Мислам дека тука треба да биде оваа тема... Спојлер ако има ваква тема слободно клуч Па какво тело повеке сакате со облини или без облини
Јас како девојка -позгодни ми се девојките со поблаги облини ништо во стилот на Ким, Лопез, Бијонсе, Ники М. преферирам некако нормално по слабички ,не преслаби. и јас имам не толку истакнати облини-но сосема доволни
Девојките со рамно стомаче, некоја си големина на гради 80ка и и малку истакнати колкови ми се најубави.
Мене побитни ми се облините во горниот дел на телото. Сакам да се некаде 85. И тие доле се добри за да се имаат ама да не се претерани (всушност тие ги сакам средно мали ама подигнати). А некако не сум љубител на големо кукче.
Да не се лажеме, идеалот кон кој се тежнее или барем се копнее е добра цицка, рамен стомак и добар г'з, тоа е тоа Идеално би било да има облини, секако во умерени пропорции. Ни премалку, ни премногу. Сосема доволно за да биде елегантно, женствено, curvey (и добро да изгледа во тесна облека )
^^^ Потпис.. Сум за облини,бидејќи женска без добра града и добар струк не ми е женствена,и неизоставен дел е добро обликуван кренат задник
Затегнати облини да,иако прв избор на градба на тело ми е нешто како на Џенифер Анинстон, одмерено и спортски. Едноставно секси е, што знам, нема ништо вишок, ни премногу,ни пак премалку. Ама...затегнати облини, да, неприкосновени. А нешто најлошо кога ќе видам девојка со природна предиспозиција за облини,а она...се гледа со сила ослабена па дупка меѓу нозете,а широка карлица... Се инспирирав вчера видов ваква,па ми дојде неубоо и језиво,од целата испиеност на образите и свиснатиот задник од слабеење.Си велам после на себе мори Лилит...нејќеш вака,остај тоа диетите.
Да,но во граници на нормала.Мене многу ми се секси девојките со таква градба на тело,ама сепак да не претекува од ни една страна.Златна средина најубаво
Ајде сега пак нека се искараат цицлестите наспроти газлестите на темава ... Интересниот момент е дека секој го брани она што (не) го поседува, па нема да застанам во одбрана на облините само поради фактот што имам доста широка карлица. Во принцип ги доживувам како убави складните тела, нека е и со облини, нека е и без посебна заобленост (сега сосема рамно насекаде нема никаква грациозност, и кај оние јако набилдани тела и премногу атлетски градени се губи врската со женственоста), ама да има некоја допадливост, симетрија, нека е пријатен за око впечатокот кој го остава самата појава, да делува женствено пред се‘...
Едно големо ДА од мене Од секогаш Ким, Бијонсе и Џенифер Лопез ми биле поим за сексапил според мене дефинитивно тие се најзгодните девојки што некад газеле на црвениот тепих Ех камо и јас такви облини да имав
Јас би рекла да е складно е најбитно. Ако е ниска девојката со тесни раменици, ама ич не и треба големи облини. Јас сум висока 168см, ама имам толку широки рамења и карлица, што со моите 60кила се сметам за слаба. Што вика Лилит, имам дупка меѓу бутовите, ми се познаваат клучните коски, ми штрчат шпицовите од карлицата... поише се свиѓав со плус 5-6 кила. Пред две години бев 53 кила, како болна бев, на човек не личев. Мене ми стојат подобро облини. И лично преферирам повеќе тип на Бијонсе. Ама и нејзе и личи да е таква мрсничка Како вие се чувстувате најубаво во својата кожа, така да си бидете. Со или без облини, сама прво да се сакаш, па после ќе те сакаат и другите.
Спојлер Софија Вергара на млади години. :geek: Јас сум за облини, ко што си е и женскта форма на тело, со гради струк и колк и задник. Манекенски тела ниту ми биле ниту ќе ми бидат привлечни.