Облини дефинитивно ДА. Но не како оние фејкон на Ким или Ники или која и да е...што е вештачки е премногу.Па уште и пониски се од 160цм, а од страна им се претураат гради и задници силиконски... И Кристина Агилера, повеќе ми се допаѓаше полничка кога беше.
Кога облините се во пропорција со висината и тежината на една личност даваат убав и привлечен физички изглед.
Сум за облини,ама нормални.Личноста да е згодна и да има облини,ама не пренагласени.Се во граници на нормалата.
Не сум за облини ако е сало, малку e покрупна девојката, па ај тоа позитивно ќе биде, облини имала... ДА за убаво, цврсто, затегнато, мускулесто (под мускулесто не подразбирам претерано набилдано) женско тело. Поубаво ми изгледа убаво оформено тело отколку обични облини. Тоа ми изгледа како девојката да не си обрнува внимание на телото, ја мрзи да вежба или да превземе било што за својот изглед Тоа е мое лично мислење...
Ко што гледам сите сте за умерено, ама јас баш сум за ко ким и ники иако немам јас такви облини можно е да има коментари од типот "бљак" ама само кажувам што ми се свиѓа повеќе и што би сакала
Па точно дека жената ја личи со облини,ама не и салото да излегува од сите страни. Облини да,ама не како на Ким. На пример вакви:
Дефинитивно да, облините даваат женственост, жената изгледа многу попопривлечно така. Се разбира има разлика од дебела жена/девојка и таа со облини.