1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облекување во тон со партнерот

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Snow-Queen, 29 јануари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Колку внимавате, т.е. дали воопшто сакате и практикувате да се облакате во тон со вашиот партнер.
    Јас скоро секогаш гледам да бидам во тон со него, или барем приближно.Се разбира се слушаме, и одат муабети: што ќе носиш, ја ова да облечам, ај не ти облечи ова за јас да можам тоа .... некогаш он се ускладува кон мене, некогаш јас кон него....компромис врска гради
    Многу ми е убаво така кога ќе видам пар во тон.Поготово на свечености (свадби...)
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Облакање во тон со партнерот

    Јас па воопшто несакам во тон. Too much ми е. Еднаш случајно се погодивме во тон и се туфкав цела вечер, многу ми беше глупаво.
    Со тоа облекување во тон мене ми се губи самата личност и нејзиното ЈАС.
    НЕ од мене.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се договараме кој што ќе носи, па да се ускладуваме со бои и стилови.
    Само еднаш бевме во склад и тоа за матурата, затоа што ептен немаше да не личи. Ќе бевме распар.
    За мене е тотално небитно дали според облеката ќе си одговараме.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Близначиња облечени исто ми е глупаво,а па не дечко и девојка.
    Кој како сака,ама мене ова ми е врв на сите лигавки во една врска,а од друга страна страшна површност. Кој израз на љубов и припаѓање е тоа?! Што значи тоа?! Што сакаме да прикажеме на светот?!
    Не разбирам и не сум применувала никогаш до сега,а ни понатаму.
    Се случувало интуитивно да се затечеме во исти бои облечени,па дури и имавме поло маички случајно купени иста боја,па и двајцата низ парк ко ретардирани,маички,фармерки и патики... |( :puke:
     
    На Nausicaa, Trendafilka, Gea и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Не сме холивудски звезди за да се преокупирам до таа мера, дали ќе си одоговраме до таа мера да сме во тон облечени, или да се договораме што да носиме или што не.
    Мене тоа ми е непотребно и претеризам.
    Единствено што сакам и ценам кај машко кое знае да се носи прикладно во секоја ситуација, и знае која облека е за дикотека, која за шетање, која за спортски натпревар.
    Не ми се допаѓа воопшто кога ќе видам дечко во дикотека со тренерка или со беруми како за на плажа |(
    А тоа ако јас носам на пример плаво, а он реши да се облече зелено, сигурно нема да го терам да се пресоблекува зашто нема да си одговараме во тон :^)
    Ми се допаѓа само тоа што мојот партнер е добро искоординиран, знае како за која пригода да се облече, и не претерува како многи машки кои за секој роденден или кафана се облакаат свадбарски :!:
    Сакам таков тип на координирање, кога се складно облечени за приликата каде се оди, а дали тоновите ни одговарале или не, тотално ми е сеедно, и небитно и не трошам време да се договорам по телефон дали можам или не да облечам нешто само со цел да бидеме тонски облечени
     
    На AnaKarenina и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Во тон да координираме бои секојдневно не, меѓутоа јас во фустан а тој во тренерки - fashion no no :)

    Од друга страна за поважни евенти се координираме. Пример, последниот пат на забава носев црн фустан со црвен кармин и црвени нокти, тој носеше темно сиво одело, бела кошула со црни линии и црвена кравата.
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Никогаш не сум практикувала.
    Иако, боите на облеката што ги носиме (и воопшто имаме) се обично складни, па испаѓа дека сме се договарале.

    Сепак би спомнала дека не ми изгледа убаво кога пак дечкото и девојката имаат скрос спротивен стил на облекување. Едниот го прави на другиот да е аут.
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И јас сум за НЕ...стварно премногу глупо изгледа,ко близнаци да шетаат.
    Како што спомна Ана,така за матура може да се договорат,ама за секое испаѓање не...еве ако на девојката омилена боја и е портокалова и машково ли во портокалово ќе се облекува или па розово или црвено :^)
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ако под тон се подразбира се комплет вклучувајќи боја- не се облекувам во тон со дечко ми, а често се договараме на пример за гости, родендени, за веридби и други прилики како планираме да се облечеме, да не отидам јас во свечено фустанче а тој да дојде во фармерки и некој џемпер или обратно. Значи да бидеме во склад со настанот и со нашето расположение.
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.781
    Јас сега прв пат на свадба бев во тон облечена со него.
    До душа се погоди, а не е ни чудно - бев со него кога ги бираше краватата и кошулата, па несвесно извршив влијание да бидат моја боја :D А јас секако нели имав детали во истоимената боја. Да се знае дека е мој, да не го погледне некој :D
    Ама фино изгледавме.

    Мајка ми и татко ми главно се облекуваа во тон за по свечености. Не дека биле скроз иста боја секогаш, ама внимава на тоа да бидат складни бои. Секако таа пегла алишта, и бира што ќе носат, па секогаш си прави комбинации.

    Овој мојов сам се пегла, и сам си одлучува што ќе носи (голем е :D ), и никогаш не се договараме, се спремаме независно еден од друг. Често изборот се сведува и на тоа што е во моментот пеглано :D. Е да, ако веќе направиме муабет кој што ќе носи, тоа се однесува на стилот, зошто ни се случува едниот да се дотера повеќе од другиот за одење на исто место, во зависност од расположение. Во случај јас да сум подотерана, тој најчесто се пресоблекува. Јас ако сум помалку дотерана, обично тоа е ради удобност, а кога ми треба удобност ич не ми е гајле дали си одговараме ни по бои, ни стил, ни ништо.
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Eј денес јас носам жуто. И ти ќе носиш жуто?
    И двајцата ќе сме муто! :rock:

    Додуше се погаѓаме некогаш, зашто мојов знае една боја дека постои во светов, сина (евентуално бела и црна знае да му промакне во плакар). Па штом носам јас сино автоматски сме шема пар :D

    Договор може да има ќе носиме кежуал или посвечено.
    Во однос на бои јок, мене ми е тоа ужасно глупо договарање, ама ужасно.
    Не ми се интересни таквите парови.
    Јас сама си одлучувам за моите комбинации, он сам.
    Ај јас носам на свадба портокалово-корално и него да го терам да носи. Од самата помисла на него во дреч портокалово пукам од смеење :rofl:
     
    На Trendafilka и maca99 им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    102.692
    Пол:
    Женски
    Не сум била никогаш облечена во тон со мојот партенр, ниту сакам - ке се чувствувам глупаво |(
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кога се спремаме за на свадби или сл. свечености, секој си се облекува посебно без никаков договор...
    Но на крај пред излегување јас обавезно имам некои ситни примедби -А друга вратоврска? Мора ли ова палто? Кај го најде овој каиш? Барем малку да си одговараме...
    Некогаш ќе ме послуша, а некогаш не идам у предвид... :doh:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Под тон мислам на стил, нијанси, детали... а не сега од глава до петици исто(не мислев до толку и во тој контекрт) :lol:
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.989
    Допаѓања:
    233.327
    Јас и дечко ми не можеме да се облекуваме исто бидејќи он си има друг стил, јас друг.
    Но кога се работи за свечености се договарме, да не биде едниот кежуал, другиот посвечен.
    Сепак кога оди тој на шопинг, најчесто оди со мене и сестра му, па така некогаш ќе се погоди да сме во ист стил облечени.
    Бои не, од причина што јас мешам бои, тој не.
    Секој си има свој стил на облекување, и тоа треба да се почитува, друго е да бараш од дечко ти да се облекува како тебе, друго е да му дадеш совет.

    Смешно ми е кога ќе видам дечко и девојка и двајцата облечени во црвено, плаво, розаво и сл.
    Но убаво изгледа кога девојката носи црн фустан од типот на литл блек дрес, а момчево во црно одело, бела кошула и црна машна, или вртоврска, сеедно.
    Се разбира, кога се работи за свечен настан.
     
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Некогаш ни се погодува да сме облечени во иста боја, но никогаш не сум се договарала што или како да носам\носи, малку глупаво ми е :)
     
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Ни се има еднаш случено,и тоа неиспланирано :lol: Имавме иста боја на панталони,и иста боја маичка :rofl: Алии бевме главна атракција :$ Инаку никогаш не сме се договарале јас ќе облечам црвено,облечи и ти,онака неиспланирано испаднаа :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ние не сме се слушале за да го прашам и за да ме праша што планирам да носам а не пак да се договараме да бидеме слично/исто облечени. Имаме сличен вкус и неколку пати случајно сме биле слично облечени.
    Договарање такво не ми се свиѓа. Се сложувам со Лилит и Роси дека не е интересно. :)
     
  19. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    Не се договараме вакви работи ама многу пати се случило на слики кога ќе гледам да не ми се верува дека сме биле скроз исто облечени. После се чудам кога мисли некој дека сме близнаци :rofl:
    Имаме една слика, си мислиш едно тело со две глави. Сме облекле иста боја тексат фармерки онакви "искинати", љиљакови џемпери без никаква шара, апликација и сл., црни шалчиња исто без никаква шара, и црни скај јакни. Значи немаше едно нешто што ни беше различно. Не ми се верува сеуште, дека не сме приметиле дека сме исти.
    Друга ситуација, се шетаме низ Крушево и гледаме еден пар со исти блузи, и му викам на дечко ми абе слатки се ама глупаво е некако... и не помина некое време, го погледнувам него, се погледнувам јас |( темни фармерки, темно сиви маички (единствено апликацијата ни беше различна). Добро што носев џемперче па си го облеков. А јас па се чудам што не загледуваат луѓето 8)
    Вакво нешто ни се има случено милион пати, ама не сме приметиле ниту еднаш на време (а заедно живееме) па да се преоблечеме. Глупо е стварно, ама ете исти стилови имаме, исти бои у плакар и тоа е, не е намерно секако :P
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Па да го прашав бившиот што ќе носи за да се ускладиме на психијатрија сигурно ќе ме испратеше, а не па да ми одговори и да се консултира :D
    Мене ова ми е крајно глупаво, освен ете да речеме за некој посвечен настан, мада ни тогаш не верувам дека би се сетила на нешто вакво.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.