Таа Тес Холидеј има многу убаво лице,греота е да си игра со здравјето,ама да не одам надвор од темата,бидејќи за облини да или не е нели? Моника Белучи има навистина убаво тело,посебно белиот фустан и ги истакнува облините. Инаку во целост се согласувам со тебе за Тес Холидеј,Ешли Грејм и сличните на нив.
За мене ова не се облинии - за мене оваа жена е дебела и крај! Нека не се тешат некои што се како неа. Извинете! За мене оваа е поим за згодни девојки со облини -
Супер се облините, секако кога се пропорционални. Не ми се допаѓа трендот на задник ала Ким Кардашијан, на времето таквите задници ги викавме Нова Македонија. Всушност девојчињата не сфаќаат дека Ким Кардашијан од своите мани направила предност на тој начин што ги истакнува како нешто позитивно. Смешно ми беше кога пред некоја година видов мидер со силиконски перничиња за поголем задник, а верувам дека сега многу го купуваат и носат.
@Veki4kaa Проблемот е што денес, за да нема дискриминација и да се намалат навредите, дебелите ги окарактеризираа како совршени божици на облините. Не сум ниту за анорексични, ниту за plus-size. Се знае, златна средина и соодветно со градбата и вежбање, секој да си го одржува телото. Совршен пример за жена со облини е Моника Белучи А инаку, денешното "oблини" т.е имплантите во секој дел од телото, не го сметам за облини туку за извитопереност.
@Summerlover потполно се согласувам со твоето мислење, Моника Белучи е поим за совршена жена, убавина, облини, дефинитвно, исто се согласувам со тоа дека нема потреба да се вреѓаат дебелите, ама треба да се свати дека тоа не се облини.
Далеку сум од совршенство некое..немам против било кој да изгледа како му душа сака...ама, се повеќе гледам како се шири таква некоја кампања против фотомодели... и особено против Викторија Сикрет. Можеби си налетала лани... една фама се крена против The Perfect Body for Everybody...и притискаа да се промени рекламата, демек, со тоа се стварало слика дека тоа е како треба да изгледа совршено тело, било омаловажување на оние кои немаат такво тело дрн дрн јариња. И ок... ја сменија во Body for Everybody Во периодот на ревиите,толку плукање имаше исто удрено за манекенките какви биле.. со муабети,оваа треба повеќе да јаде, неухранети дрн дрн... Не изгледам како нив,ама.. не им љубоморам до степен да ги пљукам.Напротив, повеќе мотивација имам кога ги гледам нив, одошто Тес и сличните (иако ми е сеедно дали ќе се сликаат и каде ќе се сликаат и дали ќе промовираат дебелина или промовираат прифаќање на своето тело, онакво какво е, себељубие и сл.) Секакви не има. Ама, дека го узурпираа зборот „облини“ го узурпираа. И си го сакам назад!
Ako pod oblini se misli na istaknati gradi i zadnik, togash, da, oblini. Ako se misli na toa, no i na neshto drugo plus, togash ne.
Прво што ми текна, твитот на Моџо Шала на страна, си треба облини, не претерано но малку "посјајни" атрибути секако се попривлечни отколку коска и кожа или рамна даска, па ни така не бива. Нешто како примерите на Векичка погоре, мислам дека е најидеално.
Да,имам налетано на таа кампања и се изначудев како девојки што имаат доста вишок килограми можат таква кампања да направат. Меѓу нив имаше и девојки што стварно имаа облини во нормала,ама повеќето беа такви што треба малку да се стават на диета,односно со 20+ кг вишок,а го присвоиле зборот облини. Ни јас не сум совршена,па кој е воопшто?
Јас немам ништо против ако се вишок килограми во прашање, додуша немам ни право на тоа. Секако дека совршенство не постои, така да колкава и да биде една особа, многу поинтересна и попривлечна за друштво е ако е интересна, реална, позитивна и со добра смисла за хумор, едноставно се прифаќа себеси каква што е и умешно се носи со тоа. Но ако и се осеќа комплексот на вишок килограми (или било каков) да и чади низ уши и стално е намќореста, т.е. ни на живо се смее ни на мртво плаче, и да е најзгодна и најубава на свет станува одбивна... Знам дека не е тоа темата но осетив потреба да се доизјаснам
За мене убаво тело е здраво тело,тело кое се гледа дека е одржавано и тело за кое се гледа дека се води грижа. Рецимо спортско тело, но не билдерско на кое фрштат бицепси и тицепси ко на маж, него жена која води грижа за изгледот на истото. Килогармите не изгледаат исто на тело кое е затегнато и е мусклулесто и тело кое се тресе како пача пошто 2 дена спорт нема девојката во животот. Денес ова со облините избега од контрола. Почна секоја девојка која има вишок килограми , значи не облини него килограми да се гледа себе си како Мерилин Монро пошто е со облини а не буцка. Често се прибегнува кон изговорите, не знаеш како им е сигурно имаат болест некоја хормонални пореметувања и сл. Ок ,1 од 10 девојки може навистина има такви проблеми ама останатите 9 ? Тоа е веќе негрижа за себе и своето здравје бидејки како што анорексијата е болест така и дебелината е болест. Што знам мене ми е трагично коа ке видам млади луге , жени и мажи кои едвај одат и 3 спрата во зграда не можат да искачат без да паднат у несвест. Облини ми е некако субјективна категорија. Некој под облини сака големи гради, некој голем задник... За мене е убаво се што е умерено, лично никогаш не ми се допаѓал задник ко Ким Кардашиан или гради кои ниту еден прслук не ги збира.
Не се сеќавам дали сум пишала во темава или сум го кажала моето мислење во некоја слична, а и не е битно, еве пак ќе кажам. Девојка која за себе вели дека е полничка и дека има облини едноставно се теши дека вишокот килограми и не изгледаат така лошо. Не знам светот во која насока оди, но едно е сигурно - има тенденција да прифати било изглед за "добар", со една единствена цел - сите да се чувствуваат пријатно во своја кожа. И да, всушност најбитната работа за една личност е самодовербата. Ама, имам впечаток дека денес самодовербата е сама на сцена, самоктиричноста отиде во бестрага. Јас сум една од оние девојки кои имаат облини. Да напоменам дека минав низ животна ситуација поради која бев силно мотивирана да ги отстранам вишокот на килограми, а тоа го направив со менување на животниот стил, едноставно почнав здраво да се хранам и резултатите се видливи. Изгубив 15 килограми и облините сеуште ги имам. И тогаш и сега се чувствувам пријатно во своја кожа, но сега дефинитивно сум задоволна од она што го гледам во огледало. Сеуште ја немам исполнето својата цел, а тоа е затегнување и обликување на телото, ама откако ќе почнам со физичка активност - резултати секако ќе има. Еве мене ме интересира крвната слика на девојката која е плус - сајз модел. Може е во нормални граници, ама мава накај повисоките вредности. Настрана целулитот, реално девојката си има салце, а тоа е далеку од здраво. Но, од друга страна се девојките од Victoria's Secret кои повторно се претенки. Кога ги гледаме на телевизија или на слика навистина пријатно изгледаат привлечно и фустаните им стојат совршено, но кога до мене гледам девојка со тие пропорции сметам дека е слаба. За крај, како што рече погоре девојката, сигурно секоја втора девојка нема проблеми со хормони, ами со благичко и мрсничко. Да се разбереме, имам искуство со вишок на килограми, па никој не може да ме убеди дека слабеењето е невозможна мисија. Потребно е да бидете упорни и издржливи, јас ви гарантирам дека ќе има резултати.
Дефинитивно и најнормално да Поубаво изгледа секоја девојка со пошироките колкови средните гради со убава форма и задник .. Доли Кастро за мене дефинитивно волшебна е! хаха даа ќе речете користи суплементи можда ваму таму ама битно поентата е дека е природна и тоа е докажано за неа,нема brazillian butt lift или други импланти ! Неверојатна е
http://fashionel.mk/moda/aktuel/ova-e-sovrshenoto-telo Оваа е модел за дебели или за жени кои имаат поголеми гради и задник?
Да за облини, во границите на нормалата секако, и да не се силикони. И јас имам истакнати гради, задник и колкови, а тенка половина, и искрено мислам дека така е поубаво отколку девојки кои се како штица.
Вистинa имa мaлку сaлo пoд грaдите aмa не се ни приметувa тoa, не требa и ребрaтa дa и се брoјaт нели