Со дечко ми се договараме да играме игра но ако некој победи треба да направи или да даде нешто. Но не ни текнува ни на еден што би можело да биде тоа.Ваши идеи...??? Koj e најлудиот облог на кој сте се обложилее?
Хмм широк поим е темава, зависи какви ви се односите, какви вкусови имате... Размисли што би сакала да добиеш ти од него, како награда за победата и тоа побарај го
бељот или нешто со карти тој шо ќе изгуби да слеква едно по едно од алиштата,јас и дечко ми играме редовно и е многу интересно :up:
ха ха ха незнам во што се кладев ама знам дека беше со другар, на мсн, му кажам дека ке останам подолго од него он лине.. на друг другар му кажав да ме покрива..мама ја седнав на писи јас излегов...кога с евратив тој беше офлајн..а јас победив
Играјте на бакнежи , ако ти победиш треба тој да те бакне 10 пати како што сакаш ти , а ако тој победи ти го бакнуваш него како што тој сака, што е поубаво од тоа да дадеш бакнеж, има многу работи на кои би можеле да играте, хмм на пример ако победиш тој нека каже што да направиш ,доколку е обратно ти кажи тој што да направи или на реченици тој што губи треба да каже 5 реченици во кои што 1. кажува колку те сака,2. што најмногу сака кај тебе ,3. што би сакал да направи во иднина ,4 што би сакал за роденден и 5-тата реченица нека биде исполнета со некоја рима или некој текст од песна што сака да ти го посвети, се надевам ќе ти послужи некој од овие работи што ти ги набројав(мене лично ми текнаа , односно некои ги имам практикувано, а некои допра ќе ги практикувам , само го чекам вистинскиот)
Ние понекогаш наоѓаме игри со нивоа , и кој победи си кажува . Јас скоро никогаш не кажувам зашто не ми текнува ништо , иначе он секогаш кога ќе победи вика да ми играш маче и само на збор си е Можете да земете карти и да влечете , и пример ти поголема карта и тој соблака едно нешто и обратно , ова не сме го направиле ама во план ни е А за други работи што да кажеш не знам , реков дека ни мене не ми текнува
Се обложив за нешто и го добив облогот ... се работи за добра сума ..не ми е до парите нема да ме збогатат ниту да ме осиромашат ако изгубев.Но мразам кога некој упорно ме убедува во нешто што знам дека не е така.Мажите понекогаш знаат да бидат тешки ,но мразат кога губат.И што велите да бидам злобна да ги примам, или да бидам сожалива па да му простам за тврдоглавоста и инаетот кој го истера а скапо ќе го кошта
jas ednas se oblozuvav so mojot najdobar drugar i izgubiv.a kaznata bese da se dodvoruvam na prvite 5 maski koi ke gi sretnam v grad ova mi e najlud oblog
најлудо обложување ми било во сите гаќи што ги имам. и замислете изгубив али среќа не ми ги земаа се сожалика. а за игра ние со дечко ми имаме едена коцка на која се испишани 6 луди секс идеи ја вртиме и кој што му се падне тоа прави.
Јас се кладев на фудбал кој ќе победи...со дечкото!........Убаво ќе биде јас да победам....ќе види што казна ќе добие ! Тешко мене ако изгубам...којзнае што ќе му притекне...него да правам!
бев една година на одмор со друштво и незнам се кладевме со еден другар ама ич не ми текнува за што беше во моментов како и да е изгубив и мораше да рипам од мост
Во кладење најчесто ми било со пари... Секси облози за со партнер куп ми шантраат низ главчето, ама де примени ги.. Ќе си почекам јадна јас уште неколку години, па после наеднаш surprise. Кога сме играле Магарец од досада имало доста луди за кои солзи ми течеле, и секако јас не изгубив. Оние од типот да испиеш литар жешка вода со кечап, шеќер, сол, мајонез внатре...Потоа имаше интервју на пензионери...
Колку облози сум изгубила, толку и сум добила. Им нема број искрено. Најчесто се обложувам со другарките онака кога ни е здодевно, во ситни работи, како чоколадо, мала сума на пари и слично. Понекогаш и кога играме игри со карти се обложуваме. Забавно е, признавам.
Освен стандардните облози на Милка чоколада, еднаш со другар ми се кладевме ако изгубам да му се пуштам на дечко што тој ќе го избере. И број да му земам! И изгубив...и ми го избра најдебилниот дечко од кафичот, ама преживеав, за среќа се извлеков без да му го дадам мојот број. Последниот добиен облог беше за парфемот Miss Dior Cherie, оу јеа
Незнам што игравме(битно не изгубив јас).Казната беше тој што ќе изгуби да оди во продавница и да праша колку пари е кондомот(и откако продавачот/ката и одговори) после да рече епа дајте ми шпагети (предизвиков ми го кажа сестра ми,ама и јас го применив во ситуацијава.Се изнасмеавме) [Btw казна ја кажав на почетокот на играта сепак не беше местено за некој ]