Образовниот систем во Македонија

Дискусија во 'Образование' започната од kim.k, 10 октомври 2015.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.391
    Пол:
    Женски
    На oblace1, sparklie, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    51.887
    Пол:
    Женски
    Генерациите од 80тите ќе се сетат - истиов текст беше и во нашите читанки. :)
    Само тогаш се работеше за Васина торта. Памети некој или јас сум луда? Е сега овој момент со пипкањето на мозолчиња како цветчиња не го паметам, ама веројатно и тоа го имаше. :D
     
    На cresa-jagoda, Mishela и Lella им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Со денешнава неинформирана младина, ова е совршениот рецепт за правење дете на 13-14 години... :x
     
    На Lella, Anabelle.Amorette, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.005
    Допаѓања:
    73.964
    И јас се сеќавам. Смешно ни е сега оти ние сме веќе возрасни, ама децата, а и ние како деца различно ги перцепираме работите. На дете од 9-10 години да му кажуваш за хормони, нема да сфати, затоа во осмо се учеше тоа. Со вакви лајт приказни дека ќе имаат мозолчиња само почнуваат полека да сфаќаат дека ќе им се промени телото. Е тоа што ние порано на 12-13 добивавме, а сега на 9 години имаат менструација...не се криви учебниците, храната со хормони и копанчињата амерички се си направија.
     
    На makedonkamak, cresa-jagoda и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    51.887
    Пол:
    Женски
    Можам само да кажам дека во наше време текстов не беше трагичен, баш убаво ми останал во сеќавање.
    Е сега, лошо е што се останало на истите текстови. Не знам за кое одделение е учебникот... Денешните ученици имаат мнооогу поинаква основа, други интереси и потреби. Образованието треба да еволуира. Од оние примери што сум ги видела од новите учебници, не оди баш во правилна насока.

    Во западните земји многу се потпираат на технологија, не знам колку е воведено тоа кај нас. Има прекрасни веб страни како Edutopia, кои ги прилагодуваат лекциите на начин што им е интересен на учениците. Не сум видела нешто вакво на македонски, поправете ме ако грешам. И концептот на flipped classroom е многу застапен - учениците гледаат едукативни видеа дома и ги учат основните информации, а училишниот час се користи за дискусија и разјаснување на лекцијата. Домашното на час, лекцијата дома. На овој начин учителот добро гледа кој што разбрал, и кому му е потребна помош.
    Се разбира, не е целото образование организирано на овој начин, но се воведува во некои предмети и практичните резултати се одлични.

    До каде сме ние со овие реформи? Ако има некој што работи во образование, баш ме интересира информацијата.
     
    Последна измена: 10 октомври 2015
    На theowndemon, Lella, makedonkamak и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    66.064
    Во право си за се што кажа. Јас работев во образование до пред 1.5 год. и секоја реформа која што се воведе беше безполезна за учениците според мене барем, во смисла секоја една таква беше на децата се да им биде надробено они само да сркаат. Јас пробував со тоа да им зададам за дома да направат истражување, да извадат некои информации поврзани со новата наставна единица, кратка презентација и сл., меѓутоа наредниот час кога треба сето тоа да се презентира и дообјасни со моја помош добивав од повеќето ученици само - Заборавив... Наставничке денеска по сите предмети не испрашуваат немавме време за истражување... Наставничке денеска правиме тест по тоа и тоа па учевме за тестот итн, итн. Па така часот пак се сведуваше најчесто во форма на one man show, ти си зборуваш а тие одбираат дали ќе те слушаат или ќе те игнорираат. Дури и кога јас ги изработував презентациите, доколку истите беа подолги бидејќи нели со слики, со примери, со се за да им биде што е можно поинтересно и да им го задрже вниманието добивав: Леле, ама е долгаааа:^).

    За учебниците да не зборувам, оскудни да пооскудни не може да бидат. А неодамна погледнав од најновите по Кембриџ програмата што се и бетер ми се видоа. Ако се базираш само на лекцијата во учебникот, немаш што да зборуваш повеќе од 10 мин. Од друга страна, не смееш да ги ОПТЕРЕТУВАШ децата со многу дополнителни информации надвор од учебникот... и кога да видиш, никако не си.
    Компјутерите беа вон употреба 90% од времето, само за презентација се вклучуваа, остатокот од времето фаќаа прашина и им служеа на децата како огледала (мониторите) да си поднаместат фризурчето на часот од време на време:rofl:. Или само слушаш штрап-штрап од некаде, некој се заиграл на тастатурата...
    Настрана тоа што повеќе од половина имаа проблем, па кога беше неопходна нивна употреба мораш да натискаш по неколку деца на еден, а тоа за нив е мелем да си прават разни дистракции. А нели, ИКТ па МОРАШ да користиш, инспекторот ти бара доказ за тоа...

    Не знам, нашиов образовен систем ми е ист како онаа што вика: ''Видела жабата коњот го потковуваат, па кренала нога и неа да ја потковат.''
     
    На stankica, theowndemon, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    25.385
    Пол:
    Женски
    Точно. Се соласувам со @Emy867 од збор до збор. Јас сум последна година во основно и кај нас е исто како што опиша таа. Сè е толку извештачено. Демек ИКТ ајде, дрн дрн, а всушност штом го допрат компјутерот сите си пуштаат игрички |( Па тие пусти комјутери, едни стари модели, па Линукс инсталирано, пребарувачите неапдејтирани 100 години ужас е, многу се нервирам кога имаме ИКТ. Часот за џабе е поминат, секако не е за оние кои не се интересираат за наставата, за нив тоа е подбро. Ама знам дека мора тоа да се прави, мајка ми е наставничка по математика, и не знам за другите предмети, ама 1/3 од часовите мора да ѝ бидат ИКТ.

    Да не зборувам за МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието). Тоа е највештачкото и најприсиленото нешто што сум го видела. Нè тераат да правиме хамери, па на хамерот на турски нешто напишано, нешто на албански, па истражувања за албански автори. Но не се наставниците криви, тоа им е кажано.

    Друго нешто за кое овие од министерството се влезени во филм е тимската работа. Нè наместија во групи да седиме, и најдобрите ученици со најлошите да седат, да научеле нешто и тие седејќи. Аха, мижи Митро, само ми мрдаат клупа, ми пречат и земаат моливи и пенкала. Сум побарала стопати да се преместам, иста песна. Јас искрено, не сум тимски играч, секогаш сакам да сум самостојна и крвта ми зоврива кога ќе ми речат „помогни му да другарчето, работете во групи“, бла бла... На крајот излегува, само јас пишувам, другите си прават муабет. :lol:

    Патем, за текстот, јас учев од овој учебник. Учебникот е за петто одд. (старо четврто), и е најawkward текст што некогаш сум го земала, особено на мои десетина години, па и прашања имаше под него мислам, за домашна работа. Го видовте она на крајот „си ги пипкаа“ или сл.
    Светена вода за авторот само. :D

    Инаку, имам братучет кој е 10 години и работи по новата Кембрич програма. Мислам дека е премногу, со оглед на тоа што ние тие работи ги учевме во шесто одделение, а некои дури и во седмо. Мислам, лесно е и сето тоа, ама не за тие години. Само ме чуди, зарем Англичаните и Американците не учат по оваа програма? Тогаш зошто не ги знаат овие работи? На Јутуб гледав едни предизвик правеа, кој ќе одговори точно и сл. и во предизвикот меѓудругото беа и множење едноцифрени броеви, и верувајте ги грешеа и потоа проверуваа со дигитрон. :nod: :tmi:
    Ама тоа е офтопик. :angel:
     
    На stankica, theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    66.064
    Леле, МИО сум го заборавила пусти:o. Јас бев на семинарот, ама набрзо потоа престанав со работа и не дочекав негова имплементација. Кога ќе се сетам на семинарот(facepalm)... Како дебилчиња во групички со фломастери и боички цртавме за да прикажеме како си ја замислуваме интеграцијата, да напишеме песничка за тоа:headbang::headbang::headbang: и милион други глупости кои не ми ни текнуваат оти до толку беше никакво, како прваче се осеќав. Предавачите, хмммм...Ај, ќе си подголтнам за нив.

    Каква меѓуетничка интеграција, какви бакрачи бе. Јас работев у школо пола турско, пола македонско, очите еден со друг си ги вадеа за часови. Се напикаа турски наставници за по 5-6 часа нов, нов, нов...Се гледа натпреварот и нетрпението кое што постои меѓу едните и другите од авион, ама нели ќе глумиме лудило како и за се друго.

    За тимската работа јас ќе си кажам отворено дека не ја применував воопшто. Тоа за мене е не ефективен час, изгубено време. Кога требаше некој свој став да изнесат, имаа време од 10тина минути да направат концепт во тетратките, ама секој посебно. Во тим е јасно дека еден ќе се товари со задачата, другите ќе лапаат муви. За галамата што може да се створи да не ни помислувам...

    Истражувања на часот на компјутери Н-И-К-А-К-О! Ако сум направила презентација, само тогаш. Кој ќе истражува? Некој порнич да убацат, па да ми се скинат нервите.
    Имаше и таква десалица, ама предметниот наставник не ја сфати трагично, баш напротив смешно му беше:^).
    Јас не би можела така, па затоа не се ни нафаќав.
    Сум била и ќе останам поборник за стариот училишен систем - табла, креда, тетратка , учебник како што оставил Господ, а не сликовница. Толку е и повеќе од доволно ако некој е заинтересиран за учење и знаење. За другите, ако сакаш и стој на глава прави на часот, они ќе те игнорираат, ќе си се клештат и никому ништо.
     
    На Lella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    53.780
    Пол:
    Женски
    Незнам од каде дојде оваа кембриџ програма за децава во основно, посебно мислам од 1-5 нели катастрофа. Треба прво ние родителите да седнеме, да прочитаме, да научиме- да разбереме па после да им објасниме т.е. да седнеме и домашно да напишеме. Е сега дали го има одговорот на прашањето - задачата во учебникот????????
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Е сега според оваа програма, децата после предавањето имаат одмор за ужинка, игра и релаксација, па подоцна седнуваат со наставниците и решаваат задачи. Се работи за целодневен престој на ученикот во школото. Кај нас некоја учителка, примена партиски и со најнизок просек, ке им налупа задачи според програма, кои и самата не знае да ги објасни, па после родителите вжештуваат телефони кај другите родители. Фрустрации, нервози, малтретирања и пак децата неписмени.
    Инаку одговор во учебник немаш.
    Скоро се заминавав со математика за 4одд и останав зачудена од глупостите.
     
    На Dadusicka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    58.824
    ^Јас вчера не знаев дропки и задачи со проценти да решам во учебник за деца од 12-3 години, а бев една од посолидните по математика во мојата школска кариера. :tmi: Бруки, или ние сме оглупавеле или не знам, очекуваат од децава којзнае што... не се сеќавам дека толку ми биле комплицирани тогаш.

    А книги се жив циркуз, ако читаш текст на пример, мислата во текстот не тече природно, туку можеш да познаеш кај крател уредникот, за нели, да речат дека пократки и поедноставни се лекциите. :D Тоа ти мораш уште петпати надолго и нашироко да го раскажеш за детето да го сфати. Или па, наместо да знаат пет работи, ама салам, што се вика, по три, пет, десет години, да го прашам и да знае, учат петнаесет непотребни, ги учат напамет и за една недела испарено им е од мозокот.

    Па тоа историја, географија, физика, биологија... ако не се сконцентрираш кога читаш, нема шанси да сфатиш за што станува збор. Случајно фатив и учебник по етика, јаоооооо, (facepalm) па јас тие работи во средно ги учев, наместо да работат со нив секојдневни ситуации и како треба да реагираат (пример, се степале две другарчиња, што е правилна постапка во таква ситуација, или си нашол новчаник на улица, што се прави понатаму, па како дома да разговараш правилно со родителите, итн итн), тие и тоа бубаат на памет! Не знам што корист ако дете кое штотуку влегува во пубертет и врие од хормони, научи напамет дефиниција за љубов или за морал.

    Да ви кажам право, не дека и ученичињава се заинтересирани за учење.... Работни навики нула! Одговорност спрема школото, нула! Одвај се чека фора да се грабне телефонот, да се сликаат, да си праќаат порачиња, па ти зборувај и дери се и викај...|(
     
    На Oxymoron, Dadusicka, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.285
    Eve i jas nekoja uteha da dadam.
    Nekoj raboti voopsto nemaat veze so realnosta.
    Detevo moe saka da se zapise na Psychology i za upis i baraat matematika od najvisokata grupa min 70%.
    Odkoga ima vrska ovaa profesija so matematika. Detevo ne mi e po matematikata , a jas i mm sme pa jas rabotam sekoja vecer po 2 saata za da go postigneme ovoj min 70%.
    Kakva ironija.
    Istava matematika so sredna ocena 85% e za tie sto sakaat da se zapisat na masinski, elektro, gradezen, petroleum.....
    Nesto najvredno od se e COMM. Ucat kako da se spravuvaat so badzetot sto bi go donele doma, interes na pari vo banka, kupuvanje na kuka/stan,minusni kamati na kartici........
    Zavrsniot projekt bese sekoj student vlece livce so plata i treba da napravi godisen balans na budzetot za da prezivee.
    Moeto dete izvleklo niska plata i sirota umre od racunaje (struja, voda, smetki.....jadenje,obleka, skolo......se na kup). Se javuvase vo ovdesen vodovot da i kazat za najpovole dial, i vo drugi kompanii zosto ne mozese obicno da napise trebase se da bide podrzano so website od kade e koristen podatokot.
    Mi veli e kako koga nema pari. Lesno odi na vtora rabota, zaraboti extra pari. E pa toa ne bilo zivot, ke go izgubela socialniot zivot.
    Na krajot resila so edna drugarka koja isto taka izvlekla niski primanja, kao ke delat apartman i smetki.
    I taka na kraj go izbalansira badzetot.
    Prekrasen predmet kade moze lesno da se nauci kolku cini zivotot sam.
     
    На Doozy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.847
    Допаѓања:
    112.620
    Ова го има во учебникот на брат ми, 5то одд, македонски јазик. Кога видов сликите и потоа прочитав нахнадно дека учебникот е за 5то го зедов учебникот и отворив на страната и го замолив да му го прочитам текстот. Да бидам искрена стоеше со подотворена уста. Мама го зеде учебникот и го пречита. Искрено не веруваше дека ова го има во учебник за 5то одд.
    Како и да е, од ко им воведија новите учебници и новата програма од Кембриџ, се е каша- попара. Децата по математика учат две години унапред работите, текстов океј, супер е децата да се едуцираат за пубертет ама дефинитивно не со ваков текст.
    Се сеќавам кога бев 4то, наставничката не замоли девојчињата да останиме после час (следниот ден момчињата) и ни објаснуваше за пубертет и менструација. Никому не сум била поблагодарна за тоа. Пубертетот не е само мозолче и чекање да стигниш прва година средно за да влезиш во него. 7-8 одд и првите деца веќе се влезени во пубертет.
    Во поглед на наставата, дури бев основно имавме класична настава каде што еден предава се до 7 и 8 кога почнаа промените. Сите настанивици за да не ги казнат не седнаа во групи, ама пак имавме класична настава. Ама седевме во групи да не дојди, не дај Боже инспекција.
    Во средно иста приказна, ама океј, сфаќам работа во парови, супер е, да дискутираат сите заедно, да се прават истражувања дома - се тоа сфаќам, ама работа во групи неможам. Можеби зошто не сум човек кој правилно функционира во група - или прам се, или не прам ништо, а то во секој случај не е фер за остатокот, но ако сум таа што прави се во секој случај сите ќе бидат задоволни. Секогаш е така во групната работа, еден работи, другите играат шах и седат на фб. Еден што малце ќе слушни ши другиот работи - ќе презентира.
    Правење истражувања дома, јас искрено многу го сакав тоа, но како што имаше @Emy867 кажано на почеток беше многу, многу тешко да се натера некој да изработи нешто ама со тек на време, во форма на презентации тоа се среди, барем средно дури бев и сериозно најмногу сите сме научиле надвор од настава, од презентациите и останати проекти кои сме ги правеле. Вервам дека тоа е зошто малце ново беше кон нас, сега и на бате кога ќе му речат да напрај истражување без проблем прифаќа (океј прај малце проблеми зошто неќи да учи ама сепак нормално му е да треба да прај истражување а не вонземско како кога беше воведено дури учевме порано) Обично избегнувавме проекти на хамери сем по математика зошто другите класови и не беа најмили со нив, а ти си се трудел.
    Дискусиите основно беа безполесни, наставникот по географија многу сакаше кога дискутираме, ама по кратко се откажа. Деца како деца кој се срами, кој се мајтапи. Средно особено при крајот имавме многу дискусии, мислам дека и така многу се учи, и покрај учењето, почнуваме да почитуваме туѓо мислење. На факс сега скоро сите професории сакаат да поттикнат дискусија, па после секое предавање останваме да продискутираме за темата, што е правилно, а што не е. Барем према мене тоа е ефективно, ама тоа не е нешто кое можи да се наметни на мали деца од основно.
    Работа на компјутери беше најмизерно нешто шо сме го имале. Ете како свежо од клупа излезена - компјутерите ги користевме за тетрис и crazy taxi, некои кои нема да се приклучат на компјутер, па мрежната поврзаност останува повеќе на друг компјутер си отклучваше страници па можеше и порнич да си гледа, фб да си отклучи или пак да си инсталира некоја игра. Секако професорите тоа не го забележуваа зошто нивните компјутери скоро секогаш беа маркирани како небитни и беа надвор од користење. Едино, информатика се сеќавам дека постојано и правилно ги користевме компјутерите и онака не имаше малце под контрола.
    пс. Компјутерите беа супер за криење, спиење, и слично.

    Во глобала, настава кога професор предава не секогаш е интересна, ама пак и без неа не се можи, барем према мене. Мислам дека професорот треба да збора и после секоја битна точка да проба да извлечи дискусија или бар кратко мислење од учениците и да им дај да направат истражување и/ли презентација (истражувањето секогаш го забораваме, презентацијата знајме дека ни влијај на оценката :') ) и следниот пат после презентацијата обавезно да се продискутира темата, дали е добра презентацијата или не. Едино, океј што се прават промени, ама нека се на поарно. Оваа Кембриџ програма за децата, па жал ми паѓа ... колку пати мама застанва со уште две други мајки да тумачат шо треба да напрат.


    @toogood јас учам психологија. Математиката и те како има врска со психологијата ... моментално за колоквиумска се умрев од задачи решавање статистика. Значи не комплицирана математика ама конкретно статистика и се што опфаќаа таа, куп формули. Во глобала задачите се многу лесни ама ако ги знајш формулите ахах ... (тој е потешкито дел :P)


    Иии ќе забораев. Зошто е дел од образовниот систем, сакам да го спомнам екстерното. Без учење сум добивала 4-5 на предмети за кои знаев еднакво на 2. Зошто? Моменталната меморија ми е многу голема, само го читкам наредните 2-3 сати памтам. Доволно колку да одам да извам оценка. Некои се шинуваа од учење, цел учебник го знаеја и ете ти - 3. А децата да ги прашаш на сон знат учебнико. Па на почеток кој стрес беше тоа екстерното, колку што ги познавам без спиење останаа ради него. Брат ми ете од лани и тој почна да биди stressed, прај шо ако не положам?
    Ни е објективно, ни е реално, ни е добро. Чиста тортура.
     
    На cresa-jagoda, crimson, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.285
    Formuli ovde ne se ucat napamet pa nitu definicii.
    Na ispit dobivas formula sheets i tamu ti se site formuli se razbira ne i koja variabila sto znaci.
    Isto definiciite se prisutni vo oblik na zadaca. Ti se zadava zadaca od sekojdneven zivot i treba so svoj zborovi da ja podrzis definicijata.
    Jas zavrsiv vtor fakultet ovde i iskustvo imam eden kup.
    Vo pocetokot timska rabota nemozev da zamislam specialno sto jas povozdrasna a okolu mene deca neodgovorni.So tek na vreme se nauciv i sega mi e cudno da rabotam samostojno.
    Imalo slucaevi da toj predmet ne mi odi pa sum se slepala na tug grb i obratno. No kako i da e ako neznaes polesno se uci od grupa nego da sednes sam i mozok da tupis.
    Grupite bile od luge od cel svet so razni potrebi. Na sred ucenje ti vika sega mu bilo vreme za molitva mora da odi, vremenska razlika pa mora da se javi domada se cue so semejstvoto, pa zbori pola saat, pa na nekoj decata mu se bolni , majka mu gi povela na doktor, a jazik neznae pa doktorot saka da zboruva so roditelot i uste kolku tragicni i smesni prikaski.
    Toa bas me nauci na edna tolerancija. Toleriram, bukvalno moze nekoj cocek na glava da mi igra i ne mi e nisto mi se cini bas od taa timska rabota vo koja se uci deka ne si sam na svetot ima okolutebe i drugi luge so svoj unikatni potrebi.
    Na kraj kraeva utre na rabota ne si sam niedna rabotna zadaca ne ja izveduvas sam treba da se znae da se komunicira so sekogo.
     
    На theowndemon и crimson им се допаѓа ова.