Kolku ste samo ograniceni izvinete vaka so slikive od internet.Sporedba na popolnicka so da ne recam malce poveke slaba devojka koja ne mi izgleda zdravo.No ni prvata istotaka. Ne se znae koj poveke se tesi. No se e rabot n vkus. Na internet sekakvi takvi sliki se pravat,this is more attractive then this,fuck this,i neznam uste sto a za da ja napravat da ne kazam taa sala nasle slika od debela devojka i slaba anoreksicna skoro i ni ednat ni drugata ne se ubavo zaegnati i ne izgledaat zdravo. Spored mene zlatna sredina.Ni slabo mnogu bez nisto ni polnicko so ogromnii oblini. No i toa sve zavisi od strukturata na teloto.Ogromni oblini na niska devojka voopsto ne mi izgledaat ubavo.Primer kako kim niki i red drugi. Zatoa mislam deka najubavoto se naoga vo umerenoto i zlatna sredina kako sto se veli. Eve spored mene nekoi sovrseni oblini. A ova sto nekoj go opisuva kako poim za oblina i ubavo telo za mene e samo debelina i nisto drugo. Mnogu nezdravo izgleda.
Јас под жени со ооблини подразбирам жени со широки колкови, средна големина на гради и тежина соодветна на висината(тежина=висина-110 или тежина=висина-115 ).Убаво е да се има рамен стомак и убаво затегнати и дефинирани мускули, ама секој спрема можностите. Доволно е да се држи телото во правилни положби, односно убаво исправено и кога стоиме, пешачиме и кога седиме. Правиот став на телото има големо влијание врз дефиницијата на мускулите. И секако помалку стрес и повеќе здрава храна.
Секој си има свое мислење,така и на оваа тема.Некој сака облини,некој не-ама ве молам не ги спомнувајте ангелите на VS овдека.Далеку од тоа дека немаат убаво тело,но,тие не се девојки со облини.За мене совршено и идеално тело е телово на девојкава: Си има облини девојкава,и нејзините бутови не можам да кажам дека се слаби ама сепак ми е совршена,си има струк и иако и се дебелКи нозете,затегнати и се како и стомачето што и е затегнато.
Кои биле идеалните тела во изминативе 100 години. Кој го диктирал поимот за совршено тело и како тој тренд се менува низ годините. Може уште од сега да погодите кое е идеалното тело од 2010 навака http://likes.com/beauty/how-the-ide...rs?v=v29ArAnBkqYyuv3P3137yBx41yeK4o0fO&page=1
ЛАЈК за постов!Токму ова се бара во темата за СЕКСИ облини на слаби девојки(тоа е финтава да си слаба а да имаш убаво тело и висина и нога и облини во нормала),а не дебела жена,кај нив не се признаваат облини..ама се си зависи до човекот кој како е граден оваа девојка е совршена само колку е висока а и затегнати и се нозете(спортски е градена)а нема раширени колкови гзот и е на назад напрчен а нозете стокмениБомбастик!! Е вака треба да изгледа една совршена девојка
Не, немале облини ангелите, ова за вас е рамен задник? Doutzen знае да претера со вежби и со слабеење, не велам не, ама природно рамна како што сакате да ги прикажете ВС ангелите не е. Ни таа, ни останатите попознати меѓу нив.
Ехх една во милион се нашла убава,инаку да и оваа е како таа погоре во постот на Srckata28.И оваа спаѓа во тие ИЗРАЗИТИ забележителни девојки и оваа е прекрасна можеби така се спомнати ангелите бидејќи повеќето се изгубен случај со многу слаби и криви нозе Доколку оваа девојка е преубава немам забелешка и нозе има убави, висина, задник и деколте и се
Пфф.. не не прави при очи слепи цело време ссе подржувате со mia993 за ангелите,па одма почна да ги споредуваш со горенаведената девојка
Па добро де не реков јас за ваква девојка ти сега постира бомбастик ,ама ние често ги знаеме како прачки Добро а и толку не ме интересира што си цитирала предходно ама ова со сликата од ангелите под мојот пост испадна како да ми се спротиставуваш,а за исто тело станува збор (а да не запазив многу дали си конкретно за нив или само како исклучок ти се допадна оваа девојка, затоа што често има со криви нозе,една се нашла убава)..ама сепак јас се сложувам со оваа девојка која е исклучок од нив.Бидејќи ти чудно изреагира како еве цело време ги напаѓате а тие имаат се.И да ретки се поубавите како овие.
Според мене се е до жената, како знае да го изнесе тоа, и не може да се класифицира. Одсекогаш таквите поделби ``Јас сакам плави дечки``, ``Јас сакам со плави очи``, ми биле скроз глупави. Секако сите имаме свој вкус, и некој одреден тип што повеќе ни се допаѓа од друг, ама ако е нешто убаво и да не е мој тип, не можам за инат да кажам дека не чини. Еве и пример. Јас конкретно за убава жена, жена мангуп, ја сметам Кејт Мос. За многумина преслаба, наркоманка, ваква-таква, мене физички ми е убава и привлечна жена. Нејсе, Од друга страна Кејт Аптон, чиста спротивност на претходната. Бујна до немај каде, дури според манекенските стандарди има и повеќе од што треба. И сега што? Ако ми се свиѓа првата, не може втората, и обратно?? Зависи од жена до жена, и нема врска. На некоја не и стои да е слаба. Имам познаничка што отсекогаш имала некое килце вишок, и била симпатична, ни проблеми со дечковци ни ништо. Ослабе девојчето, се исуши, не личи на себе, се изгуби. И да, секако, поубава беше со некое килце плус. Вака се обезличи. Нормално секогаш таа златна средина е најпосакувана ( но и `златна средина` различно си го појмуваат).. Така што баталете поделби, слаби-со облини, високи-ниски, црни-плави.. Што е убаво и на Господ му е драго.
Мислење од машка страна девојка што има облини е далеку попривлечна од слаба девојка ФАКТ е тоа за нас машките иако од инает ке каже некој не е така убава е на лице , на лице може да биде совршена но ако е слаба се паѓа во вода