Jas pa imam 50tina udvaraci na koi im se dopagale slabicki ko mene, e aj sea... Ne se zezam. Teorijata deka SITE sakale polnicki ili so oblini paga vo vida. Ne deka se falam no kolku udvaraci ima nekoja devojka so oblini od tuka? Cisto da sporedime zosto so mnogu sigurnost tvrdite deka bas NIKOE masko nejkelo slabicki.
А од кога облини стана политички најкоректен израз за женска личност со вишок килограми? Јас колку што знам, облини се нешто друго.
Ќе се вмешам со коментарот извини Секој човек или различен вкус, на некои му се допаѓаат послаби девојки, на некој со облини, на некој фетиш му се подебелите итн. Е сеа, многу битно е ние самите како си се носиме со тоа.Ако сакаш биди најзгоден, ако не плениш со самодоверба и не си некоја појава тогаш џабе ти е се.Не паѓаш во очи. Најсекси е самодовербата, и тоа колку си харизматичен, а тоа не се постигнува со тоа колку си згоден, како што реков, не мора да си најзгодна за да си се сакаш самата, бидејки ако ние самите не си се сакаме тогаш никој нема да фрли окце на нас. Кога сме кај облините, според мене мноооогу ми е посекси девојка со облини, струкче, стегнато стомаче, задник и средна големина на гради отколку некоја слабичка девојка.Не сакам да навредам никоја, сепак ствар на вкус е.
Нормално дека сум за облини и конечно дојде време светот да се свести дека манекенките не треба да се по едвај 40 кг дека кај жена убаво е да има гради,задник подобро некое кило повеќе отколку костури кои се шетаат по писта. За мене идеална жена со облини би била Кејт Аптон, Бијонсе, па дури и Ким Кардашијан е подобра од тие просечните (читај преслабите) манекенки. Затоа жени не се многу нервирајте околу тежината затоа што подобро е да сте малце поженствени отколку да изледате како актерки од хорор филм, анорексични.
E sto se vmesa de koga I jas istoto go zboram? Stvar e na vkus, a oni uporno tvrdat deka SITE maski sakale polnicki ili kako sto miluvate da kazete oblini. Tvrdam deka site ne sakaat isto, nekoi oblini, nekoi kovcinja toa e. Inaku se soglasuvam so tvojot komentar deka vo izgledot ne e se.
Мислам дека дискутабилно беше изнесувањето на сопственото тврдење како непобиен факт само бидејќи таа личност и ограничен број на личности од нејзиното опкружување го делат тој став. Како да е невозможно некој да претпочита слаба девојка во однос на девојка со облини.(без да дискутираме крајности во смисол девојка која е само коски наспроти девојка со сало и целулит, туку просечно слаба и пополнета девојка)
дефинитивно облини поженствено изгледа...меѓутоа треба да знаеш и да ги носиш...има многу жени кои што имаат совршено тело а не се задоволни со себе си, се сметаат за дебели а не се немаат самодоверба и све друго им паѓа во вода...
Со облини делува поженствено, и точно пишала @sajonaramucaca девојка со облини не е дебела девојка, туку девојка со поистакнати женски атрибути...
Се сложувам. Но личната перцепција за тоа која девојка е со облини а која е дебела варира од индивидуа до индивидуа.
точно!! на пример мене свекрва ми големиот задник низ нос ми го извади имам средна големина гради,струкче,стомак рамен ми бил отсекогаш таква ми е генетика и широки колкови со задник голем без грам целулит... и госпожата на мене фино лепо ми вика па ти немаш гради, доле си дебела каков невестински фустан ке облечеш?? (ова времето пред да бидам невеста) а она со млекара до пупак со стомак огромен и задник сплескан со пегла...
Кога веќе зборуваме за тоа какви сакале мажите, мое мислење е дека сакаат слабички ама со облини. За мене облини се гради и задник, а тоа не значи дека ги имаат само оние со по некој вишок кг, средна големина гради и мал згоден задник може да имаат и слабички девојки, и тие со нормална тежина ( малку смешен ми е описот ама така е ) Јас мислам дека сите тие велат дека сакаат со облини ама сепак преферират по слабички девојки со убаво обликувано тело. И да, ретко кој маж што го познавам паѓа во несвест по Ким Кардашијан.
Бидејќи те бидов во модни критики јас ете за тебе не би рекла дека си слабичка, туку таман Слабичка девојка има и такви кости, бутките цевки, рачиња тенки.... без разлика што ќе има гради и задњица кои сите ги имаат, само во сразмерна или несразмерна големина таа е слаба. ( ми доаѓа на ум една друга членка од модни критики, ама не знам колку би било добро така да ја коментирам, па нема) за мој критериум слаба би била Кејт Мос, таа ми падна на ум и такви некои (да сум јас машко) никогаш ме не би привлекли физички прво. Со облини би кажала дека е Бијонсе на пример, а полничка, скоро па дебела на пример Адел. А дебела, со прекумерна тежина е тие веќе се друга категорија за мој критериум.
Под облини не се подразбира дебела девојка, туку да има полн задник и гради...да има тесна половина Не е битно како сум јас градена, ама имам своја визија дека мажите сакаат жени со газенце, со гради.... Кој ти сака рамна штица ?!!!
Дека мешате што машките сакаат, ќе се замешам и јас во муабетов. Машките сакаат слаба девојка, со заоблено газе и големи гради. Е, ама тоа бидејќи ретко има, вкусот го делат на ова што вие го викате со облини или не. Јас мојот став сум го изразил, ама мислам дека немате воспоставено правило што е облини, а што не. @mims-89 - ти не си слаба во никој случај, слаба е кога коските од карлицата му оставаат модрици на дечкото после секс. Ти не ми личиш на таква.
Целата забуна заради која не може да се најде заеднички јазик на темава е во тоа што последниве години терминот девојка со облини почна да се користи во погрешен контекст, т.е. како замена за полничка/дебела девојка. Луѓето честопати не сакаат да ги нарекуваат работите по име. За мене облините се важат само ако телото е цврсто и затегнато, половината тенка... Џабе се изразени гради и задник ако се останато (па вклучувајќи ги и самите гради и задник) е гломазно сало. Тоа не го сметам за облини.
Девојки ги прочитав 90% мислењата во темава и просто не ми се верува која е потребата да се расправате која била убава, која не била, и која имала повеќе удварачи(што мислеше девојката што се фалеше дека ние другите што не се фалиме немаме удварачи??бог да чува). За мене сите девојки се убави на свој начин, имам другарки и слаби, и со облини и крупни(дебели) девојки, и никогаш слабата не рекла дека е девојка со облини, девојката со облини не рекла дека е дебела, и таа што всушност е дебела се прифатила таква каква што е, секоја жена која што зрачи со самодоверба и позитивна енергија и е средена за мене е убава девојка а кога би бирала јас по мој вкус девојките со облини ми се најженствени, но тоа не значи дека сите овие другиве не се убави. Јас ја разбрав темава за какво тело ние преферираме а не машкиот род, а што се тиче машкиот род секое машко си има свој вкус, за вкусови не се расправа, фала богу мажи низ светов има милиони и ниедна нема да остане сама ни слабата ни дебелата, исто како и ние девојките на една и се свиѓаат плави, друга црни, трета машки без коса, на некоја слаби, на некоја дебели, на некоја мускулести. и тоа дека секој човек има различна перцепција што е слабо, што е со облини а што дебело е точно. Извадив некои сликички колку да ви го доловам моето мислење. Девојкава на првата слика според мене спаѓа во категорија анорексично. Вторава слика претставува што јас подразбирам под слаба девојка.Убави се и слабите девојки ама никој неможе да ме убеди дека тоа се девојки со облини, зошто јас не гледам облини на слаба девојка ама тоа не значи дека не се убави. Третата слика е што според мене претставува девојки со облини и не ја сместувам во категорија на дебели девојки, затоа што има слаби девојки цели млитави и со целулит а има девојки со облини без грам целулит и со стегнато тело. и на крај крупните(дебели) девојки кои исто така за мене се прекрасни и сите што се помириле со своето тело зрачат со самодоверба.Опкружена сум и со вакви девојки кои што која од хормонски пореметувања, која од генетика неможе да ослабне и е помирена со тој факт, си го прифаќаат своето тело и мн е невкусно да се коментира од страна за некој кој што воопшто не го ни познаваме.
@<3 pleza4e <3 ако добро си ги прочитала тие 90% од коментарите на темава немаше да треснеш глупост дека се фалам јас, туку дека се фалат оние со облините дека сите машки ама баш СИТЕ СИТЕ сакале ете такви со цицки големи и гзови, јас не се пофалив кажав фактичка состојба и баш ми е гајле дали изгледа ко фалба или не. Инаку нели на темава се изјаснивте дека пропорциите 90-60-90 се на чекор до анорексија, затоа се вброив во слабички оти во поимот за облини го сместивте задникот на Ким Кардашијан, а далеку сум од тоа за среќа. И да, не праиме муабет за добри души туку за физички изглед така да chill малку, сите сакаме луѓе со добри души, но не и со масивни задници или испакнати ребра.
Да. Ама реално гледано,ме иритира новиот култ на "славење на облини" кај оние што стварно НЕМААТ облини туку се движат накај границите на морбидна дебелина. Исто како манекенките по 40кг во модна индустрија,ова не е ништо поразлично туку само екстрмност во обратен правец. Се оди и до тој степен девојките што се природно вити и немаат облини да им се лепи етикета на злобни кучки и неатрактивни. Е тоа ме нервира. Што сами се етикетираат и си прават нездрави стандарди,не мажите.