1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Образложение за „Инста-блогерки“ и „Македонски јавни фаци“

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 9 февруари 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.712
    Со внимание го проследивме Instagram видеото на Миа Костова и реакциите кои следуваа и навистина бевме многу непријатно изненадени што Фемина беше асоцирана и поистоветувана со сè против коешто се бориме.

    Во срцето на нашата заедничка мисија е стремежот за создавање на дигитален простор за едукација, информирање и забава, моќна форум заедница која мотивира, инспирира и поттикнува издржани дискусии и размена на совети, заснована врз слобода на говор и изразување на мислата.

    Отсекогаш цврсто застануваме заедно против говор на омраза, дискриминација, секаков вид на насилство, заплашување и заканување, а сме благодарни што активно кревате глас против сето тоа и обединето успеваме да креираме доминантно позитивна клима.

    Секој што се има задлабочено во Форумот знае дека станува збор за прекрасна заедница која била, е и ќе биде позитивен фактор во многу, многу животи. Секој што го следи Форумот добро знае дека како што има споделени позитивни размислувања, искуства од животот и ставови, така има и негативни мислења, забелешки и критики, кои најчесто се конструктивни, но понекогаш и не толку. Сепак, сето тоа се неизоставливи елементи од заедницата затоа што ја отсликуваат реалноста.

    Почитувајќи го човековото право за слобода на говор, отсекогаш сме ги прифаќале сите мислења, се разбира, сè додека не се косат со дефинираните правила. Низ „ситното сито“ се случува да поминат и коментари кои веројатно ненамерно повредуваат и би сакале да одиме еден чекор понатаму во создавањето на продуктивна средина, па на темите кои беа засилено дискутирани ќе им дадеме нов почеток. Критики (позитивни и негативни) „да“, но навреди „не“.

    Многу често конфликтите се раѓаат од некомуникација, па во контакт сме со Миа затоа што секогаш сме отворени кон туѓите гледишта. Разбираме дека конкретни коментари може да влијаат негативно. Но, стоиме на ставот дека недопустливо е Фемина и заедницата на каков било начин да се споредуваат со криминалната група „Јавна соба“, против која ревносно реагиравме. Исто така, фрлањето сенка врз сè општествено корисно кое се раѓа тука со акцентирање на малобројни негативни коментари, кои со едноставни дејствија можело да бидат санирани, е неприфатливо.

    Заклучокот е дека и од двете страни има простор за подобрување, бидејќи ако нешто треба да ни биде приоритет на сите, тоа е „подобро утре“. :)

    Благодариме!
     
    Последна измена: 10 февруари 2021
    На Nena79, referentka, Ste Fani Ja и 30 други им се допаѓа ова.
  2. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Браво, баш ми е мило што се среди, бидејќи реално се претера во темата, поготово за Миа и нејзиниот ПРИВАТЕН живот, сфатив зошто сака и да се блокира форумот и се, според мене најдобро е да не се коментира за приватниот живот на инфуенсерките, сум давала критики и јас, ама стварно со некои пораки се претера, поготово со нејзиниот син ,но се се заврши добро, нека оваа тема сега биде насочена кон повеќе позитива
     
    На M.laDy, poi, Blondie96 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Enna7

    Enna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    366
    Браво Фемина! Прво што ја осудивте споредбата на оваа заедница со јавна соба, второ што не се оградивте од форумот, трето што не потклекнавте на заканите за тужби и четврто што вртите нов лист за овие теми, што се надевам ќе резултира со позитивна промена. (y)
     
    На Southface, Trxmx, M.laDy и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Се надевам на однесување и китики кои нема да ги поминуваат границите , на човечкото достоинство.

    И би било паметно да се избрише старата тема.
     
    На M.laDy, Stefi_555 и The Saturdays им се допаѓа ова.
  5. FPS

    FPS Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    61
    ПА ХИТ :?:
    Затварате тема? Можевте да бришете коментари со закани и навреди на пример...али уопште немаше такви коментари.
    Бидете ми поздравени Фемина иако не бев ни 24 саата Ваш член напуштам. Љубов до сите жени тука кои ја сфаќаат поентата на форумите, а "инфлуенсеркиве" само си навлекоа хејт :hai:
    ајт сега и овој коментар избршете го :D
     
    На spacegirl92, Miss666, Кристина Хара и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Makidjo

    Makidjo Нов член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Браво за Фемина ! Навистина стоите позади сето она што сте го напишале како опомена пред секој оној што сака да коментира! Ви посакувам нови успеси до сега излеговте еден од најдобрите портали во нашата држава!
     
    На Besmrten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Фемина, благодариме за разбирањето и поддршката неизмерно. Ова што се случи никој не го планираше ниту посакуваше, но за жал, инатот превладеа од двете страни. Но знам дека сите сме сепак луѓе. Поука извлековме и ние, се надевам и другата страна. Кој бил или не во право, нека остане на старата тема, не е ни важно. Вас ви посакувам уште поголем успех, каков што и заслужувате :)
     
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Уствари што конкретно се случи?
     
    На girl-miri, Regina.Phalange, Veta и 4 други им се допаѓа ова.
  9. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Сепак мислам дека треба да се внимава Миа пак да не ги изврти затварањето на темата и ако тоа се случи соодветно да се реагира.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vesper

    Vesper Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    198
    Naravoucenie: Ako nesto ti smeta, piskaj "Tuzba" kolku mozes poveke i ke si se namestat kockite.
     
    На staycalm, spacegirl92, little.doll и 54 други им се допаѓа ова.
  11. White king

    White king Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Машки
    Не може да се помири дека има луѓе кои едноставно не ја сакаат... Па Кјара Ферањи ја прозиваат и кењаат секој ден, па девојката си го тера животот, работата, семејството!! Не падавичари со “вечер ново лајвче” за секој лош коментар ‍♀️
    Миа Костова треба да се забрани на Инстаграм!!
     
    Последна измена од модератор: 10 февруари 2021
    На spacegirl92, Кристина Хара, Stefani_33 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Maca Macovska

    Maca Macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Како член на Фемима долго време, порано о со стар профил па забораив пасворд, ова со темата не беше неопходно.
    Лично според мене, како член и како правник.
    За да се тужи мили мои треба да има кого се тужи, лице, име презиме со податоци, ембг адреса и сл. И следно основ.
    Нема да нападнам и навредам се надевам никако.
    На претходната тема не ми се испратил одговорот, слободно од Фемина нека ме конрактираат за правна помош.
    Радо би! Без надоместок.
    Само зато што не може уредничка да се тужи затоа што еди која си напишала коментар.
    Не се тужи туку така.
    И на крај и да се реши некој, ехееее тоа цела постапка е. Па да се вештачи, па лица од комп/сајбер одделот да испитаат. А дека нешто као овде цел правен систем ќе се среди преку ноќ баш живо ме интересира да дочекам.
    Јавна личност со причина има тоа јавна во името.
    Нема секогаш и на секој да се допаднеш.
    И уреду е Боже мој.
    Некој ќе коментира за стилот твој, некој/а за косата, за начинот на изразување, речникот, однесувањетп, работата.
    Guess what, моеше се ова да се презентира на мн по фин начин ако имала проблем.
    Она дури се треси на видеото од што не и се собрани мислите.
    Едно две ќе тужам.
    Тужи златна, твое право согласно устав и закон е.
    Ејј за Серѓеј која фама се крена, па чинам еден случај мислам само доби една од сите штп тужеа (за оваа имфо треба да шроверам, а и разликата од тој до овој случај е ехаааа).
    И ме занима основ за тужба ако некоја си членка изјавила дека некоја јавна личност е неморална.
    Ако е така 95%од активните во македонски јавни личности треба да ги тужи.
    Најдобронамерен совет без да некој се чувствува навреден/повреден.. Нит се тужи, нит се добива така лесно особено за искажано мислење на форум.
    Така да, нека си тера секој замисленото, ама теѓата што е затворена сосем непотребно.
    Секое добро
     
    На CameliaMiller, doll.a, Кристина Хара и 37 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Де ај смири се.
    Мора ли од се драми да правиме?
    Чим си нашле НЗС океј.
    Баш ова е тоа софистициран одговор што го пишував во онаа тема што е заклучена.
    Се смири Миа, се извини и доста е. Тимот Фемина застана на страна на членовите колку толку. И ние ќе пазиме на речникот, а се надевам и таа и да нема веќе такви навреди и од двете страни.
    Ај ако не ќе се тепаме. Секое чудо за три дена.
     
    На Vix77 и Stefi_555 им се допаѓа ова.
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Зошто отворате нова тема, кога најдобро е двете теми да бидат избришани и да се заврши случајот.
    Или некому сепак му е потребно место за промоција и дигање рејтинг , ама овој пат контролирано.
     
    На cresa-jagoda, poppie и PinkGirl* им се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Наравоучение: никогаш не викајте толку гласно и често тужба, тужба тужба, за да стварно не ви се удри од глава некоја тужба :D
    Секоја чест за Фемина како го изменаџира ова. Јавно извинување и тргнат лајв.
    Во врска со заклучувањето на темите, ок е потегот, зашто реално нема потреба од навреди кон никој.
     
    Последна измена: 10 февруари 2021
    На Avery, Victorian, Skorpija25 и 31 други им се допаѓа ова.
  16. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Се слагам, нема потреба со негатива пак. Ајде омекнете малку, Миа се извини. Заврши сепак позитивно, можеше ако и се сакаше уште да вергла. Одлучи да постапи правилно за добро на сите. Затоа ругање по секоја цена неосновано не е во ред.
     
    На Makidjo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.020
    Сепак во инста блогерки немаше нешто заканувачки и навреди. само ептен негативни критики.
    во мјф беше полошото
    треба да се избришат од модераторите одредени коментари а не нови групо но било како.
     
    На Angie1432 и Summerbaby им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Македонски јавни фаци не треба да биде група за која јавна личност со која имала одност сепак ова е јавно и цел свет чита, за мене групата мк јавни фаци е еден вид булинг слично на јавна соба изнесување на многу длабоки и интимни информации.
     
    На GirlVolley, LadyLollypop и ушко им се допаѓа ова.
  19. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Нека почне и оние од твитер да ги тужи какви навреди таму има кон неа, ама не фемина и сметало (facepalm)
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Машки
    Коментар на место.

    И секоја информација што се кажуваше таму добиваше и дупло дезинформации.
    На штета на многу личности само за некој да се најде во муабет.
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.