Леле навистина темата со погребот морничава,сите знаеме дека еден ден ке умриме ама па и на место каде сакам да си го пуштам умот лер да читам за погреб не ми оди некако
Олкава контрадикторност и нелогичност одамна немам видено. Толку многу ми го испреврти и изврза разговорот што искрено не знам од кај да почнам, ама ај ќе се обидам. 1. Нели во првиот пост, кога ја отвораш темата, прашуваш за тоа како треба да се облекуваат повозрасните, дали поскромно или пократко бла, бла... Значи ПРАШУВАШ. Јас како и други членки ти одговараме. Некои со исто мислење како твоето, некои со различно. Нели целта на една тема, како и на целокупниот форум е да се согледаат РАЗЛИЧНИ мислења. Што би било ако сите би одговарале едно исто? Арно ама ти не прифаќаш поразлично мислење од твоето и веднаш реплицираш (како тебе некој да те навредил што си го кажал своето мислење). Ако јас почнам да реплицирам на секој одговор што не ми се допаѓа, ако тоа го прават и сите други членки, па каде би му бил почетокот, а каде крајот на форумов?! Јас колку што знам кога некој нешто прашува сака да слушне различни мислења, а со кои од нив ќе се согласи е негово право. 2. Викаш "го цитирам и лајкувам секое слично мислење со моето". Не, работата е што ти го цитираш секое РАЗЛИЧНО мислење од твоето. 3. Трета работа, многу интересна, си пишала: "СПОРЕД ТЕБЕ и СПОРЕД МЕНЕ е вака, но нема стандарди - така што се останува на личен вкус". Баш затоа што се е личен вкус, зошто тогаш скокаш кога некој ќе напише поразличен став од твојот?
Ако малку подобро размислиш. и мојата и твојата тема се слични..години и облакање..ама треба мозок да се вклучи и да се сфати сличноста
Не, баба радо. Воопшто не се слични. Едната е облекување во живот, другата е облекување по смрт. За мозокот, не знам... ти си знаеш
Па и овде се работи за мерак, за стил..или тебе ти е гајле ако те облечат ко гејша или ти опнат каубојка чизма..не сфАЌаШ
Se imam izjasneto za ova vo edna druga tema ama ajde i ovde. Sekoja obleka ne e za site generacii. Edna devojka,tetka i baba ne treba da se isto obleceni. Ne stoe i ne e vkusno. Isto kako sto na visok,nizok,slab i debel covek ne stoe ista obleka. Edna "baba" od 60+ god kolku saka neka e vitka i neguvana ama ne ja lici da nose iskinati farmerki.
Како може да те интересира за други вкусови, кој каков имал, а за себе ќе дозволиш во било што да те натакнат(мислев на облека)...која контрадикторност човече
Кога ќе бидам мртва мислиш?? Не ми е важно, знаеш зашто? Затоа што никој не те памти по тоа каков си бил како мртовец, туку каков си бил додека си бил жив.
А во што е штосот? Изгледа не го разбирам? Демек тебе ќе ти биде важно во што ќе бидеш облечена кога ќе бидеш мртва? Не е за другите ова - да им изгледаш „убаво“, ако тоа воопшто е можно?
Секој има право да се облекува како што на нему му е удобно и лагодно, како што тој истиот си се гледа убав и привечен, како што тој самиот смета дека е правилно и убаво за окото свое. Никој не е ист и секој по некои склоп на околности низ животот дам си го креира својот живот и воедно стил на облекување. А за вкусови и желби не се дискутира и не смее, бидејки на никого ништо не би му се променило во животот ако одредена персона го загрозува со својот стил. Бидејки сум пречекорила во најразличен свет и најразлични држави каде секој си е за себе и според себе јас го делам овој став, за околината и нивните традиции за носење на гардеробата. По некоја животна шема си има компетентен стил секоја година и декада од нашите животи и тоа е во ред и секако многу пријатно за око, но и оние луѓе што се издвојуваат и сметаат дека тоа не е во ред сепак е нормално и во ред да им не се допаѓа и да сакаат да се облекуваат како што ним и годи-и тоа е во ред. Секој со свој стандарт, стил, желба, вкус, критериум и традиција. Светот е убав таков каков што е, со сите негови шуплини, нереалности и реалности и пред се различности.
Не дека ме засега кој како се облекува, ниту можам да му наметнам некому што да носи, ама неумеење со облеката и тоа како зборува за нивото на личноста. Мене уште не ми излегува слика од пред година и нешто, непозната стара жена, во цветен фустан над колена со голи раце и рамена, нозете жолти и венозни, деколтето (или она што останало од него) - набрано, дречлива шминка... Ме извади од памет... тоа се луѓе кои истакнувајќи ги недостатоците и белезите што времето ги оставило врз нив, прават да се ужаснуваш од староста. Кој како сака и се чувствува? Не се согласувам со водењето според тој критериум. Она што им се допаѓа, пред се треба да им стои.
порано кратки фустанчиња мислев дека мора да се носат за вечерно излегување сега поедноставно елеганто пантолони со штикла
Многу се радувам што почнаа почесто да постојат луѓе застапени по социјални мрежи кои не потпаѓаат под притисок и не излегуваат од калапите на ограничените луѓе. Си следам блогови кои рушат стереотипи во секој поглед. Некое мислење погоре има повозрасна жена со одличен стрит стајлинг. Та ако се повозрасни, не значи дека веднаш мора да исечат коса, облечат елек и толку. Еднаш бев на едно место каде имаше куп пензионери. Сите дотерани! Македонија е жалосна во овој поглед. Ај што луѓе немаат желба, немаат за каде и заради депресија не ни можат, ама многу од нив се срамат. Зошто? Ако е срам во прашање, а не останатите наведени работи, зошто? Сите сакаме да видеме убаво облечени луѓе. Сакам да гледам луѓе како си ги носат работите од плакар без да се срамат од тоа што би кажале другите.
Не ми се допаѓа ограничување по возраста. Кој што кога сака нека си носи. Мене па тој тренд на жени над 40 50 да се носат по тој теткински стил не ми се допаѓа. Нема да дозволам годините да ме прегазат.