќе станува реалност и практика облекување кое не е соодветно со возраста.
    Никој нема право да му забранува на некој нешто да носи, тука само дискутираме за и против, едноставно ви се допаѓа, сте се облекувале така, не итн. :)
    А сите сме правеле некои утки и сме облекле несоодветна облека, но една комбинација не е ништо во споредба со фурање комплетно на стил теткински кај младите или стил тинејџерски кај постари лица.

    Eве слики симнати од страни каде дискутираат дека овие подоле не се соодветно облечени за возраста.
    И најчесто несоодветното облекување доведува до кичест, а често и вулгарен изглед.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Maдона е ексентрична ок, ама не мора да си ги менува комбинациите средношколски со ќерка и на 55 години :D
    [​IMG]

    Гвинет не ли е малку постара за пинк фустанчиња?
    [​IMG]

    Или овие 10 годишни дечурлии
    [​IMG]

    Сури е дете у теткинска облека
    [​IMG]

    Селена Гомез е на критика често за облеката, има 18.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еле фанинг има 14 години :o
    [​IMG]
    [​IMG]

    Teјлор е превулгарна за свои 18 само што наполнети
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И за крај :D
    [​IMG]

    И доказ дека мозокот со годините не работи веќе
    [​IMG]

    A и кај мажите
    [​IMG]
     
    На crazylady и t.w.e.e.t.y им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    [​IMG]

    Ово е сцена од филмот Sex and the city 2, не се случило во реалност.

    Инаку првите слики од бабиве баш ми се симпатични, можеби затоа што ми се секојдневна глетка па не ми се чудни, ако остариле да не треба да се завијат во црно и да си кукаат дома над судбината :?:

    А за денешниве девојчиња баш ми е жал ако се облечат во минич и се стават на штикла се курвичиња(а секоја втора вика ако не се носи минич кога се млади кога ќе носаат), а ако се облечени попристојно тогаш се теткици, никако не ни се погодува :^)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Облека соогласна со возраста

    Старите не ми сметаат кога ги гледам лудо и младалачки облечени, баш ми се слатки. И јас ќе бидам таква еден ден сигурно. Па и минич нека е ако има убави и негувани нозе, нема да ми смета. Тоа што се постари не значи дека мора да носат само долги фустани до глужд и широки блузи во исклучиво црна боја.

    А тинејџерките не ми е јасно зашто упорно сакаат постаро да се носат кога има толку убави и модерни младалачки парчиња. Таа постара облека ќе ја носат буквално цел живот, не знам зашто им се брза. Ок е да сакаш некогаш да си направиш мерак за некоја кошула, фустан, штикли, ама има мерка. Тука и мајката треба да замеша малку прсти и да стави ред во плакарот на ќерката.
     
  17. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    Облека соогласна со возраста

    за првата слика мислам дека ниту една нема погрешено па и не се ни познава дека се 30 години разлика се е до тоа како ти стои и како изгледаш
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Облека соогласна со возраста

    Росоњерка немој вакви теми, навистина се болни.

    Јас се воздржувам од коментари, за да не бидам нападната.
    Или да полижам газ, го оправдувам ова..затоа што ако некој е 5 години понапреден од своите врсници, зошто да носи облека за 15 годишни, кога може да носи за 20?
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Облека соогласна со возраста

    E што е болна Ашлинг?
    Ако знаеш да дискутираш и критикуваш на културен начин ниедна дискусија нема да има сериозни последици и караници. Плус збориме општо, не конкретизираме во темава.
    Не е ова модни критики, ова е една општа тема.
    Каде каде има теми поподложни на критика него оваа.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Облека соогласна со возраста

    -Не ми се допаѓа кога гледам мали девојчиња облечени како теткици, со полжави во косата и шминка. (вчера видов две 5-годишни близначки со штикли :o ).
    Тука за виновни ги сметам родителите бидејќи тие финансираат и тие ја купуваат облеката. Зарем не ги гледаат своите деца пред да излезат надвор? :^)
    Иако на сите млади тоа им е време на експериментирање, менување стилови, гледаат кој што носи, гледаат многу тв, се пронаоѓаат себе си, сакаат побрзо да пораснат, нестрпливи се, и тоа е нормално, ама во граници! За се` мора да постојат граници! Ништо со претерување како постираните слики погоре. :tmi:

    -Во однос на постарите жени, очигледно сакаат да се подмладат, да изгледаат урбано и шик. И ги разбирам. Сепак тоа ги удира во психата. Речете и` на некоја тетка: леле, ослабена си, подмладена некако....Да видите колку ќе се израдува, ќе и` светнат очите. Тоа е некоја криза во тие средни години можеби....
    И спротивно од младите, кај стариве мене ми е убаво, интересно кога ќе ги видам во помодерни алишта (но со вкус облечени).
    Зошто ако некоја има секси тело, да не си облечи тесни фармерки? :) А, има жени кои изгледаат позгодно од многу 20годишни!
    И зошто ако некој е стар да се лиши од светла, џиџаста боја? Правило е да носи темно бои? не верувам...Сакам кога луѓето се носат со поведри бои... :)

    И како што пиша некој над мене, не се толку битни годините, туку карактерот на човекот, па според него ја одбира гардеробата. ;)