тука и јас те чекав тебе да почнеш да тресеш празна сламаа ти не ме испровоцира на твоја голема жалост туку ме насмеа и тоа слаткоо со твојот пост и прочитај убаво никаде не коментирав физички изглед за да навредамм туку си кажав свое мислење само ии колку жената ,поточноо поимот жена што си ја постирала ти изгледа нездраво и далеку од привлечно. Се знае што е убаво умерени облини на убаво слимм тело ,затегнати и пред се здрав изглед на телото и секако без салото што го потенцира ти хаха нооо секој си дели свое мислење и има право на тоа пааа дури и такви како тебе што си обожаваат и преферираат полни луѓе со сало на бутовите и нозете и така натаму.Има време ќе сватиш колку е нездраво токму тоа и колку изгледа неубаво.Паа на крај краева зарем секоја втора жена- девојка би се трудела толку многу за да не изгледа така ,со разни напорни вежбања и диети ?! Па да е навистина здраво и убаво и секси секако дека не би се труделе толку. поздравче
Значи секое мислење на темава знаете како изгледа, оние кои имаат облини преферираат облини, а оние кои немаат облини преферираат тело без облини. Ретко кој е неутрален, да кажеше некоја слабичка дека сака облини или некоја со облини дека сака слабо тело без облини добро ќе беше... Така да ова со комплексите немој ти се молам, барем облини е многу полесно да се направат одколку манекенско затегнато тело. Облините се знае, ако сакам ќе одам секој ден за доручек, ручек и вечера во 7ца и ќе кревам тегови и ќе видиш за два месеца какви облини ќе направам, ама оди вежбај со години по тератани и чуда па напрај манакенско тело и одржувај го. За тоа дека е многу побитно што носиш во душата и главата одколку тоа каква груда или задник шеташ на сите ни е многу јасно, но за некој да посака да те запознае и да му привлечеш внимание пред се треба да го привлечеш и визуелно. За среќа за секој тип на женско тело има соодветен машки вкус. Некои попрво ќе и пристапат на полничка девојка, некои ќе се залтаат по таа со јаките облини, а некои на ковчестата. Ако некој си се чувствува убаво со вишокот килограми баш ми е мило, на крајот од денот најбитно е да сме си задоволни самите со себе. Во спротивно секогаш може нешто да се преземе.
I jas isto mozam da zaklucam. Edinstveno sto gi svativ deka site se soglasuvaat e deka oblinite se vrsta krivini. Za sve drugo nemozat da najdat zaednicki jazik.
Да, еве на пример, според мене, девојките на VS немаат облини. Тие се слаби, и не ми се допаѓаат. Искрено не би сакала да имам такво тело. Повеќе ми се допаѓа телото на Бијонсе или JLo..
Сакаш да кажеш дека слаба девојка не може да има облина? А што е со сликите штo ги постави @1209. Девојките се слаби ама и тоа како имаат облини. Редактирам бидејќи сакам уште нешто да кажам, мислам дека некоја девојка и претходно го кажа тоа на темата, дали ќе имате облини или не пред се зависи од формата на вашето тело. Доколку имате машка форма, или ајде да се изразам погрубо како црево салама, колку сакате слабејте, нема да имате облини- нема да сте веќе салама, ќе бидете форма виршла, ама пак ќе си бидете без никаква облина. Исто е и ако сте форма јаболко, ќе ослабите, ама само ќе станете мало јаболко, без пропорнционални облини. Не секоја закривеност на телото е облина, и има разлика од облина до облина, мислам дека тука настануваат несогласувањата на темата, но она што е важно е дека сите треба да настојуваат телото да им биде затегнато и цврсто, и да настојуваат да го извлечат максимумот од него. Со правилни вежби секој тип на тело може да се доведе до едно па и неколку нивоа погоре од почетната состојба. Тие слики на @Cka се ептен фотошопирани, посебно првата слика, и точно е дека се девојки со облини, само дефинитивно со поголеми облини, и сигурна сум дека доколку не биле фотопопирани немало да ја имаа таа пропорција меѓу горниот дел, струкот и долниот дел. Пак ќе кажам, секој треба да си го прифати типот на телото што го има, и да се обиде да го направи што е можно поубаво, затоа што ретко е некој совршен, обично тие што немаат никаков струк и задник, имаат големи гради, или тие што имаат поизразен задник немаат толку гради, итн, ама се изгледа поубаво кога е затегнато, цврсто и здраво.
А каде споменав дека Бијонсе или JLo се дебели? Ај прогуглај и види како изгледаат. И не ги коментирав сликите на фемиката која ја спомена ти.
@sesilija се сложувамм со тоа што го кажа а и јас го нагласив во претходниот пост.најбитно е телото да изгледа затегнато здраво и тука нема никаква дилема околу тоа.и кој и колку сака може да го збори спротивното ова ќе си остане. а @anina не дека не сакаш ти да имаш тело како ангелите на VS туку неможеш да имаш па одма тука следат коментари од типот несакам гадни се слаби. а уствари СОВршенИ се дури и повеќе од тоа.Имаат умерени облини и убави цврсти и затегнати тела а и тука ако ја додадеме и висината која не е прашањето тука ии совршенство. а и пред се што е најважно изгледаат многу здраво.
Дали ти се обидуваш да навредиш некој кој нема исто мислење како твоето? Не зборуваме за мене и тебе, туку што изгледа убаво за твоите или моите очи. А ти може да имаш такви облини како на VS? Секој може ако се потруди. А јас после вториот пораѓај, имам повеќе како дебелиот газ на Ники Минаж Во постот над мене има убави облини
За мене убава девојка со облини е онаа која е слаба, стегната и понадарена во градите и задникот од класично слаба девојка. Не ги вклучувам девојките со вишок килограми, т.с покрупните во мојата замисла на секси девојка со облини. Да и они имаат облини,некои од нив знаат и добро да ги носат, но се без тенка половина и најчесто незатегнат вишок.
Проблемот е што идеалот за убавина се менува со текот на годините па и вековите. Во среден век секогаш се преферирале полни девојки со исклучиво бел тен како што @Cka ги постираше, а оние што биле слаби и со темен тен биле поим за сиромаштија и непривлечност. Во палеолит да не збориме каков бил идеалот за женската убавина ... Доволно е да ги видиме божествата што луѓето ги величеле, а се со енормна стеатопигија (читај изразено сало околу колковите и стомакот). Денес жените што ги сметаме за идеална претстава на убавина се истите оние кои ќе здосадат за некое време бидејќи мажите се` повеќе се заситени од истите калапи чија бројност се зголемува со секој нов ден. Нема веќе паѓање во трансови заради некое совршено бомбастично тело бидејќи тоа станува секојдневие, а штом е секојдневние значи е обично и неинтересно. Голема „прашина„ се крева и се пишува за Ким Кардашијан бидејќи не влегува во тој калап и затоа предизвикува реакции (позитивни и негативни). Нејзиното тело е доказ дека луѓето се желни да видат нешто што е во нестандардна форма кога е во прашање наметната стандардизација во новата ера. Денешните девојки и момци се истите девојки и момци што се ценеле во античкото време кога е во прашање надворешниот изглед. Сега ти пресметај колку векови се поминати од тогаш за повторно да се врати истиот идеал, односно колку ќе поминат откако ова ќе здосади?
Така е, исто како што секој маж е Бог, како на пример овој дечко. Спојлер: отвори на свој ризик На темата... одредени периоди носат одредена мода во изгледот на телото и кај мажите и кај жените. Мажите на пример, во моментов добиваат на цена ако имаат голема брада. Тоа се смета за мажественост и привлекува. Жените со големи задници исто така се во мода, тоа се смета за женственост. Но, факт е дека модата минува, а универзалната убавина останува засекогаш. Мажите генерално сакаат девојка која е поситна од нив, за да можат лесно да манипулираат со неа во кревет. Затоа е и она правило дека дечкото треба секогаш да е поивисок од девојката, зошто по логика треба да биде покрупен од неа за да може да ја грабне, да ја притисне и да ѝ натежне во кревет. За мене, облини или не, сеедно е. За мене убава и привлечна девојка е онаа која се грижи за себе во секој поглед, ако е преслаба да се потруди да се здебели, ако е дебела да се потруди да ослаби. Има девојки кои немаат ИЧ облини, ама се страшно привлечни. Има девојки кои имаат премногу облини, во превод се прекрупни за стандардите, ама знаат да ги „фрцкаат“ прекрасно. Важно е да знае девојката што има и да се потруди да дојде до совршенството кое Бог и го дал и секако, да биде среќна и задоволна со она што го има.
Мноогу голем пост напиша а што ти беше целта и намерата да кажеш незнам но сигурно многуу забега од темата. какооов среден век и нова ера и палеолит и какви желби на машките за тоа како сакаат они да изгледаат една девојка или жена. хаха како прво една девојка или жена треба да се осеќа удобно во својата кожа и тело што го поседува и истотоо да го сака првенствено она.а за другите кој бере гајле и слично и на кого му е гајле какво тело е во мода и ред други работи. бог да чува.тука ја гледаме интелегенцијата на луѓето Овде правиме дускусија и даваме свој личенн ставв дали повеќе сакаме облини или не. некој убаво си се изјаснуваат,некој лечат комплекси некој зборат сосем трето што е вон темава Аа факт е дека најубаво е телото да изгледа здраво и убаво затегнато и без сало на него и без вишок и секакоо да е убаво и пропорционално распоредено според фигурата на телото.убаво кажа една феминка горе огромни облини и многу изразени многу лесно се постигаат ама ај земете континуирано негувајте убаво затегнато и здраво тело со доволни облини кои му стојат и одговараат на истото
затоа што беше цитирано моето мислење и под него еден куп безсмислени работи кажани што немаат никаква врска со мојот пост. и ајдее искулирајте сите што се напнавте околу ова прашање. кој сака нека дава мислења и дискутира кој сака да лечи комплекси нека си ги лечи на друго место.
Зошто за пример ги земате ови светски прчли, зошто малку не се симнете на земја за да сватите дека ни они не се толку совршени како што изгледаат на тв, или овие исфотошопираните? За мене да би била девојката секси и привлечна немора да има незнам ти ни ја какви облини, ниту како Шакира, ниту Бјонсе.... едноставно сакам да биде природна, со природни облини а не силикони и разни потунки кои ги користат за да имаат совршен задник или гради. Облините не значат по дифолт дека таа особа ќе биде секси, за да бидеш секси во реалниот живот ти треба многу повеќе од облини. Се надевав дека за сиве овие години ќе сватите дека тие што ги гледате по весници и интернет не се толку совршени туку користат совршена технологија ама не вреди. Гледам еден куп слики од извештачени девојки како пример за идеални облини и воопшто идеална девојкаи косата ми се крева нагоре поради вашето слепило. А, само колку пати сте се увериле кога ќе им се лизне да стават реална слика без шминка, дека вие сте многу поубави од нив.
Јас па имам од прилика вакво тело, само со маааалку поголеми гради од девојкава Уствари сеа ми се така дебели нозете, пред некое време ептен си се сакав. Е сеа некој си ја поставил сликичкава за некое си свое мислење за совршени пропорции ама јас па не си се сакам ваква Да си бидам реална. Од секогаш сум имала такво прчасто газе ама откако се подздебелив нозете ми стаанаа баш како на сликава што за мене се дебели. За мене идеално тело си е со пропорции колку градите толку газето. Вака покрај толкави гради и струкче колковите ми делуват огромни а со тоа и задникот. Мака мачам да си ја вратам формата од пред некоја година, да си ги ослабам нозете ама не и градите и мачно ми е не знаете колку. а кога ќе ми текне па колкави ќе ми бидат колковите кога ќе дојде ред да бидам бремена ми се плаче Е сеа од ова на ВС девојкиве што ја започнавте темата мене па и не ми се допаѓаат баш телата. Доста од нив имаат ептен грд стомак, затегнат да со мускулчиња ама некои од нив многу машкудански ми делуват во теј предел, e на пример овие конкретно Сеа ќе ме нападнете одма дека сум љубоморна ама секој си има различна перцепција за тоа што е убаво. За разлика од нив Candice ми е баш совршена си има и стукче ама и затегнато стомаче, кај овие погоре не гледам јасно изразен струк Како и да е само да си ги ослабнам нозете и ќе бидам повеќе од задоволна со изгледот Иако можеби би сакала поголемки гради ама тоа и не е до мене таква ми е градбата можеби во иднина би ставила силикони Како и да е ете за мене не е совршено ни тело како на Ким или Бијонсе нити па премноу слабо, златна средина. затегнат стомак со маааалку мускулчиња, слабички нозе исто со мали мускулчиња јасно изразен стук, прчасто газе ( не големо) , и нормални гради ни мали ни големи. Е какко оние што ги поставувате во темите за мотивација еве како оваа
Da, i ja sum kako ovaa poslednata no gradite mi se pogolemi Sepak si gi sakam taka, sekoj spored licniot vkus za oblini