I ja na tvojot ama ne go komentiram toa btw...najverojatno nema da ja sretnes, ne si gi procitala navodnicite pogore...
Што ми е на мене гајле кој како се облекол? Па уште и ќе судам дали биле облечени за годините. Па ај сите баби кога ќе станете , опинците, волнениот џемпер, марамата и кецелата, и со вреќата од компири на пазар! Глејте си ваша работа. Од една страна не ви било гајле кој што мислел за вас, се тоа малоѓраѓанштина било - од друга страна скокате ко Ана Винтур да сте. Не прашувате дали некој има пари , дали таков му е стилот или пак нема никакво чуство за естетика. Мене само ми смета кога некој кој може да си дозволи хигиена , ( а не некој сиромав во автобус ) е извалкан и смрди, или пак кога не се следи некој строг дрес код. А тоа дали млади идат забулени, или пак стари идат голи, не е моја работа. Ако мене не ми е убаво, не значи дека на другите им изгледа исто така. Сигурно и за мене некои си мислат дека се облекувам несоодветно, и се така во круг. Убаво се рекло дека облеката не го прави човекот, туку дека го краси, но личниот вкус е релативен. Кој како е среќен, така.
се слагам. ама подобро да дискутираме како сакаме да се облекуваме кога ќе бидеме постари,отколку во што сакаме да бидеме облечени кога ќе не погребаат.
Добра долга нога се истакнува секогаш, без разлика на годините. Може и во подолга сукња,може и во пократка се додека не е вулгарно.
Kako sto se cuvstvuva covek taka I ke se oblekuva bez razlika na godinite , ama nie lugeto sme ograniceni vo poveke raboti pa I so oblekata e taka , nekoj rekol deka taa obleka e seriozna I taka se prifatilo toa
Јас за други не судам, кој како сака така нека се носи. Јас за себе ќе си кажам. Годините имаат многу влијание врз облеката и врз стилот. На пример, јас на 15, 18 и 22 не се облекувам исто. Кога тргнав на факултет го сменив стилот на облекување. Многу парчиња облека отстранив од мојот плакар и почнав да купувам нови. Најмногу модните додатоци ги сменив. И да, се восхитувам на елегантни жени со стил.
Жена која има стил ќе го има и кога ќе "остари", ама нормално е да се прилагодува на годините. Не може облеката која си ја носела на 20-30 години, да ја носиш и на 50. Мене повеќе ме плашат жени кои откако ќе се омажат и родат деца целосно се запоставуваат и не внимаваат на себе. А за облеката, на кој како му е убаво така нека се носи, иако сметам дека и облеката треба да е во склад со годините.
Нормално дека треба облеката да е во склад со годините. Има многу возрасни жени кои се осеќаат младолико и тоа е супер, ама нејкам да ги гледам во тенки маички без прслук
Јас у тенки маички без прслук нејќам ни младите да ги гледам. голи брадавици, на што личи? зборуваме за пристојно, но вкусно облекување, со стил и без ограничување во поглед на бои, тесно-широко или кратко-долго.
Никогаш нема да заборавам една возрасна жена над 55 години летоска во бутик. Кратко фустанче, без прслук и на женава упорно и паѓаа прерамките и нема абер да се прибере. Полугола стои до мене и око не и трепнува а јас сум таа на која и е незгодно
За тоа се слагам скроз. Невкусно облекување никогаш не ми се свиѓало. Меѓутоа, од друга страна, не се сложувам дека ако жената на 55 или 60 години е уште витка - дека не треба да носи искинати фармерки. Ако и одговараат на стилот, зашо да не? А минич до п** и без прслук, некако ми е too much за било која возраст
Нема ништо полошо од тинејџерка облечена како тетка и тетка облечена како тинејџерка. Апсолутно за секоја возраст постои толку убава облека, што нема потреба да форсираш нешто што само ќе ти направи штета, а не корист. И не се работи овде за "затворен" или "отворен" ум, не се работи за тоа "што ќе речат другите". Ако некој се облекува нескладно за своите години, таа облека и да е најубавата на светот, на личноста нема да изгледа убаво, туку напротив- многу вештачки, дури и смешно.Секоја возраст си има свои предности и убавини, која што ние не треба да ја "силуваме", туку да го извадиме најдоброто од неа. П.С. Ова ми изгледа исто со она- "сексипилот е само го голотијата".
Мене не ми е јасно кој тоа одредува која облека е „складна“ за годините? Јас, ти? Не. Не постои такво нешто. Според мене секој треба да се облекува онака како што се осеќа. Ако некоја 60 годишна жена се осеќа дека треба да носи „младешка“ облека, и ако и стои добро-зашо да не ја носи?
Да, убаво си пишала СПОРЕД ТЕБЕ, а според МЕНЕ не е така. Ти си ја отворила темава за да добиеш некакво одобрување дека и некој од 60 треба да се облекува како 20 годишен и секое поразлично мислење од тоа го цитираш и скокаш. Тоа го забележав уште од првите постови и искрено очекував да ме цитираш.
Па да. Нормално, исто како што правиш ти, така? бај д веј, го цитирам и лајкувам секое слично мислење со моето, што е сосема нормално. Баш како што велиш и самата - СПОРЕД ТЕБЕ и СПОРЕД МЕНЕ е вака, но нема стандарди - така што се останува на личен вкус. Дека сакам да добијам одобрување, не, грешиш. Не ми треба, затоа што за среќа го имам оформено мојот вкус и стил.
А што ме засега мене за тоа како се облекол некој? Ако некои судат по тоа кој како е облечен,јас мислам дека не сум никоја да судам. Дека треба да си облечен во согласност со годините,точно,но ние не сме тие кои треба да проповедаме како некој треба да се облекува. Па видете ја Кристи Бринкли,62 години има а е преубава.
Според мене, на жена од 50 години не и доликуваат искинати фармерки. Класиката повеќе и лежи, може и нешто лежерно. Се разбира нашминкана спрема возраста. Не би можела да ја замислам во минич и деколте. Денешните мажи тотално изгубија смисол за мода. Како треба да изгледа едно машко е многу ретко да сретнеш низ град, сега повозрасните хеланка тесна, шешири на глава. А машко од 15 години ко џентлемен. Тотална утка. Ни тинејџерките не се нешто подобри. Ужас е да гледаш такви ситуации.
Облеката според годините ,нормално ама и во склад со килограмите аххахах,кога си имав 60кг се стегнував и во фармерки и во миничи сега со 80кг и плус трудна си се облекувам во склад со салото и стомакот