Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облини, да или не?

Дискусија во 'Тело' започната од LudaDevojka, 17 април 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаат и девојки со поголеми облини и девојки без облини- само послаби.
    И ангелите на вики сикрет ми се секси на свој начин ама и Кристина Хендрикс ми е секси на свој начин.
    Се си има своја убавина.

    Само дека баш ангеливе имаат облини не можам да се согласам, ама дефинитивно имаат убави тела, затегнати пред се.
    Темава не е за идеално тело, ама оделни пропорции и тело ми има Хали Бери. Секс бомба. Па со кратка коса посебно Јас никогаш нема да имам тело како нејзиното зашто сме различно градени, ама па не значи дека заради тоа мора да ја дискредитирам зашто нели ќе ја нарушам својата маленкост и его.

    Девојки со онака квалитетни облини ми се Софија Вергара, Бејонсе, Кристина Хендрикс, Кет Денинс, Моника Белучи, Селма Хаек, и Џенифер Лопез. Некоја подебела, некоја послаба, некоја позатегната од другата ама исто имаат облини ипол.
    Не гледам ништо дебело во нив,зашто имаат поизразити гради или задник.
    Имаат облини и те како и што е најважно од се- знаат да ги носат, и секој кој го тврди спротивното едностано треба да си купи поголем диоптер на очила.
     
    На crazylady, 1209, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Сте се истепале на темава, кој од кој позгоден испадна, а кој знае што се крие позади мониторот.
    Не се прчете овде дека вежбате кога 80% од младите односно децата се како принцес крофни.
    Во мое време немаше ништо од ова денес (брза храна, компјутери,лежи лебу да те јадам), сите вежбавме по нешто од мали нозе.
    Денес кога ќе подпораснете сакате сите да бидете манекенки, е не може затоа што од бебиња „здраво“ ве хранат и ве задојуваат со компјутери и омраза према околината. Кога би вежбале од (да не претерам) 7-8 години во фазата на пубертет и адолесценција би имале предиспозиции за убаво и стегнато тело кое само ќе се одржува долги години. Ако вие се укрофните не барајте решение понатаму во животот за вашето тело.
    Оставете ги на страна бајките за совршено тело, ако наследниот ген е лош.
    Што е подобро, празна вреќа со коски или вреќа со по некое мевце!
    На крајот сите тежнееме за нешто кое што не е наша особина.
     
    На crazylady, ColoursOfTheRainbow, naturally и 9 други им се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    :rofl:
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Daleron, ти симнувам капа на коментарот! Имам другарка која е од Србија и девојката цел живот има тренирано ракомет. Повеќе не се занимава со тој спорт ама затоа минимум три пати неделно оди на пилатес веќе неколку години (а ако финансиски и е добар месецот, оди и во теретана да вежба) Метаболизмот и е одличен, никаде нема грам сало и целата е мускули. Вака да ја видиш, ќе мислиш дека е макененка- висока, слаба и затегната. Меѓутоа, цената на тоа тело не е мала-илјадници пропуштени кафиња, шетања, дружби... Секој со своите приоритети :)
     
    На crazylady, tessie, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Нормално е што сите немаме исто мислење, се е до до сопствениот вкус и кој како си милува да изгледа, но за едно сме сите согласни - дека ни претерано заоблени/нагласени облини кои одат накај дебели не е добро, а ни па претерано слаби.
    А за тоа машките какви не сакаат, исто - секој со својот вкус, има и такви и такви, исто како и ние самите што сите различно си се бендисуваме.
    Јас сум за пред се - здрав изглед, што е нормално многу тешко денеска да се одржава и да се постигне, лично јас цел живот мака мачам со килограми, де ќе ослабнам, и после некој период пак ќе накачам :tmi:.
    Газот на Ким Кардијашан или па на Ники Манаж е ненормален, тоа не е облина, облини се нејзините големи гради и малата тенка половина која ја имаше порано(може уште ја има не сум ја простудирала во последно време), но во целост Ким не ја сметам за девојка со правилни облини пошто за нејзината висина 1.50 и нешто - има многу голем газ, и голема тежина, т.е колковите не и се правопропорционални со другиот дел од телото за да речеме дека се облини, од половината нагоре да, тоа се добри облини.
    Џеј Ло би ми била совршена да имаше бар малку поголеми гради (но никој не е совршен нели па ни Џеј Ло :P), но дефинитивно има добро, затегнато тело кое си го одржава, и спаѓа кај тие со облини, кои мене лично најмногу ми се допаѓаат.
    Бијонсе исто си ги има облините, малку пренагласен и е долниот дел, но ете тоа го влечат црнечките корени, тие големи бутови и долги нозе - кои патем мене ми се во ред, не ми изгледа пренападно, но на некоја друга тоа и премногу - е тоа е работа на вкусот, но си има здрави облини, без целулит и е стегната, иако една нејзина нога е како двете нозе на ангелите на ВС. :) :lol:
    Селма Хајек и Моника Белучи ми се репер за женственост и за жени со облини.
    Јас лично сакам девојки со облини, поштувам добро стегнато тело, со убав заоблен газ, и поголеми гради.
    А исто и на газ паѓам кога ја гледам Лима или Кендис, кои ги имаат најдолгите и најсовршените нозе на светот, би убила за такви нозе - ама нема шанса, пошто пред се пониска сум и имам широки колкови. Кај ангелите на ВС само не ми се свиѓа тоа што некои имаат пренагласени стомачни и некои од нив се со преслаби нозе, и премало газе, се гледа дека нема облина таму, а и ретко која има гради, на сите им ги креваат со пуш ап градниците, ама како што кажав, јас не сум фан на мали гради(личен вкус), така да, од ангелите сметам дека Лима и Кендис имаат најдобро и стегнато тело , а Кендис го има најдобар газ - дефинитивно. И мислам дека Кендис (мое мислење) е најтешка од сите, пошто девојката има висина, ама има и поголеми бутки и поголем газ од сите останати ангели.
    И јас мислам дека ние девојките сакаме девојки кои имаат слична градба со нашата, што не мора да е точно така баш секогаш, ама во голем процент такви сме.
    Јас сум си фан на вакви тела со облини. Има и послаби, има и девојки со поистакнати облини, ама ништо не е надвор од нормалното - според мене.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 23 декември 2014
    На LadyInTheDark, kjukli, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на уште нешто. На повеќе места се спомнуваат финансии.
    Пари требаат да за скапите спортови како пливање во зима па и во лето, скијање, теретана и што уште не измислица на денешниов просперитетен живот.
    Не мора теретана, направете си тегови од конзерва полна со бетон, скокајте на јаже, скоро сите ќе најдме некоја шипка на која можеме згибови да правите. Стомачни малтене секаде и сите оние вежби за разгибавање, ама сето тоа ќе ви одземе време како што напомена @Nausicaa за кафе, за на компјутер, за дечковци уште на 14 години и вратоломии со нив.
    Во денешно време повеќе се размислува кој колку лајкови собрал на ФБ, кој/а со кого се смувале и се тркалале по разноразни импровизирани кревети.
    Денес дури ни во училиште не вежбаат за да не се запотат оти после тоа треба да дремат по кафиќите и да се муваат по разни ќошеви.
    Знам забегав од темата, ама ако само малку ја разбудиме во нас тезата „Во здраво тело здрав дух“ се би било поинаку.
    Сатисфакција на времето не ми беа сите оние работи што ги носи времето туку фискултурната сала и чекањето да дојде тајмингот за да се изнавежбам.
    Епа мили мои и ден денес сум задоволна од себе, иако во поодминативе години качив некое кило повеќе, ама базата е останата таква каква што сум си ја изградила од мали нозе.
     
    На Nausicaa, nevermet18, ColoursOfTheRainbow и 5 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    @Daleron извини ама eве пример ја сум и згодна и убава. И тоа тазе информација, баш сеа пред 20 минути мама ми кажа на телефон, да е жива и здрава. :lol:

    Значи накратко. Џабе убав фустан кога немаш држење да го носиш поубаво и попривлечно од закачалката.

    Исто е и со телото. Џабе е формата, кога другите елементи се занемарени.
     
    На anna.tesoro, Mishela, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  8. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Тегови во Џамбо се најевтини, а за 700 МКД (мислам дека толку ја земав) има и шипка што се монтира на врата. Јаже за скокање е најевтиното кардио за по дома, за зима.... значи, кој сака,... може.

    Коментаров може и не е за темава ама ај.... жени над 30 и кусур треба, а најчесто и веќе се, комотни во свое тело. Не се срамат, знаат дека времето за манекенска кариера веќе поминало па си го негуваат она што го имаат. Самодоверба кај жена чуда прави да ви кажам.
    Џабе и да има совршено тело ако не ти дозволува светло да упалиш и ти се крие под чаршав ко анама.
     
    На Annath, anina и tessie им се допаѓа ова.
  9. A2223

    A2223 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Da se nadovrzam na muabetot za sport i finansiskata moznost.
    Koga sum finansiski vo moznost odam 1-2 pati vo nedelata na "zenski" kickbox hahaha, filmot mi e povekje da se dvizam i dosta se zamoruvas i potis hahaha. Ne deka nesto sakam da stanam kickboxer vo slucaj pogresno da me sfatite. A pokraj drugoto, odam trcam nadvor vo park minimum pola sat , sigurno tri pati vo nedelata.
    I dokolku ne sum finansiski vo moznost za teretanata, si pravam doma stomacni, cucnevi, istegnuvanja.
    I sekako pazam na ishranata. Ovosje, zelencuce, salatce, mevce, orivce :) Hamburgeri, kompiri, mirsnotii, po nekolku pati vo denot toplo jadenje :worried: toa za mene e zaboraveno. I mnogu sum srekjna vaka :D
     
  10. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Прво, држете се до темата, не до тоа какви љубовници сте имале во кревет, (facepalm) како сте ги воспитале вашите деца или пак кој член на форумот колку е згоден и убав - тоа не е релевантно. Тие кои не познаваат можат да зборуваат, јас лично немам потреба од никаква афирмација на форум, за вас не знам, но знам дека ја уништувате дискусијата.
    Вишокот не е здрав за телото, особено не во горниот дел каде се наоѓаат виталните органи. И научно е докажано дека жените со широко торзо се посклони кон разни заболувања од оние со тенка половина и воедно, дека првите живеат пократко од вторите. Но понекогаш гените се во прашање и тука не може да се влијае многу.

    Го испраќам постот само заради ова, не може некој да ни бара диоптер на здрави очи. Не била воопшто дебела. Ако не е воопшто дебела најдете ми нејзина слика во дводелно бикини зашто мене не ми успева. Еве како Кристина Хендрикс оди на плажа.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Таа си знае што не може да носи затоа што би било непријатно за гледање. Ова е чисто сало, особено тоа долу на нозете, гледате како ја изгубило формата?
    Не можете вие да ја споредите со Моника Белучи во никој случај, тоа се два различни типа на тело.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Моника Белучи има тенка половина, се и е распоредено на место, заоблена е само онаму каде што треба. Тоа е добра генетика пред се. Кога Кристина Хендрикс ќе налее вакво тело, слободно да ме известите.
    Имам едно прашање за вас, ако салцето е ОК, тогаш зошто една Бијонсе толку вложува во својата физичка форма и упорно се бори да не се здебели, дури и во свои песни навестува дека и е доста од тој напор да постигне убавина? Ако беше салцето поубаво, ќе го видевме стомачето на Кристина Хендрикс, ако беше поубаво, никој од луѓето склони кон дебелеење немаше да се бори со него, најголем дел од вас немаше за аватари да избира модели слични на ВС, туку ќе стававте полнички целулитни девојки, нели? ;) Јас ова го пишувам затоа што е вистина, не за да навредам некого, дури и ќе престанам да учествувам во дискусијата за да не бидам сфатена погрешно, некој можеби се сака полничок и тоа е ок, но мора да се има објективност, а не да се извртуваат факти во своја полза и сите останати да се прават слепи или неухранети.
     
    Последна измена: 23 декември 2014
    На Daydream, anna.tesoro, MiaNmaR и 6 други им се допаѓа ова.
  11. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    бравоо секојаа чест за ова што го пиша.се е најточноо и најреалноо.
    за кристина несакам ни да коментирам се гледа жената на што личи.несакам да навредам никого но за таквиот изглед сама си е криваа се гледа колку се запуштила а и нажалост таквата глетка е се повеќе видлива и кај нас.
    облини ималее абре ајде.кога ќе видам некоја толкава на улица па уште ми се утегнала во хеланки и мислии најсекси суштество е а сите други различни од неа се абнормални. жени сте боже сачувајј и водете грижа за своетоо тело а не само напразно да збориме ангелите вакви биле такви исушена била оваа или незнам каква. па што и ако е и исушена да е таа е чекор до совршено тело а оваа другитее мнооогуу чекори до совршено и здраво тело а што е најтрагично ништо не ни превземаат, а за давање коментари па први се секакоо :D :D
    и правете убава разликаа меѓу вашите замислении облини и оние вистинскитее и меѓу убаво здраво тело затегнато и она тело запуштеноо со сало и целулит.

    а секоја честт за оние девојкии или жени кои генетски се виткии и имаат убаво телоо и кои колку и да јадатт имаат брз метаболизам и не се здебелуваат и немаат вишок сало.е на такви човек да им љубомории.но сепак и кој ја нема таа среќаа сам може да се потрудии.јас на себе приметувам.малце да се запуштам кога немам доволно време веднаш не само физички што не си се свиѓам туку и од внатре не се чувствувам доброо.
     
    На A2223 и troublesome им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам уште една вистина за облините која неретко се среќава.
    Не е генерално да се разбереме. Кога жена ќе се омажи, мисли дека завршила работа и се опушта е тука настанува проблемот веќе со облините или дебелината.
    Исто се случува и со организам во поодминати години кога телото лачи се помалку естроген, е тогаш веќе се салосуваш што би се рекло ако исхраната не ја сведеш на минимум.
    Секој си е сопственик на сопственото тело и најубаво е да си се сакаш таков каков чшо си.
    Ништо не е идеално и послушно, а камоли едно тело.
     
    На MiaNmaR, Nausicaa, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    На античките статуи и сликите на ренеснасните уметници идеалната жена била онаа со благи облини, тоа е можеби така дека тогаш луѓето за разлика од денес немале полн фрижидер со храна па полничките луѓе биле знак на нечиј статус во општеството. Сега кога доста луѓе имаат прекумерна тежина доста девојки со стремат кон тоа да имаат 10% или 12% дури и помалку масти на телото, па ако имаш дури 15% тогаш си веќе дебела.

    Смешно ми беше пред година и пол во Herbalife кога отидоа едни другарки кои воопшто не изгледаат дебели им ги мереа мастите со едно апаратче што го стискаш со раце, таа што работи таму ни кажа дека некој што се мерел предходно едно по друго имал различни резултати(кој кур!? :D). Нема врска им мереа масти и оваа што работи им збореше демек имате вишок масти во телото, со текот на годините ќе се зголемат и бла, бла ,бла ќе добиете шеќер и ќе умрете или така нешто. Разбирам дека сакала да продаде продукт и да заработи некој денар ама не ми продавај што викаат муда за бубрези :D
     
    Последна измена: 2 јануари 2015
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A2223

    A2223 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Hahahahaaha Eh kolku se slozvam so pishanovo!
    Kazi odvnatreeee ti doagja neubavo cuvstvo! Se prepoznav i si se iznasmeav slatko! :)
    Nisto ne e nedostizlivo! Samo napred devojki realnosta e edna :D
     
    На mia993 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски

    Karolina Debczynska :D
     
  16. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    WoW,какво телооооо:shake::drunk:
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Па може, но не многу да се воочливи :)
     
  18. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    download (13).jpg Јас сум ЗА облини ама да не е претерано,туку умерено.Како Софија Вергара download (14).jpg download (15).jpg
    Кај Ким Кардашијан и Ники Минаж претерано е.Да им се природни ако,не сум против,секој си има сопствена маана,ама тие се со пластични операции,силикони и што ти не.И ангелите на ВС имаат убави тела download (16).jpg images (2).jpg images (7).jpg images (8).jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • images (8).jpg
      images (8).jpg
      Големина на фајлот:
      8,2 KB
      Прегледи:
      195
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    A што се однесува до висината јас сум 172-3-4 висока,а тешка сум 50кг.Повеќето ќе речат дека сум преслаба,ама не е важно сега тоа,туку сега ќе му преречам на @Петре Прличко за висината,значи без коментар сум за него.Ако Адријана и Алесандра се 176-7-8 високи,велиш дека не се многу високи,сега за висока жена се смета онаа која е 175+.Точно,повеќето се ли колку нив или пониски,ама има и многу што се повискоки од толку.Во ова што го кажа ти дека 176-7-8 не е голема висина за женско,денес и тие тешко наоѓаат мажи.Со ова ти сакаше да кажеш дека јас со 172-3-4 сум ниска,ама не сум доволно сум висока за моите скоро 16 години.Знам отидов оф топик,ама морав да преречам.
     
  20. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Премногу се замарате со ова... Ваше е да си водите сметка и да си вежбате,а каков тип на тело имате не се бира. Ако дотолку плачете по облини ставете силикони што да ви кажам..
     
    На BoneMachine, LadyInTheDark и sinorinJa им се допаѓа ова.