Не знам како ми било сфаќањето претходно, ама денес знам дека секој облик на тело е убав, само зависно како ќе го носиш самиот. Имено, сум за облини ако ти дала мајка природа, ако не ти дала - не сакам Кардашијан стил, нешто со сила. А, друга тема е што претерани облини веќе наликува...да не речам на дебел човек, ама дефинитивно тежнее кон човек со вишок килограми што е океј пак, само што тоа не се облини. Да, почитувам убави женски облини, ама сакам да гледам секакви облици, ако го носиш твоето тело со самодоверба - ќе блеска и на овој и на оној начин.