Обожавање на блажената Марија (Богородица)

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 21 септември 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Загрижен сум за духовната состојба на нашиов народ и дека се повеќе луѓе кои се нарекуваат христијани ја слават и обожаваат блажената Марија (Богородица) што сметам дека е тотално спротивно на учењето на Исус Христос, апостолите и целата Библија која поучува дека само Бог треба да го славиме и обожаваме, а не луѓе. Идолопоклонството е најголемиот грев според Библијата. Нормално дека никој од луѓето нема со збор да признае дека ја обожава Богородица, но да видиме како тоа изгледа во пракса.

    Блажената Марија (Богородица) во Библијата:

    Блажената Марија не била фокусот на ниту еден од евангелистите и апостолите. Во евангелието по Марко и Јован воопшто и не се спомнува блажената Марија и раѓањето на Исус, во Делата апостолски е само еднаш спомната како една од присутните во горната соба (Дела 1:14, Библијата), а во останатите посланија не се спомнува ниту еднаш.
    Во евангелијата Исус и се обраќа 2 пати на блажената Марија и во двата случаи ја нарекува „жено“ (ев. Јован 2:4 и Јован 19:26, Библијата) (а не мајко), исто како што им се обраќа и на останатите жени во евангелијата.
    Од друга страна Исус ги нарекува „мајка“ Своите ученици т.е. оние кои ја вршат Божјата воља (ев. Матеј 12:47-50, Библијата)
    Блажената Марија не била безгрешна (како и сите останати луѓе) и самата кажала дека Господ е и нејзин Спасител (ев. Лука 1:47, Библијата)

    Блажената Марија (Богородица) денес:

    - Денес блажената Марија се обожава и слави со околу 40 божествени титули меѓу кои и Владичица, Царица Небесна, Спасителка Небесна, Пресвета, Пречиста, Пренепорочна, Преблагословена, Почесна од Херувимите, Неспоредливо пославна од Серафимите, Најголемата, Војвотка, Лекарка на болните, Спасение на светот, Господарка на мирот, Најславно чудо на вселената, проповед и слово на сите пророци (иако има само 2 пророштва каде што е спомната и во двете пророштва фокусот е на Исус, а не Марија) итн итн. Исто така не сум чул овие луѓе Господ некогаш да го наречат Пресвет или Преблагословен! :o

    - Луѓето и се молат и дури бараат спасение од неа, на пример: „Пресвета Богородице - спаси не!“

    - Кај православните е варијабилно, но просечен католик се моли повеќе на Богородица, отколку на Господ.

    - Луѓето и пеат песни и тоа во контекст на религиозното славење, песни во кои се опеваат божествените титули.

    - На могу градови е ставена како покровителка и луѓето веруваат дека таа има моќ да ги чува

    - Се празнува нејзиното раѓање (слично како што се празнува и Христовото раѓање). Луѓето веруваат дека и таа, како и Христос, била натприродно девствено родена т.е. без нејзината мајка да има однос со маж.

    - Се празнува нејзиното „воскресение и вознесение“ (кое е плагијат на Христовото воскресение и вознесение) Измислена е легенда дека и она воскреснала 3 дена после смртта, а апостолите летале на облаци за да се поздрават со неа пред да умре. Ова е празникот „Голема Богородица“.

    Ова е класично славење и обожавање на човек. Што повеќе треба човек да прави за одредена личност за тоа да биде обожавање?
     
    На Quincy, LUCI 99, Херкул и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Alain de Botton во својата книга Religion for Atheists изложува една теорија со која се обидува да го објасни култот кон Богородица. Накратко, се работи за следново:

    Во секој човек, уште од најмала возраст, постои длабоко всадена потреба за мајчинска љубов. Но, кога ќе престанеме да бидеме деца и ќе станеме возрасни, свои луѓе, оваа потреба се потиснува, а особено по основањето на сопствено семејство, улогата на мајката во животот на секој човек станува маргинализирана. Многу од воозрасните луѓе ги губат едниот или двата родители.

    Поентата е дека потребата за мајчинска љубов, утеха и разбирање сеуште постои кај секој човек, во поголема или помала мера, а со оддалечувањето од сопствената мајка и со станувањето возрасен, во човекот останува неисполнета празнина за ваквата љубов.

    Христијанството, т..е. црквата ја препознало оваа потреба за мајчинска љубов и фигура во животот на луѓето и како одговор на оваа потреба се јавува култот кон Богородица. Таа е мајка на Бог и со тоа на целото човештво, и со молитвите кон неа и нејзиното обожавање секој може да си ја оствари потребата за мајчинска фигура во животот, без разлика на возраста и потребата за мајка која ќе го сака, без разлика на било што.

    Според мене, интересна теорија, и дефинитивно не е без никаква основа. :)
     
    На Victorian, Херкул и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos , тука може да се спомнe и богородичната литија (парада) со која кај нас се чевствува Богородица. Не би ме чудело за некоја година и Богородичен огин да палат и со алкохол да вртат ора околу него.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LUCI 99, LollySky, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    E oд вакви размислувања ќе не дрмаат природни непогоди ...
     
    На Philippa и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.592

    А јас па мислев ќе речеш од војни, сиромаштија, алчност, убиства , силувања, педофилија...
     
    На Victorian, LollySky, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Kaква врска има со ова горе и темава ? (facepalm) [​IMG]
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако тебе и на некој груг ви смета не учествувајте во овие случувања, незнам што друго да ти кажам. И мене некои случувања, работи, објекти, луѓе ми сметаат па се вртам на страна и ги игнорирам. Со вашето мислење неможете така лесно да искорените нешто што е старо стотици стотици години. :)
     
    На душленце, Victorian, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Колку сакате оспорувајте го светото значење на Богородица,нема да успеете да постигнете ништо,се е во вашите глави само!!
    И да,јас верувам со цело срце во неа,верувам дека воскреснала и дека е до Господ,верувам дека невино и безгрешно зачнала и родила...а за нејзините милионски чуда што ги направила и ги прави,и да не зборувам!!
    Уште пред иљадници години, неколку еретици биле осудени бидејќи сакале Богородица да се ословува со Христородица,е замислете се малку и запрашајте се зошто не успеале да и го сменат светиот поим,и кое ословување е поправилно;)
    Ама и што се чудам,вие се правите верници големи а од друга страна не го признавате Синот Божји и се дрзнувате да правите математики и сметки за Богородица,некогаш треба да се гледа малку подалеку од носот нели?
     
    На душленце, Таа Сум, LegallyBlonde13 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Богородице дева, радувај се благодатна Марија, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба зашто си го родила спасителот на нашите души!

    Извини Евангелос, веројатно би ме убедувал дека не треба да ја обожаваме или славиме Пресвета Богородица ама јас не сум протестант, јас сум првославен христијанин. :) Ќе ја обожавам и ќе ја славам Пресвета Богородица и ќе се поклонувам на сите Христови апостоли и сите светци. Празна е мојата вера ако му се поклонувам само на Бог а се останато негирам. Сите тие заедно изградиле една вера, едно царство. Сите тие се светлина, живот. А ние сме православни христијани кои нив ги прифаќаме а не негираме, кои ги славиме и им се поклонуваме и на кои им благодариме за нивните чуда.
     
    На душленце, LegallyBlonde13, Petra777 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Нема потреба јас да те убедувам. Доволно е да ја читаш Библијата со послушно срце кон Бог и таа ќе те убеди во се што е Богоугодно. Титулата „православен“ или „протестант“ нема никаква вредност кај Бог. Дури и да се наречеме „Највистинска Христова Црква“, ако не се држиме до Божјото Слово, Христос ќе ни рече:
    „Никогаш не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ (ев. Матеј 7:23, Библијата)

    „Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди“ (ев. Јован 15:10, Библијата)
    „Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.“ (ев. Јован 15:14, Библијата)

    И залудно е да ја читаме Библијата ако не го извршуваме она што го читаме.
    „И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок. И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.” (ев. Матеј 7:26-27, Библијата)

    Таквата вера не е празна, туку е Богоугодна. Така верувале Исус и апостолите и сите старозаветни Божји луѓе.
    „ А Исус одговори и му рече: „Бегај од Мене сатано, оти е напишано: ‘Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’ (ев. Лука 4:8, Библијата)

    „ А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела 10:26, Библијата)

    Имаш уште еден пример каде што апостол Јован му се поклонил на ангел и ангелот го укорил:

    „И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.“ (Откровение 19:10, Библијата)

    „И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“ (Откровение 22:9, Библијата)

    Христијаните од 1-2 век биле нарекувани атеисти од страна на неверниците, затоа што додека сите други пагански верници имале свои идоли на кои им се поклонувале, христијаните немале никакви идоли во просториите каде што се собирале и се поклонувале само на Бог. За првите христијани смртта била послатка отколку тоа да се поклонат на некој друг освен Бог.

    Библиските христијани не ги негираат апостолите или блажената Марија и сите останати верни браќа и сестри од претходните векови. Ние ја покажуваме нашата почит кон нив со тоа што го почитуваме она што тие го напишале во Новиот Завет. Ако апостол Петар го укорил Корнелиј затоа што овој му се поклонил, нив во знак на почит кон апостол Петар исто така не се поклонуваме на негови икони. Тоа е вистинска почит. Лажна почит е кога би правеле спротивно на она што апостол Петар го кажал и е запишано во Библијата. Ние негираме се што негирале Христос и апостолите, а тоа е:
    • Славење и обожавање на луѓе
    • Поклонување на луѓе
    • Упатување молитви кон луѓе
    • Следење човечки традиции наспроти Божјите заповеди
    • итн.
     
    Последна измена: 23 септември 2016
    На LUCI 99, Sky-butterfly и Херкул им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Во времето на апостолите некои христијани од Коринт почнале да се идентификуваат со апостолите и да се нарекуваат „Павлови“, „Петрови“, „Аполосови“ итн. и со тоа да се разделуваат меѓу себе, но и да ги воздигнуваат апостолите на ниво кое, иако не било ни приближно високо како што денес се воздигнати во католичката и православните цркви, сепак било ниво кое Бог не го одобрувал. И затоа апостол Павле ги укорил:

    „Со ова сакам да кажам, дека секој од вас зборува: ‘Јас сум Павлов’, ‘Јас сум Аполосов’, ‘Јас пак Кифин’, а ‘Јас Христов’, Дали Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или сте крстени во Павлово име?“ (1 Коринтјаните 1:12, Библијата)

    „Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба? Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов”, а друг: „Јас сум Аполосов?” Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал. Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте. Затоа: ниту оној кој сади е нешто; ниту оној кој наводнува, туку Бог, Кој прави да расте. (1 Коринтјаните 3:3-7, Библијата)

    Ова е вистинскиот христијански понизен став на секој вистински Христов следбеник. Христовите следбеници (слуги) ниту барале да бидат славени, чествувани и возгидани, ниту пак го одобрувале тоа. Тие одбивале да им се поклонуваат. Во Библијата нема ниту една молитва упатена до некој друг освен Бог.
    Предлагам сите оние кои ги слават апостолите и останатите светци да си го научат напамет овој цитат и да си го повторуваат во секоја своја молитва секојдневно додека нивниот ум не се фокусира на Господ Исус Христос и сета слава не му ја оддадат Нему и само Нему: „Затоа ниту оној кој сади е нешто, ниту оној кој наводнува, туку Бог Кој прави да расте“.
     
    На Sky-butterfly, Херкул, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Ќе ја цитирам Рама. :)

     
    На душленце, Bulgarian, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    И муслиманите можат да речат дека „треба да гледаме подалеку од носот“ и да го признаеме Куранот и пророкот Мухамед.. И мормоните можат да речат „треба да гледаме подалеку од носот“ и да го признаеме пророкот „Џозеф Смит“ и неговата „The book of Mormon“. Има луѓе (универзалисти) што ги признаваат сите религии и велат дека сите се вистинити. Тие гледаат уште подалеку од сечиј нос :)
    Секој може да си го заврти носот во која сака насока и да си гледа на каде што сака. Дали ќе ја цитираме Рама или Исус Христос, останува на нас, тоа ни е слободна воља дадена од Бог. Но слободната воља подразбира и лична одговорност. На Судниот ден нема да се појавиме пред Рама, ниту EvAngelos, туку пред Господ Исус Христос и Тој нема да рече „Зошто не ја послуша Рама или EvAngelos?“, туку ќе рече: Зошто не беше послушен на Моите зборови и не го вршеше она што Јас ти го заповедав?

    И што ќе му одговориме? Ама извини Исусе, јас се родив во Македонија и затоа бев православен и свештениците ми велеа дека морам да ја славам и да се поклонувам на Богородица, да се молам на неа итн. Ама извини Исусе ама во мојата локална средина не беше популарно и комфорно да бидам послушен на Твоите заповеди и моите роднини, комшии и попови ми вршеа притисок да ги вршам локалните црковни традиции од мојата држава.

    Зарем го немаа истиот притисок и Христовите апостоли и првите генерации на христијани? Мислите ли дека било лесно да се спротистават на локалната религија (Јудеизмот) и на своите роднини, комшии, свештеници? Јудејците ги исклучувале од синагогата (Јудеизмот) сите оние евреи што го признавале Исус за Месијата. (ев. Јован 9:22, Библијата)
    Христијаните биле нарекувани со погрдни имиња, предавници на Јудеизмот, секта, следбеници на прозелитот Исус, биле мачени и убивани. Бог дозволи да се случи сето тоа врз нив за да ни бидат за пример што значи да се биде лојален на Бог во тешки околности и дури и по цена на животот. Треба сите ние да учиме и да се инспирираме од нивниот пример.
     
    Последна измена: 23 септември 2016
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Потпишувам.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Па да, дури не треба да
    славиме ништо друго освен Божиќ и Велигден? :)
    Мене ми е неприфатливо да го славам и да му се молам и поклонувам само на нашиот спасител а не и неговата мајка. Зарем можам за неа да кажам дека е небитна? Тоа е поголема навреда за Бог отколку поклонување пред, како што викаш ти, други луѓе. Тие за тебе се само луѓе. Секако дека имаме само еден Бог, ние никого друг не ставивме на негово место, таа е Богородица, мајка на нашиот спасител, пример за чесност, за чистота, за невиност. Вечна слава на блажената, пресвета дева Марија, мајката божја!
    Ако до скоро бев едно залутано девојче кое појма немаше од религијата, сега си го најдов својот пат и се интересирам и учам и од други извори, не само Библијата. :)
     
    Последна измена: 23 септември 2016
    На душленце, Philippa, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    И ова ќе додадам...православните христијани отсекогаш вака се однесувале. Толку молитви, пофални песни, тропари итн итн... посветени на нашите светци, нашите великани. Ако тоа било погрешно, зошто не ги опоменале првите православни христијани што почнале да ги практикуваат тие славења, туку им се придружиле? Тоа сме ние. Отсекогаш тоа сме биле.
     
    Последна измена: 23 септември 2016
    На душленце, Philippa, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    За христијаните е богоугодно да ги слават сите празници кои го прославуваат Бог и само Бог. Такви празници се Господовата спомен вечера пред се (која е директно заповедана од Исус), потоа Божиќ, Велигден, Духовден, Цветници, Спасовден и сл.

    Во Библијата било претскажано дека такво отпаѓање од вистината ќе настапи во Христовата Црква и тоа се случило. Тоа е уште еден доказ дека Библијата е Божји Збор.

    Зошто не ги погубиле? :) Кој да ги погуби? Христијаните немаат заповед да убиваат верници кои погрешно веруваат, туку имаат заповед да ги љубат, да се молат за нив, да ги подучуваат согласно Светото Писмо Римската империја во која мнозиството жители биле политеисти и обожавале десетици божества, зар тие да убиваат некои што слават луѓе? А откако Католичката црква станала воена империја, немало што таа да се плаши дека некој ќе ги погубува нејзините припадници, туку напротив, таа била таа што погубувала други кои не се согласувале со нејзините догми. Католичката црква станала империјалистичка институционализирана црква врзана со Римската власт во почетокот на 4ти век, а обожувањето на блажената Марија и останати светци почнало подоцна.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Се поправив, пишав зошто никој не ги опоменал. :)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Знаеме. :)
    Меѓутоа, не треба да ја запоставиме и таа дополнителна литература.
     
    На Rama, korisnichka, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Па на пример обожавањето на Марија полека започнува во 5-от век, а се засилува во вековите што следат. Католичката црква станува империјалистичка, институционализирана и врзана со власта дури на почетокот од 4-от век. Во мрачниот среден век прво Библијата не била достапна на луѓето и плус била на неразбирлив јазик за народот и не можеле баш да прочитаат и да дознаат која била Божјата воља и како правилно да го слават Бог. Второ, Црквата ги убивала или прогонувала сите што проповедале или пишувале поинаку од неа, а нивните дела ги палела. Така што дури и да имало пишувани текстови против обожавањето на починатите верници, тие текстови не би преживеале.
    А можеби и има преживеани текстови со реакции на поединци, ама јас лично не сум ги истражил. Знам на пример дека богомислкото движење било против обожавање на светци, ама затоа богомилите биле протерани од православните цркви и нивните текстови запалени. Имам еден пријател кој ја истражуваше нивната историја и рече дека се што имаме како историја за нив доаѓа од нивните прогонители (православните верници).

    Но што велиш за тие опомени што се јасно запишани во Библијата која била посебно сочувана од Бог и тогашната институционализирана црква не можела да ги промени или отстрани? Еве ќе ги запишам пак:

    „ А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела 10:26, Библијата)

    Имаш уште еден пример каде што апостол Јован му се поклонил на ангел и ангелот го укорил:

    „И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.“ (Откровение 19:10, Библијата)

    „И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“ (Откровение 22:9, Библијата)

    Зарем не се ова доволно јасни опомени?
     
    На rose60, Sky-butterfly, Херкул и 1 друга личност им се допаѓа ова.