@mims-89 Јас моето мислење го кажав и немам намера да се расправам, докажувам или повторувам. За разлика од тебе јас со моето мислење не навредив ниеден тип на девојка без разлика каква девојка мене ми е најпривлечна и најженствена затоа што како што кажав, секогаш имало има и ке има мажи што сакаат различни типови на девојки и ниедна нема да остане сама, има преубави девојки без разлика на нивната килажа и конструкција сакала ти тоа да признаеш или не. ни јас не правам муабет за добри души, правам муабет за УБАВИ ДЕВОЈКИ, тоа што ти не сметаш некоја за убава зошто имала газ поголем од твојот или зошто била подебела не значи дека цел свет нема да ја сака. Размисли малку пред да ги ставиш СИТЕ во исти кош, барем не кога мене ми се обраќаш зошто ако не ти беше јасно моето мислење ете го уште стои можеш да го читаш додека не го разбереш. п.с. Немој фактички состојби да ми спомнуваш или да се фалиш тоа можеш самата себе да се убедуваш и да си се тешиш и докажуваш, и јас не спомнав ниту 90-60-90, ниту пак Ким ми е некој репер за убавина, да ми беше ке ја ставев неа во сликиве
Извини ако погрешно си ме разбрала, јас не се расправам. Ќе те молам ако нешто не ти јасно препрочитај ги моите мислења на темава зошто очигледно си ги скокнала. Јас не генерализирам за разлика од 90% од членките кои се изјасниле на темава, сто пати напишав секој со своите вкусови, кој не е задоволен од своето тело и не се прифаќа како изгледа секогаш може да се корегира. Моето мислење е баш врз основа на сите тие генерализирања кои можеш да ги прочиташ 1-2 страни поназад, чисто за да докажам дека имало и машки кои сакаат слабички девојки, get the point? И за да нема понатамошни недоразбирања, во моето претходно мислење на тебе се однесува само првата реченица, понатамошниот текст нема врска со тебе.
Samo rascistete edna rabota i se ke vi stane jasno.Polna,debela devojka NE E isto sto i devojka so oblini!I toa e toa. Sum za oblini da,ubavi umereni na ubavo fit telo,a ne na debelo.I zenite sto stalno gi spomnuvate,od tipot na Kim i ne znam uste na koi voopsto ne mi se zeni za koi bi kazala zgodni se.Spored mene ne se i nikogas ne bi sakala da se sporeduvam i tesam deka imam telo kako niv. Spored mene sovrseni se ovie i mislam deka nitu eden maz(ako veke gi spomnuvate) ne bi odoleal na ova,a ne na toa sto poedincite go mislat.
Не можам да сфатам како е сосема во ред да се коментира за слаби девојки дека се коски за глодање, скелети, одвратни, никој не сака такво тело итн. а ако некој се осуди да каже за дебелка дека е мрсна свиња, одеднаш е површен и злобен и нема душа и ред други работи. Зар вие не сте површни кога коментирате за слабите дека се никакви? Има девојки кои се природно слаби, и безобразно е од ваша страна да плукате по таквите а по ваши субјективни убедувања да се клањате пред музите на облините. Или она - мажите сакаат вистински жени. Па добро бе слабиве се измислени? Холограми? Не се жени? Секоја жена е вистинска жена и секое тело е убаво на свој начин. Засрамете се!
Облините во денешно време се многу погрешно сфатени. Во облини не спаѓаат вишок килограми, сало и целулит, туку складност на градбата. И да, BBW сеуште важат за свињи.
Леле примеров ти пишти Каква врска има храната со жената бе? Инаку жена со облини подразбира цицки и гз или да се изразам подобро бујно деколте и добра задница, заоблен колк и мал струк е дефиниција за совршена жена со облини. Инаку релативно е машките што сакаат секој со свој вкус али универзалната дефиниција за лепота и убаво тело кај една жена дефинитивно е жена со облини.
Хаахаха абе можда не и е тоа али стварно нема смисла пораката како и да е само она знае што сакала да каже.
Облини, едни други времиња значеа нешто друго. Не значеше plus size. Значеше девојки со колкови, задник, со гради- часовник фигури, наспроти поситните градби - тесни рамења, тесни колкови, рамни однапред, рамни одзаде. Јас сум од тие времиња - од и за тој тип моми (иако познавам и од другиов тип на моми, кои ми изгледаат презгодно!) Стара школа
Да можам да бирам, за дома т.е за во кревет, т.е за мерак на мужјакот би избрала облини. А за себе, за свое задоволство кога ќе се погледнам во огледало и низ стакла и излози дури шетам, би избрала слабо. Оти ми асоцира на елеганција, префинетост. Ок, знам дека често ова не држи вода, али за мене си зборам. Јас како послаба така се чувствувам па и така (мислам дека) изгледам. Не би сакала кога шетам цицките прво 2 метра пред мене, јас, па задникот на крај уште 2 метра да се влечи Иако изгледа привлечно на око, често и јас знам да се загледам во жени со облини, јас такви погледи кон мене од непознати не сакам. Во кревет како што реков, е веќе друго, ама штета не може и едно и друго
Зависи од градбата на цело тело,висината...Еве мене Candice Swanepoel не ми се допаѓа толку многу дека не е баш симетрична ако така се вика.Има многу широки колкови,а многу мали гради. Исто и Џен Селтер,убаво тело,затегнато,ама многу голем задник на толку слабо тело не ми изгледа убаво И..ова ми се допаѓа,претпоставувам има убаво тело,ако сега не можам да видам добро дека е легната. А ова не ми се допаѓа,ми изгледа неприродно. Инаку секое машко си сака различни,што знам,некои сакаат послаби,со помали гради,задник,некои сакаат со поголеми облини