1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Образложение за „Инста-блогерки“ и „Македонски јавни фаци“

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 9 февруари 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Затворила теми полни со шпекулации, трачеви што и сметаа, а сите тие мислења не се избришани. Зошто? :) Хммм
    Ако ова е победа на Тужбата може и не заслужува толкава слава и поддршка. Мислев ќе тера до крај.
     
    На eliesaab, mal.ecka, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    Реков нема да ја спомнувам ама уште ова... син и нема да и ги види голите слики на инста и на плејбој ама ќе отвори фемина ќе чита. (facepalm)
     
    На eli25, Skorpija25, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  3. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Freedom of speech has left the chat...
     
    На Trxmx, Victorian, rumcherry и 31 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Инаку, и се придружувам на @Bridget на изразениот револт и нема да пишувам. Ако имате идеја за друг форум каде што може да се дружиме пишете во лп.
     
    На Trxmx, Victorian, rumcherry и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Драма за ништо.
    А некое извинување за членките што ги читаше јавно и се закануваше со тужби за да испадне дека форумов е составен од 10 жени што се собрале да трачарат?
     
    На PaLaVa, eliesaab, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Се сложувам триста посто. Негативното мислење за човека го градам врз основа на тоа што тој самиот го сервира, а не врз основа на трачарска рубрика на анонимен форум. Во приватниот живот на "јавните" личности влегуваме точно онолку колку што самите ни дозволиле, ни милиметар повеќе од тоа. Ама ај, со среќа нека им е животот инстаграмски.
     
    На шеќерка, Stressed Out, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. petkana007

    petkana007 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    56
    Миа откри што е и како фунционира форум во 2021 година. What a year to be alive.

    Реалноста е следнава: Миа е јавна личност која не знае како треба да се однесува во јавноста. Страшно е зашто е цела декада на телевизија, по клубови а сега е на инстаграм ко инфлуенсерка. Ширење хистерија и омраза од нејзина страна е исто толку погрешно ко одвратните муабети за неа. Што не значи дека тоа дека ги обезвреднува некои од коментарите, но не значи дека за се треба да се вика ТУЖБА. The girl who cried lawsuit!

    Членовите на форумот пишуваат на теми што нив им се актуелни. Пишуваат некогаш и глупости, некад за лајкови некад без размислување. Администраторите не го санкционираат тоа што не им е во интерес да се занимаваат. Општа и масовна калак*рница.

    Никој не е крив и сите се криви.

    Денес е фемина утре ќе биде кајгана. Денес е Миа, уште ќе биде Спанџарска или Ангела алиекспрес. Многу небитни и токсични ликови од кои може да научиме само едно: луѓето сакаат внимание и знаат како да го добијат.
    Да сум на ваше место ни точка за Миа не би напишала на ниедна тема.
    Да сум не местото на “брендовиве” кои ја земаат како инфлуенсер не би и дала ни 10 денари да ме рекламира.
    Да сум на место на админиве и сопственициве...вајда истото би праела, не замарање со тоа што ми носи многу пари. БИНГО!

    Но ништо од ова нема да се случи, и се ќе биде исто.

    Вива ла револусион!!!

    П.С Фала за сеирот, супер се изнасмеавме сите. ТУЖБА ќе остане со нас засекогаш :)
     
    Последна измена: 10 февруари 2021
    На CameliaMiller, Trxmx, Victorian и 33 други им се допаѓа ова.
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    На форумот има жени (и мажи) со многу различни карактери и теми на интерес.
    Не бранам, не обвинувам, секој има некој интерес за кое е дојден на форумов, сака да пишува и да дели мислења.

    Темата МЈФ функционираше вака со години, да претставуваше вистински проблем, ќе беше затворена многу одамна.

    За жал, со последниве постапки, Фемина ќе стане само место каде што луѓето ќе доаѓаат да прочитаат за нешто што им треба, било да е рецензија за производ, онлајн шопинг, правни совети и слично - и веќе нема да споделуваат мислења.

    Баш штета.
     
    На Trxmx, PaLaVa, eliesaab и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Не знам која е Миа и што уствари ја прави позната. Не сакам ни да знам. Не ме интересира ваквиот тип јавни фаци, за мене се небитни. Но едно можам да кажам, ако си решил да си јавна личност, треба да бидеш спремен на тоа дека нема да цветаат рози секогаш, дека нема сите да те сакаат и поддржуваат, дека ќе се замине предалеку со трачови, со зборување се' и сешто. Тоа е дел од шоу бизнисот. И тоа бара карактер за да се поднесе, да се прифати, за тоа не може да се тужи. Тужба врз основа на што? Никој не и' закани со нешто. Ни прва, ни последна, ни единствена јавна личност за која се зборувало нешто невкусно.
    Дека се претерува со некои коментари, да, темата Македонски јавни фаци веќе одамна е буниште, а другата тема за Инста блогерки многу ретко ја читам. Во ред е да има тема во која ќе се споделува некое инфо за познатите, ама тоа да има поента. Пример, прашувавме за новиот албум на Врчак, дали навистина ќе има такво нешто како што се зборува, па за промоција на некоја нова песна, нови ликови на сцената или давање критика за некој актуелен настан, нечија објава споделена со јавноста и слично. Е ако и новата тема го фати истиот правец како МЈФ, тоа ќе значи дека нешто не е во ред ни со тимот на Фемина, не само со членовите кои пишуваат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Иначе што се случи?
    Поради која причина се затвора темата со МЈФ?
    Инфлуенсерките победија во споров?
    Барем мене така ми се чини...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    4.620
    Дали ќе има нова тема каде што ќе може да се пишува тоа што и така сите го збориме кога ќе се видиме на кафе со другарките? дали ќе има тема каде што ќе може да си пооговараме во нормални рамки?
    ако не сајонара од мене
     
    На Hellobeautiful, Dentina и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Не е во ред да се служиме со навреди и да измислуваме работи само за да омаловажиме некого кој го сметаме подобар од нас. Уште повеќе ако тоа го правиме на форум зад скриен псевдоним. За актуелнава особа не прочитав што точно се пишувало, но знам дека некои членки и тоа како знаат да бидат отровни со пишување коментари. Во ред е да се коментира нешто што некој го споделил во јавност, но да му копаш некому во приватност и да го шириш на читан форум зачинето не е во ред. Е сега не е во ред и кога овде беа откривани идентитети на девојки и жени, што е против правилата на форумот -никој не реагираше за тоа навремено.
    Темите не треба да се затвораат, туку да се прочистат од одредени коментари.
     
    На duffi и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам и јас. Mногу важност и дадоја.
     
    На eliesaab, mal.ecka, Autumn_ и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    @Femina направивте контра ефект. Поради одлуката, да и се удоволи на Миа, Зоки, Ангела и сличните, ја избришавте темата па сега членките ви бегаат од форумов.
    На 50/50 сум и јас. :worried:
    Не е во ред така.
    Значи сега треба и фејсбукот да го исклучи Марк поради тоа што ги оговараат таму Бијонсе, Памела Андерсон, Миа Калифа и Лејди Гага. :|
     
    На eli25, Emilija97mk, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.069
    Последнава година особено, ништо немаше во мјф освен измислување и споделување нелегитимни информации. Да се прочистуваше темата, ништо немаше да остане. И која е вредноста на темата побогу? Па и на двете? Си имаат канали за да си бидат јавни, зошто форумов да им ја билда популарноста? Нели реклама е забранета?
    Нека си бидат јавни, таму кајшто се, нека си ги коментираат на соодветните платформи, нека си ги оговараат таму ако е тоа насушна потреба.
    Чиста сметка, долга љубов. Фала многу, пријатно.
     
    На SwanMay, Maja333, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Така е.
    Игнорирањето е најголема казна за таквите на кои што најбитни им се бројките.
     
    На PaLaVa, Emilija97mk, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Јас пишав - во ред е да се коментира нечиј стајлинг или напрчена усна или лоша шминка или глуп коментар, но да зборуваш за некоја дека има пари од што се е** не е во ред. На тоа алудирав. Треба да научиме да разграничуваме критика и навреда кога се изразуваме. Тоа што не сакаш да ти го прават не го прави на друг.
     
    На cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Секоја јавна фаца ако се жали на лајв, зарем сите теми ќе ги сотрете?

    Не знам за вас, но јас се чувствував многу загрозено како член на форумов, иако не бев дел од драмата.

    Не ми беше сееедно некоја фаца да се заканува дека ќе најде iP адреса, дека ќе ми обелодени лични информации, а форумов да заштитува личност која не е ни дел од фемина.
    Сепак ние постарите членови се имаме доверено на форумов за многу деликатни теми.

    Од нашите мислења леб јадете.
     
    На Just.do.it, Trxmx, Victorian и 34 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Немаше тогаш никаква реакција. C579902E-64B1-491F-A47A-DE9997F9BEBE.jpeg
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.312
    Фемина и Миа постигнаа РАЗУМЕН КОМПРОМИС.
    А РАЗУМЕН КОМПРОМИС Е РАЗУМЕН КОМПРОМИС:D

    Фемина, да не ви држеме ние лекции, али добро знаете дека толку години опстојувате од нас, а не од членките.
    Спорната тема МЈФ опстојува со години, таму коментирале и модератори, а секако ја читате и вие. Последните страници се полни со навреди кои може да се избришат, ама еве почнете од почетокот, да си освежете меморија што е се' пишувано.
    Во таа тема се споделувани многу попикантни работи, како тарифи, цени... Се трачарало и за повлијателни ликови од инфлуенсерките. И никој тогаш ништо не превзема.
    Трач тема која и вие со задоволство ја читавте и бевте свесни дека ви носи читаност.

    Што е сега ова, затварање?
    Сфаќате дека револтот ќе биде голем, дека многу ќе престанат да пишуваат?

    Секоја чест за реакцијата, јасно е дека Миа е далеку од победник, изгледа сфати дека адвокатите нема да плачат за нејзиното стори. Која навреда кон нив.
    Јасно беше дека она нема основ за тужба, јасно ви беше и на вас дека вие можете да ја тужете.

    Она буквално е поразена, од силење и она фамозното ТУЖБА, добиваме извинување и фалење колку добар е форумот:D
    Али ТУЖБА кога правилно ќе се употреби стварно е магичен збор;)

    Со затворањето на темите, особено па Инста - блогерки, и они губат. Само јас заследив девојки што ги прочитав овде, а врска немав дека постојат.

    Нејсе, Фемина време и вие вака да реагирате за внатрешни проблеми, кога ви пишуваат членки, а не да игнорирате. Ставете повеќе модератори во теми кај што знаете дека се караме, да се реагира што побрзо и да не се создава револт.
    Оти да повториме, вие од членовите овде постоите.
    Видовте сега како се сплотивме сите, не не' потценувајте!
     
    Последна измена: 10 февруари 2021
    На CameliaMiller, Кристина Хара, Trxmx и 49 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.