1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека соодветна за возраста

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 5 декември 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Тука мора да ги спомнам бабите мои (Бог да ги прости).

    Едната баба: Значи откога знам за неа, таа била средена спастрена, нокти средени, коса фарбана и наместена фризура, убаво облечена (во склад со годините), абе и дома си беше средена со косата, дотерана, права дама... Никогаш не изгледала непристојно, никогаш немала наметлив имиџ, а секогаш била елегантна и си држела до себе. Таа ми е репер за дама и жив доказ дека човек може да изгледа убаво и елегантно и на постари години, без да биде наметлив и да се праи дека е девојчица...

    Другата баба: Малку поинаков стил, но суштината беше иста. Абе не сакаше да излезе од дома без да ја среди косата, да се осигура дека чевлите и ташната и` одговараат. За разлика од првава баба, оваа немаше толку полни шифоњери облека, ама тоа што ќе го купела било најубаво, најквалитетно и ден-денес изгледаат како нови работите, а ко шо се враќа модата братучетка ми знае и да си “позајми“ некое парче.
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.516
    Пол:
    Женски

    Во Мавровка од страната кај што беше Вегера има еден многу добар бутик. Не е баш ефтин ама преубави модели има. Тетка ми за на братучед ми свадбата зема многу убав комплет борд мислам дека 6000 беше.

    Или видете Макпримат. Не знам што конкретко барате ама во Макпримат има преубави костуми.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^не само мавровка и женски пазар, туку и во стара чаршија, тој тука реон има бутици за таква облека колку ти душа сака.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Идеи за идните свекрви и баби
     

    Прикачени фајлови:

  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Очигледно младиве брзаат летаат со паметот да бидат нешто што не се, па истите кога ќе остарат сакаат даја надокнадат младоста кога сакале да се облекуваат како повозрасни :fubar:
     
  6. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста



    :o :tmi: :x :shake: :headbang: Не зафркавај зарем ? На моја возраст и веќе личат на тетки :o
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Облека соогласна со возраста

    ^ Баш сакав да ги спомнам Кендал и Кајли.

    Што се тиче другово, во целост се согласувам дека се е изместено. И имам пример, моја познаничка, има 12-13 години и излегува по клубови во тесни, кратки фустанчиња со 85634785566359569457 килограми шминка на себе. Исто толку нашминкана доаѓа и во школо. Маици, тесни, кратки и доооста отворени. :fubar: Ќе си помислиш дека има минимум 20 години ако ја видиш на улица.
    Ретко да најдеш девојче кое пристојно се облекува за на училиште, како и вон училиште. (да се пофалам дека сум во ретките :wasntme:). Но и постарите не ни се некој пример. Баби облечени како 20 годишни девојки, а некои и како стриптизети.

    Не сум никоја да им судам, но треба да се има граница.
     
  8. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    значи кога ќе видам средена жена во години е стварно очите и срцето ми се наполнети :lol:
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Облека соогласна со возраста

    Хахахаха има 14 години не се шалете со нас на мене ми изгледа над 20 години.
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Облека соогласна со возраста

    До сега не сум носела штикли, ама признавам понекогаш сакам да облечам сако, од оние кошулине што ги има во Котон, како свиленкасти, што знам што материјал се.. Ама не го правам тоа зашто сакам да изгледам и се чувствувам повозрасно, туку зашто едноставно ми се допаѓаат тие работи.
    Ама секогаш гледам да вметнувам и помладалачки парчиња, за да не изгледам пресериозно. Така што носам и маички со интересни принтови, фармерки во јаки бои, балетанчиња, сандали..

    За во школо никогаш не сум дошла непристојно облечена, со деколте, кратки маички.. Сум носела сако, да, ама не сум единствената, и не сум била како за на кафе, туку одоздола сум имала едноставна маичка, тексас фармерки и патичиња. Иако ми се допаѓа на пример кога ќе ја видам другарка ми за излегување во тесна сукња (не прекратка!) и со високи штикли, сепак сметам дека ни е прерано за такви комбинации на оваа возраст, и не за друго, зашто да си ги кршиме нозете и да не болат уште од сега на штикли кога има време и за тоа..
    Јас сакам штикли, нормално како и секое девојче, ама ако веќе си купам или ќе земам сандалки на плута или некоја пониска и подебела штикла, зашто јас ко што незнам да одам и на патики. :rofl:

    А за постарите, сум видела баби -рокерки :D ,со кожни миничи, кожна јакна, crop-top, абе вриштеше. И искрено, привлече многу погледи. Мене погрдо ми изгледа некоја баба, што кожата и опаднала, целулит, стрии опнала минич и се разголела, отколку 15-16 годишно девојче кое е убаво, младо и стегнато, сепак не ќе носиме кратки сукњички на 40-50 години, не е прикладно едноставно.

    Се со мерка'. :)
     
  11. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Облека соогласна со возраста

    Искрено тешко се воздржувам да не облечам повисочки штикли и сега и порано а не ми е во согласност со возраста. :$ Добро,сега завршив втора година,ќе бидам трета па може да се прифати штикла,нормална..Имам едни доста височки штикли чизми,тенка штикла ама се зае*ав што ги купив. :/ Неколку пати се облечени а и штиклата е стварно висока,сум претерала.Па ги продавам на мојагардероба :lol: Во врска со деколтињата не сум правела грешки пошто не сум многу надарена :lol: па не носам блузички со длабоко деколте..Сукњи немам навика да купувам затоа и не носам.Секогаш купувам фармерки затоа што можам да ги комбинирам за повеќе пригоди,и за во школо и за во град..А не дека не сакам.Имам едни на плута кремави многу се слатки и баш ми одговараат на возраста не се многу високи,ама па мене многу ми се поти стапалото и ми се лизга ногата напред
    јбг :/

    Најмногу од народов што ми бодат очи се жените,што знаат да се облечат најчесто пре младешки.Еве и јас имам една таква жена дома :lol: ,мајка ми.
    Она многу сака да се облекува детски! :!: Мене и на сестра ми тоа многу ни пречи и многу се караме околу ова.Она мисли дека нас ни е срам од неа или што знам што..Мене ми пречи тоа што има што друго да облече ама не она ќе се запне за нешто грдо грдо детско или од седумдес друга :puke: страшно. :x Од финансиски причини не си купува многу облека,еве последниот пат јас и сестра ми и купивме 2 блузи од певекс,од наши заработени пари од мојагардероба.Да ви кажам право страв ми е сама да ја пуштам да си купува,па ќе купи нешто како за осумгодишно девојче а не за неа.Не барам јас да биде во тренд,само прикладно на возраста.Фала богу со татко ми нема вакви проблеми..
     
  12. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    ^ па затоа сте тука сестра ти и ти и ќе и помагате
     
  13. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    Облека соогласна со возраста

    омг леле јас мислев дека сестрите на ким се 20-25 години :Ѕ
    и јас имам многу врснички кои на 13 години се облекуваат непристојно и тоа за на училиште а камоли па кога излегуваат во кафичи со штикли 14 :)
    али што да се прави тоа е, светот се преврте наопаку ..
     
  14. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    мене само не ми е јасно како така нагинџурени излегуваат од дома, нивните родители запознаени ли се со тоа кога и како нивните ќерки излегуваат
     
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Облека соогласна со возраста

    Јас сум помалечко тука, а сепак сакам да експериментирам со облеките, да правам различни комбинации, да прифатам совет и гледам сето тоа да биде соодветно за годините!
    Имам навика кога ќе направам некоја комбинација да ја прашам мајка ми или сестра ми дали комбинацијата ми одговара со годините...
    Не ми се брза да пораснам, има многу убави алишта за секаква возраст.
    И мразам кога ќе видам девојчиња од 13/14 години со 15-ка, теткински фустани, широки пантолони, кошули итн.
    Не гледам причина за таквото облекување, има време. Ама и родителите се криви за тоа, треба да имаатг поголемо влијание на нив. Сега да застанат мајка и дете од 16 год. и да ги споредиш, девојчето ќе испадне како поголема врз база на облекувањето.
    Денеска не секој се облекува соогласно со возраста, немора да значи некои да се прават поголеми со облеката, има и такви што се прават помлади. :D Иако тоа ме нервира, памет за следните генерации, ние ништо не можеме со кажување. Ако им се свиѓа нека се облекуваат така, јас си гледам за себе. :wasntme: :call: ;)
     
  16. cucii...ii

    cucii...ii Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    12
    Повеќе ме нервираат возрасни жени облечени како да се на 16 години. Имав професорка секогаш во тон со боите, тесно и припиено и важен ДЕТАЉ на неа мајца МИКИ МАУС. Ама немаше ден да не е во нешто такво.

    Е сега за децата од по 12 години или година две помали постари криви се родителите и нивната околина. Сестра ми е на таа возраст, носи моја гардероба (бидејки и во висина и килажа сме исти) ама тоа се фармерки, џемпер, тренерки, рабовка и сл. а не сукњи, фустани, кошули или па сако. Јас носам нејзина јакна ама таа е спорска едноставна одговара и за моја и за нејзина возраст. Не ми влегува во капут или па во штикли па ни чизмите над колена кои се без штикла ги нема облечено. Си знае што е за неа и што може а што не.
     
  17. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат 14 годишни кога ке се натепат во 15 цм штикли..ок и јас на 14 прв пат облеков штикли ама моиве повеке од 5 немаа..аа не па другарка ми прв пат штикли и по одма 15 цм.. :О вака ја гледав како одеше омг..ии да ке ја спомнев и јас сестрите Џенер што кога и ги покажав на мама и кога и кажав колку години имаат о.О вака гледаше.. но сепак секој со својот стил..само тоа ке го кажам.. :)
     
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Незнам што се дешава , али верувале или не, летото видов баба, со деколте,со џишка црвен кармин,ланче од бисери некое долго,фустанот односно и беше со деколте,ама тоа деколте луѓе, а доле, до под гз.Штикла една црвена, а фустанот жолт, ланчето бело,имаше ташничка црвена со жолто копче,и да,обетки огромни, црвени.Луѓе, како знаме беше.Лична Македонска Бабичка. :lol: Ме насмеа искрено,ама шала на страна, за нејзините години, така облечена ко 20 годишно девојче :x .И да, многу ме нервира кога ке видам некоја 14 години, а облекла штикла, шта да ти причам кад све знаш.И у миничи иде во Вулкан, финтава имам 14 години,носам минич,одам во Вулкан, и сеа сум јака.Немој молим ти се :|
    Или некоја 20 годишна ко теткица 50 годишна.Имаме една во школоно,8 одд, суќна онаква ко секретарка и кошула, некои си кондурчиња теткински, буквално секретарка.Тоа ќе да биде кога ке порасне.
     
  19. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    ретко кој денес се облекува прикладно за својата возраст .. почнувајки од 13 годишни па се до баби како што спомена LittleFairy погоре.. едни се обидуваат да изгледаат возрасни , а други обратно од тоа.. нема логика некако, а од друга страна и невкусно делува (се однесува повеќе на малолетничкиве што летаат во облаци) не за џабе рекле се во свое време ::)
     
  20. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Оф голем проблем си имаме во Македонија со несоодветно облекување јас мислам :^) Баби на 20 години, тетки на 15 страшно! :D добро не само во Македонија, така лупнав, изгледа секаде има такви тоа е што да им правиш.