1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облекување во тон со партнерот

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Snow-Queen, 29 јануари 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Можно е да се случи да се договориме за стилот, дали ќе бидеме поформални, спортски, секојдневни и сл. , а за бои, тонови никогаш.
    Секој си има изградено свој стил на облекување, знаеме што сакаме и како се облекуваме веќе неколку години, таман работа сега допрва да земеме да си ги ускладуваме боите.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Порано кога ја даваа серијата Руби, многу интересно ми беше кога ке ги видев неа и Хектор ( жолтото кукајдрвче) во исти бои. :lol:
    Пример, она носеше светло розов фустан, а он иста нијанса кошула, и тогаш со тие години и памет, многу ми се допаѓаше сето тоа.
    А сега ми е смешно, иако често можеш да сретнеш такви парови, посебно за Нова Година :D .

    Јас имам мој спектар од бои кои ми се доминантни и најчести во облекувањето, нормално зависно од пригодата и ситуацијата. Исто и тој, иако слични ни се боите кои преовладуваат во плакарите, па затоа може да се погодиме во иста боја, но тие бои не ги сметам за намерно одбрани, бидејки тоа е најчесто црната( за разлика од Руби и Хектор и нивните светло розе, јака вишња, небесно сина и итн) и не е нешто убадлива.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ако сакам можам да го сведам неговото облекување со моето. Но тоа најчесто се случува негово црно одело а јас црн фустан, но никогаш не сум обрнувала внимание туки било баш случајно. Многу ми е смешно кога ќе видам маж и жена на свадба каков фустан има жената, таква му е кравата на мажот од истиот материјал ( дури сум видела и сатен) :D .

    А Ариел кажи ми како да го натерам маж ми да си ги пегла?
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Не, не се договараме во стилот "ти облечија белата маица и фармерки и јас таа белата знаеш по кратки шо ми е и .... ) :D ама кога ке одиме на пример во маалскиве кафичи знам да го прашам ако оди он во тренерки да си облечам и јас хеланки пример.. :rofl:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Живееме заедно и се случило неколку пати да се погодиме во исти бои, ама без никакви договори, јас носам тоа што сакам тој исто. Имаме слични по боја доста парчиња, во основните бои (пошто и Петко како дечко и на Роси само неколку бои разликува, т.е. овој мојов само овие ги знае: црна, бела, сива и евентуално крем и кафено).
    И со оглед на фактот што никогаш нема да облече розево и виолетово како да очекувам дека ќе бидеме облечени во тон?
    Ете зимно време почесто сме облечени во тон, јас по шарено а тој по смирено.
    За летно време да не правиме муабет, кога ќе се опнам во нешто шарено со максимум бои кои влегуваат во комбинација, не може да ме гледа, а не па и тој така да се облече.

    Во свечени ситуации не би инсистирала да бидеме облечени складно, можеби на пример тој да носи машна (ако носи одело) во бојата од мојот фустан, ма да не верувам дека би ставил циклама или тиркизна машна.
    Но и машнава ако спонтано влета во комбинација, ако не ќе си носи секој што си сака. Се друго ми е ту мач, нејќум кошула, во никој случај цело одело. Е сега нели ако јас имам црн елегантен фустан, а тој носи црн смокинг, е друго, интересна слика, ама па смокинг и толку елеганција само во некоја ептен посебна прилика.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    ја не се секавам некогаш у мојов живот да сум се договарала со дечко шо да облечам да се ускладам со него итн,мислам смешно ми е некако,незнам,сеа ако некој си практикува така ок,нивна работа...со другарки да сме се договарале,ама со дечко никогаш..нормално се подразбира шо се носи на излегување,шо преку ден на кафе, на гости..може да го прашам кај идеме,да се дотерам или не,ама да го прашам шо он ке носи за да бидеме у тон или ускладуваме стил итн,досега не ми се десило,за у иднина од кај да знам мош ке ми се деси ;)
    а што се однесува до ускладување за некоја свеченост,свадба и сл ок е да се усклади некој детал,вратоврска итн ама ако е претерано ми делува кич,како близначиња некои да се момчето и невестата ;)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    не сме се договарале никогаш,не сметам дека тоа е нешто битно во една врска...
    понекогаш ни се случува без да знаеме што ќе облечеме,да се погоди слично да сме се облекле :lol: тогаш само слатко ќе си се насмееме дека исто сме мислеле :D
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Не сме се договарале , а и ретко се погодуваме,може да се случи двајцата да сме во црно од глава до пети ,и стартки само неговите се кафени а моите црни
     
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    За стилот, секогаш кога ќе се слушнеме на телефон се договараме кај ќе одиме, па така сами си знаеме како да се облечеме. Дали по спортски, елегантно и сл. А и за боите се договараме понекогаш :$ Гледам дека на повеќето не им се допаѓа, ама мене баш ми е убаво кога ќе видам пар слично облечен(не исто како да се близнаци, туку слично, складно). Дури поубаво ми е друг кога ќе видам така, одколку ние кога ќе се облечеме. Е сега во зима не се договараме, бидејќи како прво и основно мене ме мрзи да дишам во зима, а да не зборувам за дотерување, договарање и сл. :rofl: А и за во лето имаме поголем избор на гардероба.
    Посебно ми се допаѓа кога за свечености жената ќе облече пример црвен фустан, а мажот црно одело, бела кошула и црвена кравата. Или пак ако фустанот е син или розев, тој да носи сина/розова кравата...
    Исто така ми се допаѓа кога јас долу носам бело, а горе црна маичка. А дечко ми црни панталони и горе нешто бело. Ми се допаѓа и кога тој е цел во бело, а јас цела во црно(партизан комбинација, шта ќеш :D ).
    Сепак, секој со својот вкус... :)
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Во главно не се облекуваме во тон и кога случајно паѓаме на муабет кој што ќе облече, гледаме да избегнуваме такви комбинации. Се случи еднаш за прошетка да се облечеме исто, маскирни фармерки со црна маица и изгледавме како униформирани (башка што маскирното само по себе е униформа) и не можам да замислам како им изгледавме на луѓето кои не пресретнале :D

    Имало и други ситуации, се разбира ненамерни како на пример фармерки и блуза или маица во иста боја, но таквите повеќе ми се интересни отколку што ми пречат. Еве пред некое време купивме иста маица (машка со принт од британско знаме, фала богу во план ми е мојата да ја теснам) ама за таа се договоривме да се консултираме пред да некој да ја облече.
     
  11. I.Radman

    I.Radman Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    29
    Мислам дека сепак не се облекуваме со дечко ми во тон....
    Едвај чекам да излезам да се прошетам после работните обврски па уште и да се договараме каква боја шалче и капче да си ставиме....

    Не сум за исто ми се допаѓа разноликоста,не сакам воопшто да исто да се носиме,јас ако носам розово мора ли и тој,или и двајцата во тренерки божем ќе џогираме а сме испаднале на поплдневна прошетка.

    Нормално е кај нас јас да се ослободам малку од облеката и да облечам нешто по комотно и лежерно за прошетка,може да ме видете и во тренрчиња,во хеланчињ спортско палтенце и едноставна туника додека дечко ми бидејќи е малку по стар и по озбилен постојано ме е облечен по стегнато,впрочем тој е не си дозволува многу прошетки за да го видам по опуштено облечен освен по дома се разбира....

    Така да не ја подржувам идеата за облекување во тон со партнерот :^)
     
  12. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    А зошто да не...сега да не биде ептен апла ама некое деталче може... Јас со мојот не се договарам а колку пати исти бои ке имаме или на пр. тренерки двајцата облечено... Ништо страшно, и ништо негативно(бар од моја гледна точка) :)
     
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Уште тоа намерно да го правиме и би не помислиле брат и сестра :lol:
    Многу си личиме :tmi: Тие што не не знаат или што прв пат не запознаваат не мислат брат и сестра :lol:
    Но има моменти кога ненамерно се облекуваме во тон,но се случува бидејќи и на двајцата црна и сива боја ни се омилени :)
     
  14. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Не сум од оние двојки што се договараат што да облечат |( Ама многууууу ми е мило кога ќе се погодиме со дечкото облечени во иста боја... Што знам некако си мислам колку само си одговараме и сме еден за друг. :lol:
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Аман, уште ова фали. Кај се лигават на сите страни, па и уште исто облечени. Да не знаеш дали да се самоубиеш или нив да ги убиеш.
    Не, дефинитивно не се облекувам во тон со партнерот, дури и помило би ми било да бидеме ептен различни отколку во тон. Која е поентава да бидеш во тон со партнерот? Ќе докажеш дека е твој или ќе докажеш колку се сакате? Живи глупости.
    Си има он здрав разум кога треба да се облекува посвечено, кога спортски, а и јас исто, нема потреба од договарање а уште помалку пак за бои.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    најмногу што можи да ми смета е како еден пар се лигави пред јавност,како леле демек ние најмногу се сакаме :P а па фали уште и да ми се појават во тон облечени,луге аманн знаеме колку "се сакате",она што треба да му го покажеш се разбира не е на јавно место пред сите :^) така ?
     
  17. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Со партнерот сакам да сме облечени во тон кога одиме на некои настани-на свадби,веридби и сл.
     
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На antonelala му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Облекување во тон ако се мисли двајцата да сме облечени во иста боја, воопшто не ми се допаѓа, макар што неколку пати се случило да излеземе со маички во иста боја (и тоа чудо нешто, до нијанса исти да се погодат :D ), па сме се смееле во врска со тоа. Дури и рековме ќе се договараме пред да излеземе да НЕ се облечеме исто :)
    А ако се мисли во однос на стилот, тогаш да, се консултираме понекогаш зошто секако би ми било непријатно ако тој се дотера а јас да се облечам пообично, или обратно.
    Досега не сме биле на некој поформален и посвечен настан, но мене ми се допаѓа тоа усогласување на некои детаљи, пример краватата со бојата на фустанот, и така нешто слично.

    Само без претерување, не би сакала да изгледаме како близначиња, па мама не облекла исто :)
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.697
    [​IMG]


    И Дејвид и Викторија Бекам се облекле. :D