На фб ми излезе пост каде пишува дека жени на 40+ години не требало да носат скинати фармерки. Прочитав и многу коментари околу тоа, некој беа за некој против со изговор дека " не личи за 40+". Мое мислење е дека секој треба да се облекува како сака и како му е удобно безразлика на возраста. Сепак мене лично ми се допаѓа овој стил и за помлади и за повозрасни. Што мислите вие?
Овој стил од сликиве мене ми делува како за повозрасни. Мислам дека се она што добро стои на телото може да се носи без разлика на годините.
Мене посекако не ми се допаѓаат искинати фармерки, па и на 30+ и на 40+ не ми личат нешто посебно. Ако сака некој нека си носи
Мене да ме прашаш, ќе ставам забрана да се носат скинати фармерки. Од младо до старо. Најглупата мода некогаш измислена.
Искинати фармерки може да стојат кул, ако ги искомбинираш убаво. Ама луѓето почнаа да ги третираат ко обични фармерки и станаа ту мач за гледање. Иначе, не мислам дека треба да има ограничување за истите по возраст.