Оваа ми е стварно nonsense. Никогаш, ама никогаш не би го натерала партнерот да биде у тон со мене.Освен ако случајно сме се облекле у тон или у слична нијанса на таа боја е тогаш е океј.Ама без претходно договарање.А, машко што дозволува женска му да го изманипулира за таква тривијална небитна ствар е страшен папучар.Не сакам да изгледаме ко оние overly attached couples. А женската одма ме потсеќа на оваа:
Многу ми е детинесто ова. И вришти од потреба на цел свет да му се покаже љубовта и совршеноста. Сакам оргиналност. Во никој случај не би сакала јас да ја изгубам мојата личност или тој неговата и да се претопиме во една. Ќе ми стане досадно. Ќе збудалам да гледам моја копија секојдневно. Случајно се случило да имаме иста боја на блуза и сл. ама било случајно и преку сила 2-3 пати.
дефинитивно не се има неколку пати случено онака случајно да ни се поклопуваат боите па друштвото знаеше да се нашали што сте се облекле вака во тон да не одите на свадба
Колку само никогаш нема да бидеме у тон, и да сакаме не бива. Пример, он ќе ја облече неговата Мики Маус маица или Супермен или обавезно нешто слатко кое те тера да го штипнеш по обравчињата, а јас во секси црно фустанче или црн корсет, ма обавезно нешто даркесто. И додај тука бушава, долга коса спроти неговото примерно фациче. Ма самата појава е многу контрадикторна. Уште кога ќе не виде човек како се држеме ќе помисли дека тој е моето помало фино, мило и културно другарче, кое западнало во погрешно друштво. Па и како се мачи со мојата цигара... ах, обожавам кога му влијаам лошо
Со сите момци сум имала различен стил, сме носеле различни бои, па договарањето би било невозможно да се реализира. Освен со еден кој ми беше и пред тоа најдобар другар, а и сега онака кога ќе се видиме често сме во исти бои. Двајцата сакаме жолто, црвено, црно, па често се шегуваа на наша сметка. Не дека сме се договарале ете се погодило. Инаку не ми се допаѓа ова комбинирање. Познавам еден пар, доста постари се, на секоја можна свеченост, одење по гости се облекуваат идентично. Не знам дали ги шијат кошулите ама сите им се пар
И според мене е многу глупаво.Се дешавало да бидиме некогаш со исти бои облечени,ама ненамерно.Но познавам доста луѓе кои се облекуваат така,ајде со партнерот ама кога цело семејство мислам мајката таткото и децата да се облечат во тон не знам.Ама има и такви случаеви.
Многу ми е глупо да се договарам со дечко ми за во иста боја да бидиме облечени. Кога ќе видам некој така ми е стварно безвезно . Не би се облекувала никогаш исто, освен ако случајно се случи тоа.
Боже сачувај, жива глупост и смешки. Aјде ќе се слушнеме, злато ти што ќе носиш?Aхам, добро епа јас ќе ја облечам тогаш зелената блуза,ахам океј Mада често се случува да изгледаме слично несакајки, најчесто зошто и јас и тој сакаме исти бои и така. Ќе излажам ако кажам дека не љубам кога случајно, јас носам зелен џемпер, а тој таква блуза или јас пругастата суќна, а тој иста блуза, Далтони Aма со договор и скроз ист стил, бои и дизајн ми е тотално
Никогаш не знам во каква облека и боја ќе се појави тој. Си гледам за себе, го облекувам она што го сакам, не гледам да се усогласам со него.
До сега неколкупати онака случајно се погодило да се облечиме и двајцата во тон . Не сме се договарале а и стилот ни е различен тој сака темни бои а јас светли. Се ускладуваме само за некои свечености, секако со претходно договарање т.е мое мрчење и инсистирање
Сме се погодиле така неколку пати сосема случајно. Намерно само за две свадби и тоа не кој знае колку во тон, туку имаше лептир и марамче како бојата на мојот фустан.
Нешто од нешто да се искомбинира како што вели @Luna91 ми изгледа баш симпатично и со стил. Ама од глава до пети облечени во исто, е тоа веќе ми делува лигаво. Како тинејџери што прв пат искачаат негде во пар. Припазуваме некогаш да си одговараме ептен кога треба да се сликаме, пример на свадба, али нема припаѓање во несвест воопшто околу тоа.
Само за некои посвечени моменти, свадби, прослави. И тоа суптилно ќе му укажам што да облече, најчесто прашува па не ми е проблем да искомбинираме нешто соодветно на мојата гардероба.Не мора да е ист тон, само да одговара, да не штрчи ептен.
Јас сакам на официјални настани да сме усогласени, па гледам некако да се искомбинираме, не може јас да се облечам во свечен фустан а он во фармерки на пример. гледам да сме горе долу усогласени, он си има негов стил јас мој, меѓутоа добро е што и двајцата ја сакаме елеганцијата па горе долу 90% сме усогласени. Пред да почнеме да живееме заедно не сме се прашувале кој што ќе носи па кога ќе се сретнеме се гледаме дека сме како да сме се искомбинирале, сега веќе живееме заедно и немаме проблем со тоа кој што ќе облече.
Не ми се допаѓа ма ич! Извинете но ми изгледа толку глупаво дури и смешно. Тука би издвоила исти тренерки за лабава шетња како и сатенски фустан во иста боја со краватата и марамчето на партнерот . Воедно ми остава впечаток дека партнерите имаат потреба да докажуваат пред народот дека се пар што ми е малце кутро...