Секој има свој стил на облекување и треба да се почитува без оглед на релациите. Облекувањето во исти или слични тонови со партнерот може да биде случаен избор, но не и намерен и толку ми е небитен што дури и не го забележувам во секојдневниот избор на облека. Кога станува збор за присуство на официјални настани сакам да постои усогласеност во изборот на облека според нејзината намена. Боите и тоновите не се драстично различни затоа што на такви церемонии ги преферираме оние со елегантно и префинето значење.
До сега не сме се договарале,но често пати се случило да имаме некоја иста боја на нас. Пример зимото шема ни беше и на двајцата темно-зелена боја, и така се погодуваше. Уште пред две години му купив кошула карирана со таа боја и не си ја соблече од него, а јас чевлички имам и така се погодуваше, сосем случајно. Еднаш се случи на свадба да носам фустанче со црвени мали детали на риги, а он си одбрал црвен лептир па и тогаш така се погоди. Горе-долу во исти бранови должини сме со боите, но тоа не значи дека нарочито се договараме, се случува едно парче да се погоди, но од глава до пети- не оправдувам дефинитивно
Ние сме се облекувале во исти бои за по свадби, некогаш и за излегување... Мене тоа ми се допаѓа и ми изгледа преубаво за око пример друг пар кога ќе видам облечени во иста боја, а и ние сме добивале само пофалби за тоа што сме се облекувале во иста боја.
Ne Se oblekuvame vo isti stil, sportski, klasicen, sekojdneven, no ne vo isti boi. Stilot e logicen da bide ist pr; odime na sportski nastan. Nemoze nekoj od nas da bide oblecen klasicno, a za boi ne. Sekoj si ima svoja omilena boja. Odnapred znam deka mm ke se oblece vo bilo koja lijansa na teget. Jas sum druga prikaska.
Не никогаш н се договараме да облечеме нешто слично а искрено кога ќе видам некој парови дека се облекле исто на пример тој црвена блуза таа црвена блуза тој црни пантолони таа црни пантолони ми е многу смешно и кринџи или пак кога ќе видам оние што се кинг квин маички или принц принцес
Срамота е. Не е штосно и слатко. Исто и децата да се облекуваат како мала варијанта од едниот родител. Please stop.
Пар кој слави матура, тој со зелена кошула а таа со зелен фустан. Мене многу ми боди очи, подобро различни бои но сепак соодветни. Пример таа зелен фустан а тој темно тегет комбинација, различно но сепак боите си одговараат.
Доволно е да бидат со сличен стил и соодветно облечени согласно пригодата. Ако едниот се облече елегантно, другиов да не штрчи во некоја ептен спортска комбинација. На фб. една познаничка постојано објавува слики со дечкото, цело време си принтаат исти маици и се облекуваат идентично што гледано вака од страна за луѓе на таа возраст изгледа идиотски.
Никогаш не се облекуваме во тон. Сакаме различни бои на гардероба. Дури и кога сме излезени сме облечени различно. Он во тренерки, а јас во хеланки/фармерки и маичка/блуза.
Е па не сме близнаци за исто да се облекуваме. Тиа мие многу глупаво некои што цело време и постојано исто се облечени да ги видиш по улица незнаеш дали се пар или близнаци брат и сестра. Некоја баба или дедо на ги види па уште и кај се бакнуваат одма на инцест ќе помислат
Сметам дека за пригодата, моментот, кафе/прошетка/свадба треба со облеката да се на иста бранова должина, во таков тон. Многу пати има видено таа се дотерала, се нашминкала, а тој во тренерки или стил како за по дома А што се однесува до тон, како од аспект и двајцата во иста боја или буквално исто, па баш и не ми се свиѓа. Попривлечно ми е дa видам вака: Спојлер: On the same page :D Отколку вака, вака ми е баш некако моронско, тинејџерска работа Спојлер: It's a no from me :D
Многу ретко се нагодуваме. Последно бевме слично облечени за мојот роденден. Јас со бел фустан и црна штикла, тој со бела кошула и црни панталони. Бевме складни по чиста случајност. А ептен исто не. Многу лигаво и тинејџерски ми делува.