1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обновлива енергија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KalaV, 8 април 2011.

  1. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Пред се, не знам дали темата е сместена таму каде што треба, така да слободно префрлете ја доколку сум згрешила.

    Она што сакам да ве прашам јас Феминки е што мислите за овој вид на енергија?
    Факт е дека од почетокот на индустриската револуција, па се до денес процентот на загадување се прошири во огромни размери. И не е само загадувањето што претставува проблем.
    Но , самиот начин на живот кој ни се наметнува овие денови, чувствувам дека води кон самоуништување.
    Животи гинат за таа проклета нафта , а знаеме сите дека еден ден ке ја снема.
    Прашањето е што понатаму ???
    Како да се заменат сите оние ресурси коишто денес ги користиме во секојдневието , а кои знаеме дека нема да ни користат за секогаш.
    Веќе постојат повеќе начини да се искористи енергијата на сонцето, водата , а и ветерот.
    Но , што мислите вие дека во иднина би можело да се развие и кој друг извор би можел да се применува, на начин што би бил економски поприфатлив , подостапен за сите , а и не би штетел на околината.

    Знам дека темава е од посериозен карактер, но како што и самите модератори имаа споменато во претходни теми , време е да го размрдаме малце форумов со теми од овој калибар.
    :)
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еден период бев голем фан на Артур Кларк и конкретно во една од неговите книги имаше интересна идеја за искористување на енергијата од Земјиното јадро. Самиот факт дека таму се развива температура од над 5.000 степени Целзиусови е показател на огромна енергетска моќ, која доколку би се изнашол начин да се искористи не само што ќе се добие перманентна енергија туку и можностите за најразлична нејзина примена се огромни.
    Секако ова сега звучи ту мач футуристички и нереално, ама па можеби нашите идни потомства ќе ги загреваат домаќинствата токму на овој начин. Истражувањата и евентуалната експлоатација на ова поле секако би биле скапи, но станува збор за долгорочно гледано извор на енергија од непроценлив капацитет.
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Се развива изненадувачки брзо во однос на тоа за колку скап вид на енергија станува збор, одејќи од нарастот на проценти кој владее во изминативе години.
    Секоја среќа што како и со се друго и тука доаѓа до пад на цените, па каде-каде доаѓа до поголема прифатливост.
    Останатото се препушта во рацете на човекот. Има на располагање енергија која не се троши, гориво кое е неограничено, можност за нови истражувања и поголем степен на развој.
     
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Обновливите извори на енергија на се долготрајно решение. Гледав еден документарец околу глобалното затоплување и обновливите извори на енергија. Planet of the humans во кој беа добро објаснети некои работи. Во него беа прикажани ветерници, соларни полиња и такви работи и се гледа што прават тие и колку само ја уништуваат земјата, а траат само неколку години. Електричните коли исто така се малку глупа работа зошто за нивно користење треба струја за која повторно треба ресурси за да се произведе. Во последно време малите хидроцентрали на балканските простори ама во нашата земја особено земаат замав ама малку знаат дека се толку многу штетни. Среќа има по некоја организација што се бори против ама не можат секаде да стигнат па затоа апелираат сите да се вклучиме зошто уништување на тие мали реки значи огромна штета на растенијата, животните ама и луѓето што живеат околу тие реки.
    Соларните панели се одлично решение ама за поединци, не и за полиња како што велат дека било добро. Намалуваат потрошувачка на струја и ако сите имаа шанса да ги инсталираат, мислам дека само така може да се намали оптеретувањето на регуларниот проток на струја.
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам дека траат само неколку години. Напротив, траат многу повеќе
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    @Dust не е работа за сложување или не, не е мое мислење. Луѓе кои малку повеќе се разбираат во тоа и работат на таа струка објаснија дека се со ограничен рок на траење и штетите кои ги предизвикуваат се поголеми од користа.
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Ветерниците имаат рок на траење околу 20години (некогаш и повеќе со правилно сервисирање) а штетата од нив е минимална..
    Негативно влијае врз животот на некои птици или лиљаци и е далеку помалку штетен извор на енергија од малите хидроцентрали..
    А не па од една рек битола и слични..
    Не гледам зошто сметаш дека е толку лоша за животната средина, има бројни истражувања дека бенефитите се поголеми од штетата.
    Не знам каква е таа емисија и тие стручњаци, има доволно истражувања по нет за сама да пресудиш.
     
  8. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    @Dust ама пак напиша за мене. Како што напишав и погоре, ги цитирам експертите што беа интервјуирани. Јас не сум експерт за тоа. Во документарецот имаше многу истражувања и ризикуваа многу за да стигнат до докази зошто тие работи успешно се кријат. Можеш да го погледнаш и ќе сфатиш кого цитирам.
    За мали хидроцентрали секако пишав дека се штетни. Кога ќе се види колку незначајно ниво на енергија произведуваат уште толку се докажува. Проблем е кај луѓе што поддржуваат нивна изградба без да знаат колку тие мали хидроцентрали произведуваат, а одбиваат и да мислат на растенијата и животните во околината на тие мали реки.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    па 20 години баш и не е многу, ни за ветерници ни за соларни фарми (кои ако не грешам имаат уште помалку). проблемот е што позади нив останува пустош. И да, има куп стручњаци и луѓе што знаат подобро и од мене и од тебе да кажат дека ветерниците и соларните фарми се корпоративни зелени лаги.
    Живио капитализам.

    П.С. а да не тргнуваме за електричите автомобили и литиумските батерии. Мхм, зелена алтернатива.
     
    На NoirSerpentine, Celltica и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Dust не знам дали за документарецот зобрува @NoirSerpentine, ама еве тука можеш да видиш како изгледаат и напуштени фарми со ветерници, па и соларни фарми, се разбира, ако не се водиш по "знам јас дека сум во право и не можам свашта да гледам" :D
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    @DAngel да, тој е. Знам дека беше контроверзен и го тргнаа. Не знаев дека пак го ставиле.

    Секако, соларните панели се одлични за дома и како такви ако ги рекламираат ќе направат подобро ама на нив им е за профит, не за заштитување на средината.

    @Dust убаво што се вклучи во активирање на оваа тема. Убаво е да размениме мислења и знаења :)
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не знаев дека било кога бил тргнат.
    Deep Green Resistance исто имаат документарец кој излезе годинава, за тие што не знаа, тоа е радикално еколошко движење.
    Не сум им го гледала филмот, ни книгата не сум ја читала, иако имама доста книги од основачите на организацијата читано. Имаат и канал на youtube, И редовно имаат поткасти.
    https://www.brightgreenlies.com/
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    36.818
    Пол:
    Машки
    Темава ја започнувам како простор за дискусија после новостите дека Македонија е дел од европскиот пакет на закони кои препорачуваат земјите да користат еколошки и обновливи извори на енергија. Македонија се обврза дека до 2027 ќе ги исклучи сите термоелектрани во земјава. Моментално, во функција е РЕК Битола од која го добиваме најголемото количество на енергија, па потоа доаѓаат хидроелектраните, па обновливи извори како ветерници и соларни панели во незначителен процент.

    Мапата на Европа по тоа како ја добиваат енергијата моментално изгледа овака:
    - Колку се по зелено обоени земјите, толку користат по еко и обновлива енергија. Нуклеарна, Хидро, Соларна и ветер.
    - Оние што се обоени со кафено, главниот извор на енергија го добиваат од јаглен. Користат Термоелектрани.

    [​IMG]

    *Мапата е превземена од electricitymap.org

    Може да се забележи дека само неколку држави во Европа може да се наречат "зелени". Нордиските земји, Белгија, Грузија, Исланд, и лидерот, Франција.
    Кај сите овие земји, ако се оди детално да се види на кој начин се добива енергијата, ќе се види дека сите се ослонуваат на нуклеарни централи, па потоа на хидроцентрали и незначителен процент на соларни панели и ветерници.

    [​IMG]

    Од друга страна, во Германија е започнат процес на денуклеизација. Еколошките друштва излегоа на протести пред неколку години против нуклеарната енергија, а народот и кажа НЕ. Од тогаш, во Германија се затворени многу нуклеарни централи, а земјата полека го префрла главниот фокус на Термоелектраните. Поради тоа, емисијата на Јаглероден Диоксид е зголемен и повеќе не се наоѓаат во зелената зона.

    [​IMG]

    Од сите држави може да се заклучи дека ниту една од нив не ги користат "зелените" извори на енергија како клучни за добивање на струја, туку се ослонуваат на далеку постабилни извори како нуклеарна или термо технологија.

    Дали според вас е возможно комплетно да се препуштиме на овие извори, или пак треба да продолжиме да ја развиваме нуклеарната технологија како базична во добивање на енергија, а другите да бидат само дополнителни? Или пак последиците од истата се премногу страшни за човештвото, бидејќи доколку дојде до хаварија, енормни се последиците по самиот регион и сите живи суштества. Знаеме што се случи со Чернобил, и скоро со Фукушима каде што цели подрчја се вечно затворени, додека Пацификот прими огромни количества на нуклеарен отпад преку радиоактивната вода каде последиците се фрапантни и ќе ги чувствуваме сите, со години во иднина.

    Според мене, сеуште сме и ќе бидеме зависни од нуклеарната технологија уште долго време и треба да ја развиваме неа за да ја направивме по сигурна за користење и да го минимизираме ризикот од хаварија.
    Моментално се развиваат реактори од новата генерација кои се далеку помалку опасни, позаштитени. Исто така се развиваат реактори кои ќе го користат скоро комплетно нуклеарниот отпад за добивање на енергија, каде имаме комплетно рециклирање и само 4% отпад. Такви реактори веќе се развиваат во Русија и Франција.
    Од друга страна, нуклеарниот отпад е исто така од огромна штетност за околината и треба посебни услови за негова дислокација и чување од можна контаминација, но, веќе се откриени технологии на крајна дислокација и безбедносно чување, како и негово рециклирање со новите реактори.
    Сега, за сега, поради политика, или не знам кои причини, државите не решаваат да инвестираат во оваа технологија, и не сакааат да најдат солуција за овие проблеми. Во светот се повеќе држави решаваат да ги напуштат нуклеарните електрани, и да преминат на други технологии. Една од нив е Германија, а овој тренд го следат и другите држави.
    Да, нуклеарните електрани чинат огромно богатство да се изградат, тешки се за оддржување, има огромна опасност од нив, но од друга страна се најзелената технологија која ја имаме, и секако, најстабилната, што е многу битно за нашите модерни општества.
    Алтернативните решенија како соларна енергија, ветер, други био извори моментално не се доволно технолошки развиени за да ја покријат нашата потреба од енергија, премногу се скапи за имплементирање и оддржување, и не се стабилни, со што би следело константни падови на мрежата во одредени временски зони. Хидро енергијата е најдобар избор од овие две, но за жал е лимитирана.


    Дали всушност екологистите и активистите за обновливи извори сакаат да станеме по "зелени" или се работи за политика против нуклеарната енергија?
    Дали нуклеарната енергија е единствениот начин да го сопреме загадувањето и климатските промени или треба да се насочиме кон алтернативните обновливи извори?




    *Споена дупла тема
     
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Зошто нема опција за гласање - ништо од наведеното? :?:

    Најголемата илузија во која верував беа обновливите извори на енергија. Целата зелена пропаганда ми даваше надеж дека сепак ќе се спасиме и ние и Земјата, но овие извори и не се баш толку зелени како што се прикажуваат. Против сум за тоа државава да стане "зелена" а еве и зошто.
    1. Немаме големи хидропотенцијали кај нас, состојбата на реките и не е баш сјајна. За изградба на хидроцентрали ќе треба да се модифицираат коритата за да се изградат брани. А последица на тоа ќе биде уништувањето на животната средина на водните животни, поплавување на големи површини земја, па и раселување на населението. И да се стави сè тоа на страна, да ги гледаме само придобивките за енергија, нема да биде доволно.
    2. Со ветерниците е слична ситуацијата. Колку само шуми, ливади треба да се уништат за да поставиме доволно ветерници за нашите потреби. А и нивното времетрање е мало, ветерот не дува секогаш со константна брзина, од каде ќе наоѓаме енергија во тие периоди?
    3. Фотоволтаиците се уште полоши. Имаат мала ефикасност на конверзија на сончевата светлина во електрицитет и се прилично скапи. Потребен е голем број на панели за да имаме задоволително количество на енергија што од друга страна бара и големи површини на земја за нивно инсталирање. А, потполно се бескорисни кога е облачно. Исто е и со колекторите кои ги користиме за домашна употреба.
    4. Биомасата не знам ни зошто се смета за обновлив извор. Најчесто се користат дрвата. Стапката на сечењето на шумите и горењето на дрвата не е иста со стапката на растење на дрвјата. Подобро да се користи јагленот во термоелектраните, помалку СО2 ќе се ослободи на тој начин отколку што ќе ослободат сите машини, возила за транспорт на дрвата и од фабриките кои покрај биомасата мораат да користат и фосилни горива. Колку е ова парадоксално, ги сечеш апсорберите на јаглеродниот диоксид, притоа го испушташ истиот во огромни количини и тврдиш дека нема емисија, сè е зелено (facepalm)

    Повеќе штета направивме со овие извори отколку што ја спасивме планетава. Сите од наведените не се доволни за потполно да го заменат фосилните горива, имаат слаба ефикасност, не се решение на долг план и се неконзистентни. Најважно, не се ни малку еколошки.

    За нуклеарните електрани можеме да сонуваме кај нас. А, ако гледаме на светско ниво опасноста е преголема. Потребни се години за да се направат побезбедни, подостапни и целосно да ги заменат термоелектраните, но мислам дека немаме толку време.

    Ова ми падна во очи. Колку лесно може да се манипулира со нас :x Истите друштва сигурно ги поддржуваат "зелените" извори.

    Жално е како ние луѓето ја уништивме животната средина. Немам надеж дека ќе биде подобро, ниедна опција во анкетата нема да ја ресетира планетава. Факт е дека најголемиот проблем е пренаселеноста а со тоа пропорционално се зголемува и загадувањето. Дали конечно ќе превземеме некои мерки за тоа или ќе чекаме природата да ни го возврати ударот е само прашање на време.
     
    На Billy Idol и Celltica им се допаѓа ова.