1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Образложение за „Инста-блогерки“ и „Македонски јавни фаци“

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 9 февруари 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За плата, ќе 'висат'.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    На твитер вчера главно прашање беше, која е Миа и што се десило на Фемина? Па сега види кој е инфлуенсер;)
     
    На Leat, simoncelicius, Frestonia и 3 други им се допаѓа ова.
  3. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски

    Зошто да и понуди нешто за да ја заштити? Секој е свесен што пишува и никој со сила не е присилен на тоа и секој треба да е свесен за ризикот.
    Не ве разбирам... сама си го барала, народски кажано
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.983
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.090
    Пол:
    Женски
    И познатите си одбрале да бидат познати и се свесни за ризикот од секакви коментари :inlove:

    @burthdaykake сериозна си? :o
     
    На burthdaykake, ElenaOfRivendell и Dentina им се допаѓа ова.
  6. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Оки доки! Си го бара да ја ругаме и онаа шо свесно си се постира јавно на јавен медиум. Плус со тоа виснатите ци*ки, народски кажано.
     
    На asdas и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.726
    Пол:
    Женски
    Мислете си вие дека се Фемина и инфлуенсерката зад сето ова, вистината е дека јас сум, ќе си отидете сите и јас ќе си земам форумџика на година.

    [​IMG]

    Секоја шала на страна, ви требаат промени. Внимателно ги читав сите критики и коментари и многу држат вода. Рејн не може секаде да постигне, може да си поставите нова, свежа крв во модераторскиот тим што фер и коректно ќе модерира. Нека не биде цел товар само на неа, жената има живот и не може да е тука 24/7. Кога имаат членките некоја забелешка, може да се дебатира околу истата, да не бидат игнорирани. А тоа може да се постигне со поголем модераторски тим.

    Не значи дека критиките се лоша работа, ова може да е место кое е убаво за сите. Нека биде ова што се случи една убава лекција за сите нас, дека зборовите можат да се полоши и од куршуми. А форумов мене најчесто ми е за релаксација (освен кога тролови ќе ме напнат по темите) и навистина сакам да е убаво место за дружба.
     
    На Idedemja, Biljarkata, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За два дена ќе заборајте.

    ... ко се' друго...

    Кој сака кафе?
     
    На Tajnaotrovna, mal.ecka, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И да ги платат :!:

    Не знам само дали им фаќа умот за такви издатоци ... :lol:
     
  10. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.712
    Се разбира дека постои голем простор за напредување на Форумот и тоа е одлично, затоа што „секогаш може подобро“.

    Како што контентот е „жива материја“, како што општествените норми еволуираат, така и политиката за модерирање е природно да се надградува. Нема ништо лошо да стивнат навредите, во сите теми без исклучок и веројатно сме истомисленици во однос на тоа прашање.

    Модераторите непрекинато чешлаат низ темите и доброволно инвестираат многу време и енергија за дискусиите да течат што поглатко. Веројатно сте биле сведоци на бришење на несоодветни мислења/навреди/спам, но имајте предвид дека вистинската бројка на отстранети мислења е небројни пати поголема од тоа. Распределување на мислења во соодветни теми, стимулирање на дискусии, банирање на тролови, објаснувања зошто нешто било направено како што било направено... За сето тоа е потребна голема посветеност и неретко „челични“ нерви. Модераторите имаат суштинска улога на Форумот и не заслужуваат да бидат мета на негативност. Огромна благодарност до секој од нив!

    Неоспорлив факт е дека душата и мозокот на Форумот се членовите и никој друг. Да, звучи како клише кога ќе се каже дека буквално секој придонесува во градењето целосната слика, но навистина е така. Ги цениме сите мислења, сугестии и забелешки и секогаш кога треба да се донесе одлука, првенствено размислуваме како тоа би влијаело на заедницата и што е најдоброто за неа. Благодариме што споделувате, инспирирате, иницирате и полемизирате.

    Во секој случај, секогаш сме отворени за конструктивни критики, бидејќи се двигател за промени.

    Што се однесува до предлогот за поддршка на креативци за рачна изработка, ги разгледуваме опциите како да го имплементираме тоа без да биде злоупотребено. Наскоро ќе направиме конкретен чекор во таа насока.

    Бидејќи темата премногу се „разводни“, преминуваме кон клуч.
     
    На marija.1234-velkova и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.