Да , си ги имам и ја и си ги обожавам.Само ме нервира коа треба да купам фармерки. Е тогаш сум душа измучена
Da,imam oblini i si gi obozavam normalni se razbira...Za primer ke ja zemam pejackata Nikol zenata mi e sovrsena vo teloto...
Облини ДА - па нели тие се главна одлика на женственоста!!! Многу ми е мило што во последниве години почна да се менува убедувањето што владееше мегу младите девојки - само слабите (читај преслабите, анорексични) девојки се згодни и убави!!! За среќа светов „повторно“ ги откри женските облини и повторно им се восхитува!!!
Во последно време многу почна да се форсира тој изглед со големи облими, сите страни и магазини се преполни со Ким Кардашијан и некои цуци налик на неа, а се исфрла оној слаб манекенски изглед. Јас сум за некоја златна средина, ни претерано со облини ниту пак тело на кое се познаваат коските. Лошто е што секоја девојка со вишок килограми почна да се идентификува со Ким и да мисли дека има облини, па мотивацијата за средување на телото почна и да опаѓа. Секоја втора девојка во град е „стегната„ во хеланки од кои е видно испакнат задникот кој слободно можам да кажам е конкуренција на Ким. Лошо е што мислат дека се многу згодни и воопшто не им текнува дека треба да припазат на храната и физичката активност, пред се заради здравјето и целулитот кој не е пријатен за око. Не е ова критика, не се чувствувам компетентна да критикувам некого само сакам да укажам на тоа како лошо влијае овој тренд врз девојките. Колку што е добро тоа што престанаа да се форсираат ковчестите тела на манекенките и се покажа дека и девојките со облини можат да бидат секси, толку е и лошо затоа што сега ќе имаме проблеми со дебелината наместо со анорексијата. Облините најмногу зависат од конструкцијата на телото, или ги имаш или не. Уствари можеш и вештачки да си ги направиш на пример: Прекрасно тело, ама зошто го напумпа задникот толкав? Преголем и е во однос на визината и контрукцијата на градниот кош, барем нека стави силикони за да биде сразмерна, вака изгледа само како задник со нозе. Телото треба да си го одржуваме и обликуваме во зависност од нашата природна конструкција, да си ги зачуваме предизпозициите за облини ако веќе ги имаме или пак да си останеме слабички наместо да се пумпаме со сила за да добиеме облини. Секако сум за затегнато тело, и големите облини треба да се затегнат за да изгледаат привлечно. Некои идеални тела според мене:
Златна средина е работата. Ама не сите сфаќаат што значи облини. Си мислат 20 кг. сум потешка од што треба имам облини. Ама не е баш така. Јас си признавам си имам вишок на килограми . Често за да не те навредат ти викаат облини ова она. Не бре си имам салце и вишок килограми, а да и големи гради . Кога ќе видам девојка слаба исушена ко без живот, просто ми е жал да не ми умре тука пред мене. Ама и дебела кога ќе видам не ми е нешто најубава. Просто златна средина .
@mims-89 Се сложувам со тебе! И со @trlala И за мене идеално тело е некоја златна средина.Ни премногу изразени облини,кои повеќе наликуваат на дебело,ниту пак премногу слабо,каде телото личи на искривено дури. Во последно време премногу почнаа да ги уздигаат наводните "секси облини" на Ники Минаж,на Ким,Иги и сл. И сите девојки пополнички почнаа да се споредуваат и да се пронаоѓаат дека се како нив, а мене барем, тоа воопшто не ми се допаѓа. Самиот доказ колку изгледа неубаво и "секси" како што мислат повеќето,толку многу изразени облини,беше последната фотосесија на Ким,во која таа е целосно гола.Но сите имаме различен вкус секако, и на некој можеби тоа му е убаво и секси во вистински смисол. Според мене идеални тела ми се налик на ова. Убаво распоредено,ни без ништо ни премногу.И сликана гола и облечена целосно све и стои, и ѝ личи.
Се согласувам убаво изгледа вака. Ама да се разбереме КИМ И НИКИ имааат тело бљак. Ама Иги а е баш ок е тоа е според мене облини, а не како подуена во газот
Те читам и како јас да сум го пишала ова хехе истиве коментари ги давам. И јас сум за златна средина и да ако продолжат да се споредуваат со Ким ке има проблем со дебелина. Гледам жена и маж со по 100 кила седнати во сенвичара бутаат хамбургери како да е крај на свет..ок не ги осудувам нивна работа возрасни се можат да мислат што прават, ама жално ми беше што го видов детето нивно кое беше 3-4 годишно со вишок килограми па и тоа хамбургерот пред него... нејсе избегав од темата ама морав ова да го спомнам:/.
Iako ne se vikam Sladjana se slagam deka Niki ima bljak telo. Nekako e niska nabiena, napolneta so silikoni, kako tapacirano mece e. A ona si misli deka kojznae kolku e zgodna. Epa ne e, treba da i bide jasno.