Пред се, не знам дали темата е сместена таму каде што треба, така да слободно префрлете ја доколку сум згрешила. Она што сакам да ве прашам јас Феминки е што мислите за овој вид на енергија? Факт е дека од почетокот на индустриската револуција, па се до денес процентот на загадување се прошири во огромни размери. И не е само загадувањето што претставува проблем. Но , самиот начин на живот кој ни се наметнува овие денови, чувствувам дека води кон самоуништување. Животи гинат за таа проклета нафта , а знаеме сите дека еден ден ке ја снема. Прашањето е што понатаму ??? Како да се заменат сите оние ресурси коишто денес ги користиме во секојдневието , а кои знаеме дека нема да ни користат за секогаш. Веќе постојат повеќе начини да се искористи енергијата на сонцето, водата , а и ветерот. Но , што мислите вие дека во иднина би можело да се развие и кој друг извор би можел да се применува, на начин што би бил економски поприфатлив , подостапен за сите , а и не би штетел на околината. Знам дека темава е од посериозен карактер, но како што и самите модератори имаа споменато во претходни теми , време е да го размрдаме малце форумов со теми од овој калибар.
Еден период бев голем фан на Артур Кларк и конкретно во една од неговите книги имаше интересна идеја за искористување на енергијата од Земјиното јадро. Самиот факт дека таму се развива температура од над 5.000 степени Целзиусови е показател на огромна енергетска моќ, која доколку би се изнашол начин да се искористи не само што ќе се добие перманентна енергија туку и можностите за најразлична нејзина примена се огромни. Секако ова сега звучи ту мач футуристички и нереално, ама па можеби нашите идни потомства ќе ги загреваат домаќинствата токму на овој начин. Истражувањата и евентуалната експлоатација на ова поле секако би биле скапи, но станува збор за долгорочно гледано извор на енергија од непроценлив капацитет.
Се развива изненадувачки брзо во однос на тоа за колку скап вид на енергија станува збор, одејќи од нарастот на проценти кој владее во изминативе години. Секоја среќа што како и со се друго и тука доаѓа до пад на цените, па каде-каде доаѓа до поголема прифатливост. Останатото се препушта во рацете на човекот. Има на располагање енергија која не се троши, гориво кое е неограничено, можност за нови истражувања и поголем степен на развој.