и на мене и на мојот дечко истите бои ни се свиѓаат, значи од облакање во исти/слични бои нема бегање. ама дека ќе гледам намерно ако јас ставам зелено капче и тој да има, тоа никако.
Некако глупо ми звучи идеата да се облекуваме тонирано со партнерот.. не личи баш баш сјајно..јас порано така се облекував исклучиво со сестрами сaмо коа идевме заедно на школо..ама сеа исто да се облечам со него..некако не ми звучи баш. само на свечени пригоди знаеме да се облечеме..и тоа строго тонирано во црнo..
Не ми се допаѓа облекувањето во тон,некако ми е глупаво штознам.. Не се договараме за такви работи,ама многу пати ни се случило да сме во исти бои..
па за некои ептен свечени дешавања .. или да запазиме некоаш двајцата по тренерки или така нешто.. ретко кога го правиме тоа ..
Огромно не! Леле кога ми кажуваше една блиска пријателка, како за некаква си свадба момичево се потресло оти имало долг црвен фустан, и инсистирало дечково нејзин да носи црвена лептир машна и црвен појас. Ама женава беше ко забезекната, смртно сериозна, демек се дискутирало, ќе дошло и до раскид ако треба, само да е по нејзина желба. После долго се размислував, абе луѓево дали се при здрав памет, мене ми фали нешто, или ним или што??? Која ми е таа сатисфакција - видете, во тон сме облечени? Па да го терам со сила... леле, јака им душа на тие машки ... сакам да ги гушнам, од жал. Не сме се погодиле во тон, ниту пак ќе се погодиме во иднина. Ако црното се смета за облекување во тон, ок е, се случува некогаш. А тие што се облекуваат во тон со партнерот по секоја цена, на која претходат и дебати, закани и уцени - СО навреда, по едно лигавче на двајцата и цуцла!
Ау недајбоже. Ко нетокму да сме Се случило по чиста случајност да облечеме слична боја - нијанса, ама во тон целосно? Нема шанси. Па не ми е брат близнак бре.
НЕ, никако, не доаѓа предвид! Дечко ми е, а не брат близнак. Се случило да имаме иста боја маичка, ама без никакво договарање. Дури и тогаш ми изгледа смешно и глупаво, ама шта чеш. Особено не ми се допаѓа тоа дотерување во тон на партнерите за формални пригоди, церемонии. Дури и младоженци облечени во тон ме нервираат. Невестата со бидермаер од црвени рози, а зетот со црвено марамче на реверот или црвена кравата. Немој молим те. Тие што се облекуваат по овој тертип иста боја на гаќи или чорапи носат?
Побитно е кога сме соблечени да бидеме у тон.Лично преферирам белкињи,ама во последно време добивам напади за црнкињи,нормално не ќумур.Ова е битна ствар која треба да се земе у предвид затоа што има црно на бело,бело на жуто,црно на жуто,уште требење ориз и пеење индијански химни фалат у миксот.Друг моменат е долниот веш.На пр.дали да се оди на пакт-сојузничка варијанта,рецимо америчка боксерица vs британски гаќички,или америчка боксерица vs либиски,ирански или ирачки гаќички,како би смо се боље пуцали. Што се однесува до боите,црна боја на гаќички и градник оди со се. За надвор не е задолжително да бидеме у тон.Комбинации од типот жута кошула-Хавајка(со палми како на Ник Слотер,фино раскопчана со дискретен видик на љубавен тепих ) и фармерица плус патики за мене vs црни кожни чизми,црни кожни пантолони со дречливо црвен блузон и шал за типката се препорачливи. Доколку се работи за ситуација каде присуствуваме со типката на некој "jerkle circle" состанок,или средба или што и да е,каде треба да покажеме колку сме сериозни,дипломатски реасположени и насмеани у исто време,со цел стекнување на куќни пријатели со крајна цел обезбедување на подобар статус и повеќе пари, тогаш се облекуваме у тон.Тренерки vs кожна јакна отпаѓаат у такви ситуации.
Баш убаво изгледа, пар облечен во тон. Е сега не мора баш секогаш и буквално во тон, но да има некоја складност во боите и стилот. Малку ми е безврска на свадба, едниот во зелено другиот во лилаво, па кога ќе видам на сликата... Како и да е, кога дечко и девојка се складно облечени и во тон, прекрасно изгледа. Па да се знае кој е пар
Ја сум во групата против! Спојлер Приметив дека мојот има некоја таква фама на облекуванје слично со мене - тактиката му е да се облечам јас 1во па после он На 2 -3 пати сум рекла зош не види некоја др комбинација и секако почнуваат некои таму расправии ,,на кои јас секако кулирам и не се замарам ...
^мене од сите овие слики, само првата ми изгледа како во тон облечени, и баш е прекрасно...обожавам складност
Не баш, не преферираме да се облекуваме исто скоро,ептен ретко без претходен договор можи да се случи нешто да имаме во иста боја на нас ставено или по тренерки само. Ама да го терам да се облечи во тон со мене тоа НИКАКО
Мене ми изгледа јако така кога ќе видам во тон некои , инаку јас и дечко ми не практикуваме , но ке се облечеме некогаш да видиме коментари и како ќе се чувствуваме
Не практикуваме многу да се облекуваме во тон , понекогаш пред излегување се прашуваме кој што ќе носи за да носиме слично ,инаку мислам дека убаво изгледа да не е претерано секако
никогаш не сум сакала, ниту пак некогаш ќе сакам да се облекуваме исто. различни луѓе, различни стилови! во секој случај еден од нас нема да биде свој!
Случајно се погоди последниве два пати кога излеговме да сме исто облечени, првиот пат и двајцата бевме во фармерки и црно-бела маица, а вториот пат и двајцата во фармерки и бели бели маици, ама така се погоди едно по друго и не прашуваа дали се договараме што да облечеме. Мене па ми е така така, што знам, и да сме и да не сме исто облечени ми нема некаква врска