1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Образложение за „Инста-блогерки“ и „Македонски јавни фаци“

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 9 февруари 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Ич не сакам кога се правиме слепи, глупи и глуви кога така ни одговара.
    Нејзиниот лајв е небитен во муабетов. Зборуваме за одвали на пример од пред 2 месеци, година и сл.
    Или за тебе секогаш е чашата половина полна, па само позитивното го гледаш?
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Не можи некој да заслужи навреди. Или си против или си за навреди. Ако ти смета за личност А, ама за личност Б заслужила - двојни ариши се.

    Темите шо се отворија наново е добро. Само мора да се трач теми добро контролирани оти пред да изброиме до 10 ќе излези од контрола.

    Омг каде то? :o Ужас таков потпис. :rofl:
     
    На Ugly Duckling, buba4e89, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. winnie7

    winnie7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Ако е некој јавна фаца треба да се носи со муабетите што ги зборуваат луѓето, не да плачи. Пола од нашиве јавни фаци сами си прават да бидат озборувани и понекогаш да се пишуваат погрдни зборови за нив. Не велам дека е добро тоа да се пишуваат погрдни зборови ама брате...... Миа, смири страсти.
    Борис пресмешно ја изглуми, нејзиниот лајв не можев да го гледам воопшто, цело време истото. Се надевам немам згрешено нешто во напишаново:D
     
    На sleepingbeauty, злоба и LadyMau им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Само што мрднавме од една точка и покажавме дека нашиот глас се брои, делумно благодарение на форумов, повторно се вративме назад. За да плукаш отров по некого на форум зад скриен лик треба да си полн со него и во реалноста. Со изнесување приватни информации може да се направи непоправлива штета. Може да се уништи нечиј углед, брак, семејство.
    Еве мене ми стана незгодно кога Лила беше спомнувана со погрдни зборови. Не се сеќавав дали пријавив, но знам дека изреагирав. Па толку да се имало грижа за туѓ живот! Ако една жена е самохрана мајка и притоа изгледа добро без маж до неа, ситуирана, со кратки зборови и е добро во животот не значи дека е неморална личност. Да покажеме малку човечност. Критика да, навреди не. Само малку треба.
     
    На Biljarkata и Nausicaa им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Мјф беше токсична тема, не се лажете. Го вадеше најгрдото од форумов. Ама тимот на Фемина го дозволи тоа.

    Тоа беше тема каде беше ок за тинејџерка што се сликала провокативно да се напише дека си го бара и дека личи на курва. Слободно може да се прочита што се се изнапиша за Лила, и каков речник се користеше. И колку пати имало дискусии (кавги) дека треба да бидеме почовечни и да внимаваме како се изразуваме. Дискусиите избришани (фамозниот оф-топик на форумов) а спорните мислења стојат. И нормално, кога нема последици, наредниот ден пак истиот речник и пак истата омраза, од истите членови.

    Да, не беше во ред да се коментира дека Миа е лоша мајка. Воопшто не беше во ред!!! Не беше во ред да се коментира за Лила дека е проститутка. Дека Ката и Тамара се дрогираат. Ама, не е финтата ние членовите да се караме меѓу себе и да изиграваме модератори, си има тим кој треба да постави граница до каде може да одат трачевите. Едно е да коментираш дека некоја си не е добра водителка, дека нема дикција, дека нема фонд на зборови а друго е да лаеш дека не е добра мајка.

    Е ама, пак ќе кажам, некој треба да воведе ред. Како што надвор од форумов имаме обезбедување, редари, па и полиција, треба некој и на форумов да внимава како се однесуваат оние кои се дел од него. Ама се додека не испадна големата, никој не се замараше со ништо- секако ќе продолжиме со пишување. Две масивни теми за секојдневни муабети, теми за брак, мајчинство, тук таму шмикна, облека, филмче, книга и ќе си тера форумов така уште сто години.

    Каде се да реагираат кога има кавги? Каде се да реагираат кога има проблем? Каде се да реаираат кога некој член беснее по осетливи теми? Исто, нека се објасни транспарентно банирањето. Зошто Валјд е тука, а Окзензи не? Што се случи со Далерон?

    На форумов сум седум години. Само еднаш имаше избор за модератори. Свесни сте што значи тоа за форум од овој магнитуд. Ама нека гори, што им е галје, секако пари им носиме.

    *****
    Исто има две теми за гинеколози. Дали треба да очекуваме лајф сега од некоја докторка што се нашла засегната од зборовите на незадоволна пациентка па ајде сега и таа да почне да чита постови и да се дере „тужба“? Или фризери, ресторани, кафичи? Ако не па, ајде сите да правиме муабет само за времето и каде има попусти во моментот. Ама и тука да внимаваме, да не пишуваме дека на попустот има изгужвани парталчиња од пред три сезони, зошто и тука може некој да вика тужбаааа.

    А за конкретната госпожа, која цел форум го спореди со Јавна Соба, предлагам веќе никогаш повеќе да не биде спомната тука. Реално, јас само од тука ја знам.. Верувам истото важи и за куп други членки. Едноставно, да не ја збориме повеќе, нека падне во заборав. Буквално- stop making stupid people famous!

    А ако навистина планирате да го бојкотирате форумов на недела, две, три, сметајте на мене. Точно, не фрлија под автобус. Поважно им беше да и удоволат на една инфлуенСЕРКА која не порамни со манијаци и педофили, отколку да застанат на страната на оние од кои буквално леб вадат- нивните членови!
     
    На CameliaMiller, Ivan4e04, PaLaVa и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.406
    Допаѓања:
    81.622
    Пол:
    Женски
    И уште нешто.
    Порано исто пишував,додуша џабе везев.
    Зошто нема сеуште картони со поени за казнување за прекршување правила?
    20 поена -тролање.
    100-навреда(3 дена бан)
    500 - говор на омраза (7 дена бан)
    1000-шовинизам,тешка лична навреда, приватни податоци...(траен бан)
    Зошто немате модератори на секој подфорум кои можат да реагираат,казнуваат за навреди?
    Јасни правила,модерирање,а не опомени.
    Во интерес на вашите членови и на вас како форум е да си го средите форумот,а не да трчате да се извинувате или да пишувате безвезни образложенија за некоја си Миа што станала на лева нога, а самата таа живее од самопромовирање на социјални мрежи,кое повлекува коментари позхтивни/ негативни,а тука форумот ви тоне.
    И уште нешто што го приметив.
    Како може уредници модератори на форумот да ви бидат малолетни девојчиња( ништо лично кон нив)сега веројатно се полнолетни.
    Мислам ,можат во тинејџерски теми,но немаат доволно зрелост и искуство да модерираат посериозни подфоруми.
     
    На LadyMau, Ivan4e04, PaLaVa и 16 други им се допаѓа ова.
  7. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.617
    Пол:
    Женски
    Едно е да се пишуваат негативни коментари, едно е да се вреѓа и да се повикува говор на омраза,булинг, насилство и сл.
    Негативни коментари по дифолт значи вреѓање до степен додека човек не полуди? Јас под негативни коментари не подразбирам вреѓање, а уште помалку агресија,омраза ...
     
  8. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.617
    Пол:
    Женски

    Прашувам, бидејќи тука цело време се тврди дека Миа го заслужила и си го добила тоа што го барала? Штом е така за неа, сигурно тоа важи и за сите нас. Добиваш тоа што го заслужуваш,така? Мислам добро ги разбрав “форумските правила на игра”
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.722
    Се приклучувам кон везењето:nod:
    [​IMG]
     
    На Stephen Amell, Ugly Duckling, burthdaykake и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.082
    Форум што генерира толку кликови и пари од реклами не сака да оддели ситни пари да вработи по неколку модератори за секоја категорија, што зборуваме понатаму, ќе има и предење и везење и плетење само волната е стрижена од нас.
     
    На Stephen Amell, Biljarkata, asdas и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ај олабави малце, многу се запна а ни сама не разграничуваш што пишуваш. Еве ти давам негативен коментар што може за твојот карактер е премногу, ама си се нафатила да пишуваш јавно на форум па ако премногу лично те повредуваат реплики, нема да се уклучуваш веќе и нема да стигнеш да полудиш (како ти што се изрази)
    Значи:
    - негативен коментар и вреѓање се релативни и може да се еднакви;
    - не се "повикува говор на омраза и булинг";
    - насилствово не знам од кај ти е, небаре овде за митинг се организираа;
    - омраза и вака и така, ама тие полупрофесии одат со лав хејт однос, тоа што кај нас скроз погрешни генерации се бават со истото, е нивна лоша проценка.
     
  12. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.617
    Пол:
    Женски

    Прочитај се што напиша те молам, верувам ни сама не си го разбра коментарот, а уште помалку моите коментари што ги изнапишав и што имаат едно исто значење.
     
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.719
    Пол:
    Женски
    Наводно, се шпекулира дека членовите овде многу смрдат на грав. Значи штом миризбата толку се осеќа виртуелно предлагам во правилата за регистрирање да се стави ТУШИРАЊЕ. Два пати дневно.
    И нема што да јадете грав, значи традиционални македонски јадења никако! Дајте малку едуцирајте се и пригответе нешто пософистицирано, срамота.
     
    На Ivan4e04, Stephen Amell, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    На пример рижото наместо старомодниот ориз...
     
    На Ivan4e04, Stephen Amell, rumcherry и 12 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ами другите?
    Затоа е форумов. :)
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сите оговараме, ама не оговараме сите луѓе кои ги познаваме, и не оговараме сите јавно.
    Остајте, кој што сака нека си прави.

    Ем ви смета, ем реклама и' правите цела недела веќе.
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Аха.
    Оти освен трачање и ова што наброја, ништо друго на светот не постои |(
     
    На Fifi84, Biljarkata и GirlVolley им се допаѓа ова.
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Форумот си ја постигна целта, доби метеж. И оваа тема доста актуелна стана, така да mission completed.
     
    На simoncelicius, tinka-mace, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.888
    А не ми е јасно на која основа и се зголемил бројот на следачи заради настанов? Демек луѓе што не ја следеле дотичната сега поради ова почнале да ја следат? :o Ајде да не дозволиме да си ја исполни целта на ваков начин. Јас ја одследив, направете го тоа и вие :D
     
    На IvanaMinaj, simoncelicius и Frestonia им се допаѓа ова.
  20. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Дотичната која не би да ја именувам (пошо не ми се свиѓа името, простоселско ми е), јавно на стори и на лајв откри идентитет на наша членка и еве јас на пример и го најдов профилот. И шо правиме со тоа? Дали сега @Femina ќе и понуди нешто на членката да си одбере сосисака или па да си ТУЖИИИИИ?
    За другарка прашувам и да, ШпееееКулиррам!
     
    На olly14, Leat, Frestonia и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.