Облини, оти, ем е женствено, ем складно тело и ем привлечно.Сега, не зборам затоа што имам облини.Една членка претходно спомна за манекенките, незнам како тој тренд на слабо тело без облини, кој толку многу го величат во светов е нешто убаво.Сепак секој има различна перцепција за убавина.Мислам дека облините отсекогаш биле репер за убавина.
Да, но умерено, затегнато тело со облини, не да виснуваат спојлери од страна Многу повеќе ми се свиѓа така, него коски и кожа како закачалка да и стои облеката
Искрено, мислам дека не делуваат на сите исто, и не на сите им стојат. Некои , пак не знаат да се носат со нив и премногу ги истакнуваат со тесни хеланки и претесна облека, што лично за мене е непријатна глетка. Што не иде, не иде.Облини од типот на Бијонсе,Роси Ханингтон,не знам ете Наоми, Лима, нешто во границите на нормала што е ок ми е тоа.Но облините на Ники Минаж и Ким К. ,сепак не! Невкусно делуваат , некако ту мач ми се. Не изгледаат привлечно. Се што е надвор од границите на нормалата е-грдо.
Јас сум песочен часовник форма, со нозе нешто како на Бијонсе. Не го сфаќајте ова како фалење, така сум градена стварно. Инаку, не дека јас сум таква, туку и омилен вид на фигура за женско ми е, иако сум женско и мене ми е празник за очи кога ќе видам убаво телце со облинчиња. Јас иако сум со облини градена, еден период и јас бев многу слаба и не се разбирам во кој филм сум била тогаш, никогаш не би сакала таква Фешн ТВ линија. Но не ме разбирајте погрешно, има девојки на кои им стои, напротив ако не се градени со облини, тогаш и да ги имаат изгледаат како вишок.
Сé што е претерано - не чини. Да ме прашавте пред да речеме 8-9 години, ќе ви речев дека сакам да сум слаба како цевче за сок и дека си ја мразам формата на телото. Ама откако ја поминав таа пубертетска фаза на идеализирање манекенки од списанијата, гласам за облини. Ама облини во граници на умереност и пред сé - затегнати облини. Ништо од типот на Ким. Па и Бијонси до некаде... Иако на некои слики каде што е малку послаба ми личи на божица.
Ким и Бијонсе немаат затегнати облини, обични целулитни дебели дрофли се, но за да изгледа дека се "стегнати" професионалци го наоѓаат идеалното парче облека кое ќе ги направи да изгледаат дека имат прекрасни облини. Исто и фотошоп игра гооолема улога.