Да се потсетиме колку всушност имаме да се радуваме, макар и секојдневни ситници Јас обожавам кога е прекрасен викенд, имам супер појадок, добра книга и знам дека подоцна ме очекува прошетка Добри оцени, кога ќе направам добро дело и многу други. Што ве прави вас среќни?
Нај исполнето се чустувам кога имам супер оценки кога ке му помогнам некому, кога во дискотека ке ми биде многу интересно,супер појадок се разбира кока колата мора да е до мене
кога ќе му помогнам не накој, и тој некој ан крај ќе ми се заблагодари, кога немам за учење, кога сум навистина среќна и не ме мачи ништо, кога сум со моите друагрки и се смееме многу...
Многу работи ме исполнуваат, меѓутоа и срцето буквално ми пее кога ги гледам мајка ми и татко ми задоволни, среќни (по моја заслуга), е тоа чувство и не можам со збор да ви го опишам!
Милина е и кога немам обврски, викенд е, и до доцните часови се релаксирам пред компјутер грицкајќи нешто благо, или солено, не пребирам
Ме исполнуваат малите нешта. Едно гушкање од син ми или маж ми може да ме однесе во облаци, а обожавам кога времето -денот ќе ми помине квалитетно ( без разлика што -во стил сите завршени обврски, одмор, шетање, дружба со пријатели...)
...сум со интерсни луѓе, со моите најсакани, кога некаде си поминувам најубаво, кога јадам пица и кога го правам она што го сакам, а притоа постигнувам успех...
Ме исполнува, топла бања, и вода да се прелива од кадата надополнето со миризлива купка, ме исполнува саботниот ручек кај баба ми кога се собираме ние најблиските, исто така е кафе-шербет и добар трач со другарка.