Бог да чува, овие Фиорентина не се нормални од 1:2, успеаа да стигнат до 3:2. Секоја чест Ама затоа Лацио, ах леле, Лациоооооооооооооо
Да бе за Фиорентина, јас веќе баталив ливчето а гледам после 3-2 Ама во Италија денес резултативе катастрофа, ништо не излезе како требаше Еве гледам Еспањол водат 3-0, ај уште Олимпијакос и Гимараеш да ги фатам Првпат пишав систем денес, горе имав 4 фиксни, а под нив 3/4 натпревари.Лошо една од системот е одложена И сега помалку ќе биде добивката ако фатам. Да ве прашам како се пресметува добивка кај систем, овде во можна добивка ми пишува од 240-1120 ден.
Леле ама се напнав добро ми викаше оној мојон мајорка 1у1 и така испадна а 2,90 беше коефициент. Ај што ја не уплатив туку и него го убедив да не уплаќа Спојлер Ама сакаше ненормалниот 15000 да уплаќа
Јас денес си уплатив едно ливче, па ќе видиме што ќе биде : Carmarthen -TNS - 2 Inter - Genoa - 1 Ipswich - Arsenal - 2 Dundee Utd - Motherwell - X-X
За оние кои фрлаат повеќе пари, подарок од мене 2 прелази : Bastia - X-2 20:30 Threave Rovers-Stenhousemuir 1-X одберете некоја за сингл..........не се 100% сигурни
Никоја утакмица не е 100 % сигурна, еднаш ме зафркнаа само Челзи со 1,25 коефициент за 8000 ден. (од тогаш ги мразам у коски) а во скоро време ме зафркнаа и само Далас од НБА со 1,10 коефициент. Така да ништо не е сигурно. А вака, сакав да прашам за систем ако се игра на пример 4/5 а ти ги фатиш сите 5 утакмици дали е добитно ливчето? Малку глупо прашањето, ама да си прашам И како се пресметува добивката кај систем??
А вака, сакав да прашам за систем ако се игра на пример 4/5 а ти ги фатиш сите 5 утакмици дали е добитно ливчето? Малку глупо прашањето, ама да си прашам И како се пресметува добивката кај систем??[/quote] да да, добитно е, и нели доле кај добивка ти пишува од колку до колку денари можеш да добиеш, епа ако ги фатиш сите ја добиваш поголемата бројка А за тоа како се пресметува, врска немам. Еднаш имав играно систем 7/8 мислам дека, и една ме зафркна. Јас тогаш мислев дека само ти го одбиваат утнатиот коефициент од добивката, и си израчунав дека треба да земам околу 500 денари. И одам јас така среќна во кладилница, ко што бев безпари си викам што убаво ќе ми дојдат, и оп ми даваат таму 130 денари .. И ден денес незнам како ги рачунаат :/
^ лелеее многу малку Епа ништо тогаш ќе си играме фиксови или ако ептен сме сигурни во некои утакмици освен во една-две ќе си играме систем и ќе уплаќаме повеќе Еве нешто што ќе уплаќам јас за денес (пак НБА, знам досадна сум, ама што да правам кога само нив ги знам ) Филаделфија - Милвоки 1 И двете екипи се онака просечни накај слаби и оваа е утакмица со извесен ризик. Но во принцип Филаделфија играат добро дома а Милвоки се слаби во гости па очекувам тешка победа на Сиксерс. Бостон - Шарлот 1 Бостон се многу дисциплинирана и јака екипа, така што дефинитивно нема да имаат проблем да ги победат просечните Шарлот. Њу Јорк - Сакраменто 1 Њу Јорк оваа сезона се во победнички залет, а Сакраменто се многу мизерна екипа па и тука очекувам лесна победа. Голден Стејт - ЛА Клиперс 1 И оваа утакмица е со извесен ризик бидејќи и двете екипи се со многу променлива форма, некогаш добро играат, некогаш се слаби. Голден Стејт играл добро против јаки екипи, па мислам дека нема да имаат проблем да ги победат Клиперси, покрај другото и да им се одмаздат за поразот од пред некоја недела. Но, од друга страна Клиперс може ги држи еуфорија после нивната победа над „семоќниот“ Мајами па ќе сакаат се живо да тепаат. Но, вагата повеќе мери накај Голден Стејт и ако зафркне ливчево, мислам дека ќе зафркне заради нив Коефициентот е добар во секој случај Торонто - Чикаго -207 (помалку од вкупно 207 кошеви) И двете екипи даваат малку кошеви, до 100 највеќе, такашто оваа бројка дадена од кладилницата според мене е превисока и идеална ми е за уплаќање. ЛА Лејкерс - Њу Џерси Нетс +102 за домаќинот (ЛА да дадат повеќе од 102 кошеви) Лејкерс во принцип секогаш давале над 100 кошеви, а Њу Џерси се мизерна екипа, такашто оваа бројка дадена од кладилницата е многу ниска, и мислам дека без проблем ќе дадат 103 коша Во АС Спорт коефициентот е 13 кома нешто, па ако сакате играјте Со среќа
Имате ли некоја утакмица посигурна што е фудбал за викендов? Јас напишав ливче, ама само 5 утакмици ми се, нема ќар, а една ташна ми се бендиса многу. Ајде еве го, па ако мислите дека нешто не е ок поправете ме со време. Panama - Belize 1 Luton - Uxbridge 1 Lecce - Milan 2 Brazil - Paraguay 1 Barcelona - Malaga 1
Милан многу заебуваат, иако навивам за нив, не ги играм никогаш скоро. Мајстори се да те заебат кога само една утакмица заебува
спортска играм скоро секој викенд имам добивано повеќе пати иначе многу ги играм оние од шпанската лига еве еден предлог од мене за викендот севилја-еспањол-1 ѓетафе-реал сосиедад-1 зарагоза-леванте-1 атлетико билбао-сантандер-1 наполи-фиорентина-1 шалќе-хамбурѓер-1
chelsea - blackburn 2 (многу е неверојатно да не испадне 2ка оти коефициентот е 7.00 ама никогаш не се знае, ке си пробам јас..)
па јас ти велам не го ни пишувај во последно време стално зафркава не се бори веќе за прво место подобро играј нешто друго