Ако некој, по облини подразбира, ангелите на ВС, т.е. ова И ова... Тогаш јас избирам да живеам во реалниот свет и да изгледам како било која од овие жени:
Значи мешате облини со дебелина, секој може да изгледа како девојките што ги постави @anina ама да се стегнат и они ќе бидат бомби, т.е. ќе имаат облини, а не салце. Како сакате уствари
Можеш да бидеш слаба па да имаш облини, добар задник или добро оформени гради, тенка половина и поголеми колкчиња. Се сложувам со мислењето на мимс-89, се е до тоа колку си посветен и дали навистина сакаш да вложиш труд.
Да, се зависи колку сте посветени во смисла естетска хирургија, липосукција, разно-разни операции, цел ден во теретана, скапа храна, суплементација. Тие celebrity личности што ги гледате тоа го прават секојдневно, затоа што можат да си дозволат, а тоа им ја одржува кариерата.
Не е точно, можеш само да трчаш по кеј или по улица и да не грицкаш пред тв па да добиеш одлична фигура. Трчањето е барем бесплатно, немора да се кисне по теретани. Се е само изговор, не ти треба тренер, време сите имаме по пола саат на ден да одвоиме, а како ќе го потрошиме зависи од нас. Мислиш дека сите згодни девојки по градов имаат пари за во теретана, специјална исхрана и суплименти?
Во право си, ама не кај сите исти нешта даваат скроз исти резултати. Тука се и генетските предиспозиции, како и поголеми/помали склоности кон нешто. Колку познавам јас што не се нешто посебно физички активни, јадат обилно и пак се со супер тело. Наше е да се трудиме најмногу што можеме, не е наше што ќе излезе од тој труд.
Сите тие згодни девојки претпоставувам имаат и добра генетика ( што е многу пресудно), а тој што нема добра генетика ќе си се труди да ја подобри. Трчањето е само кардио, а за да обликуваш мускули, стомак, делови од тело треба да креваш тежина, да правиш посебни вежби, да броиш што внесуваш и колку внесуваш, затоа што се има дебела смисла, но на секој му скурчува тоа многу пати. Само спореди бодибилдери во сезона и вонсезона како изгледаат, лол! Секоја жена колку старее толку и се зголемува апетитот да изгледа помладо. Но, не можеш да споредуваш просечна македонска жена со celebrity на youtube, затоа што македонска жена работи 10 часа, чисти и пере по дома, спрема јадење, ги подготвува за училиште. Краен резултат-мртва уморна во 10 часот. Зависи што очекуваш и што посакуваш. Тренер кој е квалитетен може многу побрзо да те одведе до посакувани резултати, затоа што ќе знае да ти адаптира програма, начин на исхрана, да менува програма според твојот напредок. Сите тие homeworkouts што се врткаат по интернет се правени од професионални тренери, а не од дилетанти. Затоа и даваат многу добри резултати ако ги следиш како што треба. Најдобра инвестиција на секој млад човек ако има можност да си инвестира во домашна теретана според мене.
Не мора да е домашна теретана, можеш да спортуваш да скијаш, да пливаш да играш одбојка... Генетиката е важна ама не може некој постојано да јаде и да е дебел и да вика вода да се напијам ќе ми се фати, а не превзема ништо во врска со тоа. Такви луѓе познавам и секогаш со завист гледаат некој послаб. Женско ако е веднаш или е анорексична или не е здрава или не знам што.
Кревам две прстиња. Јас еднаш бев една од тие на коишто и вода им се фаќаше. Среќа па не сум била никогаш многу дрчна за јадење, па проблемот беше мал. Не е ниту од завист, ниту од неволност за реагирање. Едноставно, чиста вистина. И не да преземав, драстично преземав мерки, се пазев, ова она. Ама, ситуацијата иста. И на крај си реков, важно е да си наметнам здрави животни навики колку што можам, а за другото да не се замарам. И голем дел од тие наметнати навики си станаа рутина којашто не ја ни чувствувам и почнав наместо списанијата, да си го слушам организмот (а не дека секогаш бараше овошје и зеленчук ). И знаеш што? Нештата за многу кратко време се сменија на подобро.
Зошто да не мора? Па, добра мини теретана чини околу 1.000 евра, а ќе ти трае 10 века. Плус, нема да плаќаш чланарини, да трошиш време на превоз, твоја е, кога сакаш вежбаш, колку сакаш вежбаш. Тој што го интересира ќе научи програми на вежбање. Зборам лаички, инаку и јас сум мрза не да не, а не сум дебел. Немаат сите исто животно искуство на среден живот, полесна работа, порастеретени обврски, па скијање, спорт, теретана да им е приоритет. Убаво е се тоа, но некој со 10.000 плата лебот и конзервата му се единствен извор на среќа.
Епа сега, ако можат секој месец да си купуваат нови пантолони, блузи шминки и чизми и да си ставаат вештачки нокти, ќе имаат и за да одат нешто да тренираат. Петре мислам дека малце забегавме од темата . Ако имаат побрз живот и повеќе ако се нервираат би требало послаби да се, освен во САД
Не реков дека облините и дебелината се исто. Само одбрав измеѓу чепкалки за заби и дебелки женски. Споредбата ја направив заради пост од претходната страна, каде оваа плавушава, низ чии нозе може воз да помине, беше означена како секси.
Пупи, тука нема секој 17 години, па да вежба за да става слики на Инстаграм, Фејсбук од своите стомачни, стегнати бутови, да е опседнат со лајкови, да бара спонзори, ебачи. Јебига, али така е. После 32-33 години вежбањето ќе го сфаќаш на друг начин како потреба, а не самопромоција. Дебелината колку што е естетски проблем толку е и здравствен проблем.
Па не ја изгласав јас за најсекси жена на светот, мажите ја одбраа. Редактирам за да кажам дека сликата е најверојатно фотошоп зашто Кендис не е толку слаба, а можеби некогаш и била. Според мене има совршено тело:
точно сега тоа јасс сакав да го пишам.ама џабе и да им пишуваш на волкуу ограничени и ископлексирани особи. уште несум видела а ни чула некој освен овде и уште неколку љубоморни особии и полни со комплекс да кажат декаа за нешто што факт дека е најсекси дека е грдоо а за салоо и тело како изборот на @anina дека билоо овршеноо. девојките на сликатаа вриштааат од салоо и вишок на нив. сепак ќе кажам ме е битен надворешниот изглед толку олкуу што е битен внатрешниот а и здравјето.а нажалост токму ваквиот изглед е тоталноо нездравв ако веќе толку мислите дека на изглед е убав.а дефинитивноо не е. но 90% од девојкитее барем кај нас изгледаат така ,нема везе висината но се запуштаат,и да не се чудиме после од кај произлегуваат ваквите коментарии. а ретко која кај нас изгледа како кендис и слични на неаа,затегнатии секси со умерени облини. а одозгора на тоа и плус високи со долгаа ногааа брате но иакоо кај нас преовладуваат пониски девојки ако се потрудат,вежбаат,здраво се хранатт се ќе се смени па и ваквите апсурдни коментари кои се најжалоснии. па затоаа ајде и оправдано ви е донекаде.лечете си комплексии по форуми
Па и не е нешто невозможно да постигнеш тело ко на супер модел или ВС Ангел, освен висината на која неможеш да влијаеш на друго можеш. Петре верувај дека не е така комплицирано со тенери и чуда како што пишуваш. Точно Ангеливе тоа го прават зошто мора да изгледаат така во секое време, ама не ми кажувај тенери, скапи теретани и пиење хемии, 80% од моите другарки и познанички имаат извајани тели без да посетуваат такви работи. Е сеа која држи диета, која трча на кеј, која планинари, која вежба по дома битно сите си го постигнале тоа што го сакаат. Па неможе на сите да им е генетски, батали генетика тука ако јадеш без престан и не вежбаш ништо, кога тогаш ќе те стигнат вишокот килограми. Извини ама жениве ако имаат време да пратат турска серија значи дека имаат време и да се погрижат за својот изглед ако им е тоа битно, а ако не им е тогаш супер за нив. Само треба да имаш цел и да имаш желба, тоа е пола завршена работа тогаш. Ако не тогаш за џабе дискутираме, најбитно е секој да си се сака таков каков што е. Јас кажав дека за облини немам ништо против, мене ми пречи тоа што облините се поистоветуваат со дебелина.
Ајде стави твои слики на форумот, па да имаме релевантен добар пример и мотивација да вежбаме гледајќи го твоето божествено тело како сјае пред нашите монитори! Ветувам дека рацете ќе ги држам само на тастатура!
Конкретно јас никогаш не би ставила таква слика на фб, а не знам зошто некои тоа го прават, најверојатно според тебе за тоа што рече дека си бараат спонзор. Дебелината е здравствен проблем, зошто никој не сака да има депонирам холестерол во артериите што може да предизика атеросклероза и др. болести. Дел од тоа чувство дека си убав го добиваш од изгледот. Јас си кажав претходно дека Мимс 89 е во право, наместо турска серија нека врти на орбитрек или нека оди на зумба, ако нема пари нека вежба дома со тегчиња, а ако нема тегчиња две шишиња од по 2л....
Зошто ме цитирате и означувате? Толку ли ти е тешко да прочиташ три реченици? Не реков дека девојките од Dove се секси, туку дека изгледаат поздраво од оние кои беа нагласени како секси. На крај на краиштата, само ти споменуваш комплекси и лечење на истите. Така да, ти си можеби таа која е искомплексирана дека вреди повеќе од другите. П.С. Мимс одбра слика преку која кажа дека плавушата е секси. Од истата слика јас ставив извадоци. Истиот модел на ВС (појма немам како се вика), истата слика... Како е сега фотошоп? Значи сами си го побивате своето мислење.