Драги жени, да споделиме мислења. Се обложувате или не? Забава или зависност? Сте добиле, не сте добиле, што играте најмногу? Дали вашите блиски се забегани по обложувалници, дали ви пречи или и вие играте со нив? Сами составувате ливчиња или се консултирате со некој кој се разбира или од многуте сајтови на нет? Имате ли омилена кладилница, најголема добивка, дали е се' до среќата или има барем малку знаење во обложувањето? Воедно, во темава можеме да си постираме и типови за обложување за тековни натпревари, па којзнае - можеби ќе ни се посреќи пред Нова година
Cе обложувам ама поретко,ептен ретко повеке на коњски трки,некогаш и на кучиња и на фудбал секако Hајмногу имам добиено 6000 денари и поситно вака Jас од забава го правам за релаксија,мажот ми зависен е премногу Hе ми смета,ама ме нервира понекогаш Jас со мажот ми правам комбинации,тој сам -искусен е за таа работа дури бевме таму одевме во премиер,депортиво ај ке споделам некоја комбинација,ке се консултирам со мојов
Значи сама не се обложувам и немам ваква навика. Понекогаш ако дечко ми прави некое ливче може заедно со него да се вклучам да кажувам и јас нешто, иако не сум експерт . Мене ми е забавно и сметам дека не сме до степен на зависност . Значи секогаш кога уплаќа тој, тоа е на мал влог, а имаме добиено до сега неколку пати. Инаку од моите дома никој не игра, па и од поблиските. Мислам дека сепак најголема улога игра среќата. Колку и да се разбираш, ако немаш среќа залудно играш
Ауу кај мене маживе од фамилијава ми се чини оболени се од уплаќање. Особено брат ми и братучедите. Порано стварно не ги разбирав, ама сега откако си живеам со двајцава потпаднав на искушението па знам некогаш да учествувам со некој денар. Сама да напишам? Виц!
Девојки, срам да ви е, јас очекував да пишеме по некој тип, да си помогнеме, па да уплатиме, можеби ќе фатиме некое париче, а вие...? ц ц ц ц Јас порано играв многу, скоро секој ден , сега ретко, дали 1-2 пати во две недели. Инаку, играм обично фиксови, 1 X или 2, а понекогаш кога не ми се чека, ставам 4-5 утакмици само прво полувреме 2+ и ги темпирам и од ист час, за во рок од 45 минути да го скинам ливчето и да го фрлам во канта. Омилена кладилница немам, уплаќам во која ќе ми се најде на пат , во Спорт Лајф, Меридијан, Златна копачка и една мизерна маалска кај мене во зграда, која нон стоп ми краде на коефициенти. Некогаш кришум препишувам од едни дедовци на кои кладењето им е единствена занимација и опсесија. Најголема добивка ми е околу 9 000 ден. со уплата од 100. Повеќе од 100 ден. не сум уплатила никогаш, срце ми се кине за повеќе пари.
Е Трендафилке темава ти е супер Јас морам да си кажам сум фанатик за спорт од секогаш, обожавам да гледам се ама баш се од скијање до пливање...фудбал, кошарка...Кога сум во друштво на мажи кои недоволно ме познаваат несакам да се расфрлам со коментари но најсмешни ми се нивните фаци кога ќе ги исправам за некоја неточна информација која "експертиве" знаат да ја пласираат. Но небитно е сево ова, муабетот е за спортската-се на се сум уплатила едно десетина ливчиња што сама што со колеги,пријатели. Сама последен пат уплатив на денеот на отварањето на Светското првенство, ги изиграв четирите натпревари и си реков В ако фатиш имаш право да се обложуваш и во наредниов месец дена додека трае првенството...тоа ми беше и последен пат Несакам да играм спортска бидејќи таа нема ама баш никакви допирни точки со спортот, може да незнаеш ништо ни за тимот ни за играта ни за играчите и случајно да добиеш, или обратно да знаеш кој е повреден кој е негова замена дали односите на играчите во тимот се ок или никој со никој не зборува и пак да те "зезне една во 90минута". Ова е ми се чини омилената реченица на сите страствени обложувачи. Феноменот на обложувалници во Македонија е во голем подем, јас тоа си го поврзувам со желбата за брза и лесна заработка во општество кое и те како е во лоша економска состојба па ова му доаѓа како брз и лесен пат за некој денар плус. Во продолжение еден линк од интересна страница која ја фалат дека дава прилично точни типови па девојки ако сте за заработка пред празнициве повелете се надевам ќе погодите.Јас ќе се радувам за вас а сама да играм немам нерви и за вложени 50 денари се нервирам како да сум уплатила 500евра http://www.bozinovskaa.bloger.hr/
Порано никако не можев да замислам да напишам тикет да играм спортска...ама сега,поточно пред некое време се вработив во кладилница и замислете колку се заразив со кладењево на секој втор ден си пишувам по некој тикет ама да признаам повеќе од 50 денари не давам не можам да кажам дека многу добивам што некој би помислил дека би требало дека со тоа работам ама барем си ги враќам парите и некако ми е интересно ...
Шала на страна,арно вика Трендафилка...не која како игра,колку знае,пишете некоја комбинација за тикетче,па сега ако погоди,сите ќе фатиме! Карина ја чекам на темава,два дена по ред еднаш фати!
Јас ќе го прашувам дечко ми и ќе ви пишувам комбинации. Он многу се разбира ама никогаш не уплаќа, само ги типува така Ај па може и јас ќе се заразам со ова кладењево, може ќе ми се посреќи. А досега немам уплаќано ниту еднаш
Mене дечко ми или некој другар ми каже утакмици и јас одам уплатам. Од преднеколку месеци почнав да уплаќам и сум фатила до сега два пати. Првио пат зедов 1 072 ден. а вториот пат 410.
Моми, утре е петок, излегува билтен, да засучиме ракави и да си го заработиме лебот. Сега сериозно - пишувам тикет утре. Ќе го ставам и тука како предлог. Да се поконсултирате со сите кои се разбираат малку од малку. Работата е озбилна.
Ааау јас не ви ставам,ќе бидам препишувачка.Овој мојов се за една гори,па после пцуе,вика а мислев така да ја ставам!Вол глупав!Мислев и таа да ја ставам!У 90та ми примија гол,само таа ме заеба! Така да,не,не,не... Дајте ваму некое тикетче и да прославиме нова година потоа! Утре коа ќе седнувам на фемина со ливче и пенкалце ќе седнувам!
Дечко ми е зависен од спортска и тоа премногу. Секогаш поддава и често фаќа,а некогаш и не.Што е најтрагично јас никогаш не поддавам со него или барем да препишам ливче,а можам да си искористам.Ретко ептен некогаш и само еднаш во животот фатив и тоа 600 ден.Ништо. Ајде од утре натаму кога ќе поддава дечко ми ќе ви пишувам како типува.(ама не сум крива ако го туркаат некои утакмици),а има високо познавање од спорт.
Божице, зошто мислам дека блогот е твој? И јас утре ќе седнам на фемина со ливче, мора да се опариме пред Нова Година, само дали некоја ќе ги сподели нејзините комбинации ?
^ ОООО НЕ! Блогот е хрватски ми се чини, а презимето и мене ме чуди по кој повод е на -ска! Премногу е профи за да биде мој . Сепак и јас не ги знам тимовите во втора данска или лигата на Чиле! Незнаев дали е во ред со правилата на форумот да поставувам линк од блог, ако сум погрешила се извинувам!
Абре уживај, каква грешка, и јас ќе ставам некој блог од тие демек најуспешните блогери. А девојкава ја знам, добра е. Ама денес петочно утакмици нема Само две кошарка и се' останато хокеј, ќе си помислиме до недела. Во недела има еден куп утакмици.
Јас ретко уплаќам ама знам да се залетам. Имам фатено само 2 пати по 1000че Дечко ми што да ви кажувам по многу уплаќа, ама и си фаќа човекот и до 15-16 000. Ај ќе го прашам викендов, па ќе пишам некоја комбинација.
Блогот не е хрватски, само е поставен на хрватски домеин, гледате на страната бројот за контакт е од вип- 077. Како и да е, чекаме ливчиња за во Недела, ако фати една сите да фатиме. Карина упорно ја избегнува темата, ќе се караме
Да, Божиновска е наше македонско девојче. Сакам да ми биде bff. Јас вечер ќе се видам со едно другарче и ќе се поконсултирам, а и татко ми доста добро типува. Неговиот проблем е што е лаком и за 50 ден. сака 20 000. Епа не иде. Ама ќе напишам до недела неколку тикетчиња, за илјадарче или две не би требало да е голема филозофија (секогаш се тешам со ова, а не можам ни 500 ден да фатам).