Разглеувам он лине билтен и се мислам по ладново да уплатам едно ливче да вииме како ќе тргне годинава, а не за друго треба да се платат часовите по аеробик од 10ти Едно сигурно па чекам да видам што ќе кажете да се оди до клаилница или не Вулверхемптон-Челси 2 Атлетик Билбао-Барселона 2 Њукасел-Вестхем 1 овие како сигурни, а дали да ризикувам со Блекбурн-Ливерпул x Арсенал-Манчестер Сити 1 Евертон-Тотенхем x
Не знам зошто брат ми ми рече Челзи да не сум ја пишувала Евертон ја играм г.г. и за Манчестер се мислам како да ја пишам другото хокеј ќе го пишам поголеми се коефициентите и полесно е за фаќање Да го спремам ливчево и ќе ви го кажам
Невернички едни,у очи Божиќ ќе ми се коцкате тука. Се шалам,дајте еден добитен тикет,тикет,тикет,тикет,тикет!Делиме пола-пола,лажам,ама ќе бидам многу благодарна! И не туку ми се мислете,кажете еден конечен,зошто јас за се знам да мислам,ама за спортска не знам,ќе ме ставите на гајле! Ееее да сте ми живи,пишете тука ливчето за хокеј со нагласок за ЛИЛИТ зошто ќе се изгубам у толку имиња и бројчиња.Штом така работа,сакам брзи и лесни пари,зошто така и ќе си ги потрошам.
Ќе ме навлечете и мене на ова пак Порано уплаќав по нешто, ама само еднаш сум фатила, и тоа кога уплатив на заебанција. Мислам дека играше Арсенал (или некој сличен од Премиер, битно победнички тим) против некоја си таму екипа што првпат и' го слушнав името, ама јака беше тој период во Премиер Лигата. Одбрав неколку натпревари, плус оваа што имаше висок коефициент за победа на анонимната екипа, и го уплатив за 50 ден. Сите другари на тогашниот ми дечко, секако и дечко ми, беа зависни од обложување и уплаќање ливчиња, демек сигурно знаеја како ќе завршат сите натпревари, ме убедуваа да не правам грешка. Ама јас, магарешки инает, си го уплатив ко што сакав, и добив некаде околу 4500, мислам. Оттогаш не сум уплатила, ама сега ме настрвивте
Какво ливче си имав вчера, за мерак, ама не, јас алчната ставив уште една хокеј, ништо посебно, од 1.40 и само таа ме зафркна, го гледам сабајле тикетов и ми се иде да се убијам Значи, одиме понатаму, за денес Panionios - 1 Llianeli - 2 Bolton - 1 Chelsea - 2 од овие другиве ќе си направам едно историско долго ливче за некои 30 ден. и сигурна сум дека ќе биде подобитно, отколку "сигурниве" АЕК - 1 Аrsenal - 1 La coruna - GG Malaga - 2 Egypt - 1
^Ти ја крадам и Болтон и ќе уплатам и јас. Само фудбал, сакав нешто тенис ама во Австралија веќе се изнаиграле-многу рано стануваат
Трендафилке,ливчево повеќе вкус на сладолед,слатки и боза ми има,отколку на пари. Дајте уште нешто да присоберам,две стотки решени се да се стават!
Види, тоа првото ми е пратено по смс од тие прогнозерите што си наплаќаат 106 ден. кома нешто ддв за порака. Нивните вчера и завчера беа без грешка. Тоа што јас сум паметен алхемичар и од ништо сакам да додадам нешто си е мој проблем. Ама првите 4 треба да се троа посигурни. А второто шаренило си е мое, јас си играм и гол-гол и соблечен-облечен Сериозно, ако и денес не фатам, не играм.... цели 3 дена после!
Браво за темава, не сум знаела дека волку девојки играат спортска, мене обично ми се чудат.. Јас од дечко ми се префатив, он стално пишува и сирот никако да фати, секогаш кога ќе го заебе некоја вика "е мислев така да ја стаам ама глуп сум ја, а знаев дека така ке испадне".Мада ни ја не сум фатила многу, се ситно, еднаш 1100, еднаш 750 и еднаш 130 хахаха ајде и јас ќе разгледам билтен што има за денес, па ќе се убацам Еве го моето сега што го напишав, па да видам ваше стручно мислење хахах Bolton-Wigan 1 Newcastle-West Ham 1 Ath. Bilbao-Barcelona 2&3+ (комбиниран тип) AEK-Kerkyra 1 Llanelli-Bangor 2&3+ (комбиниран тип) Lа Coruna- Cordoba 1 Benfica-Olhanense 1&3+ (комбиниран тип)
Последен пат упатив спортска за светсково фудбал што беше. Инаку фудбал неам појма, тогаш ко демек другари ми ги кажуваа ама ништо не фатив. Тенис чат пат глеам ама тоа никад нема ставено и хокеј ми е интересно може на тоа да се навлечам. Ајде давајтее прогнозии
Во ВилХил или Златна копачка, некаде околу 12 и нешто ситно. За 100 ден - 1200 и кусур. Страв ми е само да не додадам некоја бесна , како вчера Davos, и за 1.42 да изгубам убави 4700 ден. Добро, некое машко вака солидарно да ни се приклучеше на темава? Дами во неволја сме, не е шала.
Јас се консултирав со она моено баксузче и ми рече арни се,само да не се пурјачам да додавам мое или пак него да не го слушам за плус една зошто сигурно ливчето ќе испадне какано!
Дечко ми накај 17ч. ќе се врати од работа и ќе го прашам. Од колку часот играат тие Трендафилка што ги напиша ?
Аааааааа, јас консултација со моето малерче ЈОК! Морам скришум со брат му да се "констатирам" и тоа без да знае Хугото, оти отидовме јабана, дотолку е малер бре. Него Лилитке, ако бидне како беше - боза и шампити и еклер сакам! Не, озбилно, овој смс тип е на Маријана1x2 и тој Распучин, нивниот е најскап, други имаат смс прогнози за некои 30-40 ден, а и тие не се лоши. Само да не се полакомиме...
Panionios - 1 Llianeli - 2 Bolton - 1 Chelsea - 2 ТРенди Кај мене во билтенот ги пише дека Челзи и Болтон Играат заедно Ќе може ли да ги напишеш уште еднаш ама поубаво
Скајче, од кој ден гледаш билтен, бајат ти е изгледа Bolton - Wigan - 1 Wolves - Chelsea - 2 Llanelli - Bangor C. - 2 (овие се од Велс)
Хахахах е изгледа ...брат ми ми кажа нов и јас одма да видам. Фала ти !!! Вечер ќе пишам и ќе ви ги пишам тука.
Eве и јас имам некои комбинации со мажот ми,заедно ви пишиме New castle-1,Totenham-X2,chelsea-2,deportivo la coruna-1 инаку ги имам истите комбинации од трендафилка и скајче