Тоа е пρоблемот со денешната младина што наместо да слуша доκтоρ, повеќе му веρува на интеρнетот и јутуб дρндалата Што е најтρагично κолκу сте самоувеρени во себе само поρади тоа што сте пρочитале една ρеченица на интеρнет, пρосто да не му се веρува на човеκ. Тρеба да си ја исκинам дипломата и да ја фρлам во Ваρдаρ, да почнам и јас да се едуциρам по интеρнетов, таκа ми пρедлагаш а? Ај можда ќе те послушам свашта...
Имаше сега брзо на тлц една емисија за жени кои после одреден период носење корсет по одреден број часови во денот им се намалил струкот за неколку см. Man Loves His Wife's Tiny Waist | Strange Love:
Вчера баш гледав на телевизија емисија во која новопечените богаташи си ги фрлаат парите на мнооогу скапи глупости (кога син ми управува со далечинското немам баш избор). Епа баш во епизодава една црнкиња имаше, која милијардерка станала продавајки го корсетов што тука го зборувате. Како топла вода да измислила. Стотици години стар производ, кажи се ослабнува со него и се продава како алва.
Не им спомнувајте вакви емисии на децава, бидејќи тука на Strange Love даваат жени со брада, жени што јадат душеци, што јадат пелени, што пијат бензин...а како што се младиве буквалисти... Утре ќе видиме нова тема како да си ја пуштам брадата подолга од дечко ми
Лево на сликата е прикажана нормалната положба на органите,десно како се тоа изгледа стегнато со корсет. Па видете дали сакате ова да му го направите на вашето тело.
^Точно така. А и тој корсет и сите во типот на него, се толку нездрави за телото. Ви ги потиснува органите,можете и големи болки да имате, кои порано или подоцна ќе се јават. Не знам зошто посегнувате по вакви работи. Оставете ги Американците што прават и што ставаат. Ако си сакате убава тенка половина, на здрав начин поработете на истата. Знам многу луѓе кои се труделе, со вежбање, здрава исхрана и го постигнале тоа. Но со излежување, мрза и јадење се и сешто, а истовремено да знаете дека ви влајае на тежината, нема ништо да постигнете. Со овие препарати може да постигнете да имате тенка половина,да ,но воедно и штета ќе ви направи на друго нешто.
Е тоа е , Барби е идолот на многу девојчиња уште од детството и модните списанија со идеалните пропорции... се тоа влијае на младите девојки и жално е какви се случаи има па дури и со фатални последици. Гледав една емисија за една која гладувала за да слабее, па толку се имаше напраено костур, што не можеше да се движи и со цевче јадеше, на крај умре, ја снимив емисијата за да и ја покажам на ќерка ми кога ќе ја фатат тинејџерските години. Кога си тинејџер поинаку изгледа светот, па после сваќаш што е најважно во животот и заради кои квалитети ќе те сака некој. А корсетот само се враќа модата од 17ти век велам пак, па и тогаш ги носеле по цели денови...
Точно така, органите си се на одредено место со намена, да бидат заштитени. Доколку сметаат дека ќе бидат поздрави со деформитети, слободно нека носат корсети. Само НЕДАЈ БОЖЕ во иднина да имаат некој проблем(а нема човек кој што немал), за да ви го најдат органот низ тој хаос во стомак што ќе настане треба цела да ве распараат. Плус во иднина ќе сакате да имате деца, е со тој хаос тешко до дете, т.е. не е проблем да забремениш ама дали ќе преживееш и ти и бебето тоа е друг муабет.
Кој ќе издржи од утро до мрак и тоа со години (не знам колку треба да го носиш за да оформиш струк ама претпоставувам не е од повремено носење), оди на жешково носи го, па во Македонија на тие температури, не се занесувајте. Би имала еден за посебни пригоди, иако и мидер ми врши работа но зошто да не и корсет. За екстреми вакви како на видеата треба да си малку чукнат во главата, кој би издржал инаку нон стоп во корсет освен ако не е нужно?
Од повремено носење сигурно не е. Зошто по цена на „тенка половина“ направена со корсетот, да си го расипеш здравјето. И ова си влече последици, немој да мислите дека е туку така. Незнам како не ви е страв да не се случи нешто.. Или јас сум изгледа паничар голем, па ги разгледувам можностите и загубите до детали пред да направам нешто. А толку многу интересни вежби има и на youtube и на секаде по интернетот. Здрава исхрана. Нема потреба од вакви глупости. Се согласувам дека може да имаш еден за посебни пригоди, ама да го носиш постојано, дефинитивно НЕ!
А што е поентата да си го измачуваш телото и да создаваш лажна слика за твојот изглед? На крај кога ќе се соблечеш и ќе се видиш без сите тие помагала, зарем нема чувството да биде уште полошо бидејќи можеби си ги убедила сите околу тебе дека изгледаш подобро, позатегнато, меѓутоа ти ќе знаеш дека сето тоа е лага. (ова не се однесува само за креаторката на темата, туку за сите љубителки на вакви помагала). Неодамна имав разговор со еден другар, ми зборуваше за една жена дека му оставила многу силен впечаток, колку била “јака“. По некое време нешто стана муабет за неа и му реков дека баш би сакала да ја видам, да видам што е толку посебно кај неа бидејќи тој ретко реагира со такви зборови за некоја жена, сигурно била навистина посебна. Ми рече- ма нема веза, ја видов пред некој ден. нема ништо од неа, има стомак, бла бла, демек не му се допаднала, била сосема поразлична. Тогаш му реков па зарем досега не ги сфати сите тие оружја на жените, сигурно претходно кога си ја видел била облечена во целосен мидер или нешто слично. И што е целта? Цел живот така да се шетате? Ами на плажа? Или нема никогаш да одите на плажа? Зарем не е полесно да вежбате, да го постигнете најдоброто од вашето тело и со гордост да го шетате, и да знаете дека нема лага, нема превара? Јас не сакам да носам ни такви градници со перничиња, ни мидери, ни ништо. Зошто да створам илузија дека имам огромни гради па кога ќе го соблечам градникот да не е тоа тоа. Или тие што носат гаќи со перничиња демек имаат голем задник. И што кога ќе ги соблечете и партнерот ќе види дека нема што да "меси". Струк може да се постигне и со вежбање, меѓутоа важна е и градбата на телото, мене отсекогаш ми бил тенок струкот, под 70цм е дефинитивно, а кога сум се здебелувала веднаш ми одело во колковите, кај некоја со друга градба е обратно и тоа е тоа. Меѓутоа со стомани вежби, со кардио, ќе ја подобрите состојбата, а притоа телото ќе ви биде благодарно, што е сосема спротивно од ваквото измачување со корсети.
И ми помина времето за редактирање а и ова заборавив да го кажам- не им е идеално и на девојките со тенок струк. Се што е припиено за телото, дали фустан или сукња со висок струк мораме да го носиме на шнајдер да ни го преправаат ако сакаме да ни стои како што би требало да стои, или ако сакаме ептен да ни е погодено тогаш мораме да шиеме по наш терк. Тоа е така бидејќи се јавува луфта кај струкот и во долниот дел на 'рбетот, т.е. кај половината бидејќи конфекциските модели се шиени по поширок терк, а доколку земаме помал број тогаш ни е тесно кај колковите или кај градите поради формата песочен часовник. Тешко е и за облекување, треба да биде со ептен длабок патент бидејќи тешко се влегува во фустанот или во сукњата, одозгора поради градите и рамењата, а одоздола поради колковите и задникот, па некогаш правам еден куп егзибиции додека облечам некоја ептен припиена сукња, морам да ги ставам нозете една пред друга и внимателно да ја спуштам сукњата што сум ја облекла одозгора и сум ја закопчала кај струкот. Затоа морам да бирам некои поеластични материјали, со другите е потешко. Ова го кажувам за да знаат тие што сакаат тесен струк дека не е се' така идеално за нас кои го поседуваме.
Ох леле....... Ами еве на пример,Адријана Лима нема струк.Идеална си е,стомачни,затегната,слаба(ова важи и за времето пред да роди,уште кога се појави),ама ете,струк НЕ-МА! Не е информирана за ова или нешто друго е проблемот?Па,одма треба да порача,и овие од Викторијас Сикрет како ја трпат,аман.... Струкот зависи од градбата на телото,телесната конституција и најмногу е генетски предодреден.Ти отепај се од вежбање или гладување(ова генерално,не е насочено кон никого),ако си скроен без половина-нема да имаш.Тука многу малку се влијае.Едно е да немаш спојлери или стомак,а сосема друго е да имаш струк.Коските треба да ти овозможат да имаш струк.Е сега,секогаш постои можност да ги искршиш ребрата(со операција,да не проба некоја сама) или вака да ги деформираш.It`s up to you! Oва со Адријана Лима го спомнав неслучајно.Според мене,има многу поубаво тело од некоја со струк.Кардашијан,на пример или....Џенифер Лопез,Ники Минаж и триста други.Струкот,изразен или тенок(мерки не знам и не се замарам) е особено одвратен на широки колкови,огромни задници или гради итн.Убавината е во умереноста,или во пропорцијата.Според мене,тенок струк е за тесни колкови.Точка.
Последиците од безмислените работи можат да бидат фаталнии и да ако требало како Барби да изгледаме Бог така ќе не створил .
Барби воопшто не ни вреди да се спомнува во мубаетов, зашто многу одамна читав дека научници правеле испитувања и одредиле дека според пропорциите на Барби, една просечна девојка би требало да има врат со должина од 19 сантиметри, што е апсурдно. Па според овој податок, проценете колку само пропорциите кои ги има Барби се реални и достижни. Мојот струк понекогаш нема ниту 60 сантиметри, мака мачам со секаков тип на облека која е припиена и тесна - најмалиот конфекциски број е претесен и градите иако ми се со нормална големина за мојата градба ми се смачкани и смешни, а оној идеалниот за градите и задникот буквално „плива“ кај струкот. И навистина се прашувам зошто некоја би сакала да изгледа така смешно, мене струкот на Jessica Rabbit на пример, не ми е воопшто секси. Прво се појавија оние чудата за Кајли Џенер усни, па корсети, па ... се прашувам што ли е следно на дневниот ред ?!
Тоа е таа тажна вистина,луѓето не сакат да се прифатат самите себеси такви какви што се,или да поработат на себе ако сакат да се подобрат...Не само овие корсети што ми се смешни туку и оние мидерите шти ги стават од колена па све до под гради се стегат,послабо да изгледале позатегнато итн.во ред ама која е поентата?Кога ќе си дојдиш дома тој корсет тој мидер и ред други глупости што си се наредил ќе мора да ги извадиш,и во огледалото кога ќе се погледниш пак ќе бидиш старата ТИ без никаква промена,пред партнерот ќе треба да извадиш све повторно и пак ќе бидиш ТИ... За мене е ова и физичко и психичко измачување само,доколку сакаш да изгледаш убаво,слабо,затегнато се знај каде и како се постигнува тоа,за мене све друго е само лажење на самиот себе и создавање на лажна слика од себе...
Абе што се овие глупости?! Сакате да си го пораметите телото со овие корсети, и како што рече феминката над мене, само со тоа си создавате лажна слика за себе. Земете здрава храна јадете, вежбајте и ќе видете колку подобро ќе изгледате.
Јас би сакала да го пробам ова, но не знам каде да најдам таков корсет Всушност, нема во местото каде што јас живеам.