Ова дефинитивно нема врска со религијата. Се работи за потчинет род - жените - тие не смеат да чувствуваат задоволство како и мажите, само болка. Затоа и го прават ова, особено племињата во Африка, кои уште стојат ниско на скалата на цивилизираност. Ги шиеле и им оставале мало дупче колку да им тече менструалната крв, а и точно е дека мажите ги расекувале со нож на првата брачна ноќ. Само затоа што жената мора да чувствува болка
И после нашите ќе се жалат дека ги болело првиот пат... Ептен е болно ова,тоа е цела операција,а без анестезија,значи на таа болка,можат лесно да припаднат.Со загубата на крв,недај Боже можи и да умрат. И за шо? За глупости! А клиторисот и внатрешниот негов дел сепак имаат функција.Предизвикуваат контракции на матката т.е. оргазам и тоа го олеснува навлегувањето на сперматозоидите,кое го олеснува забременувањето. Овие се ненормални стварно.А и тоа да те сечел мажот за прва брачна ноќ,лелеее која и да е ќе сака да избега И јас пред неколку години го гледав филмот Desert flower и косата ми се креваше! Дај Боже насекаде да го искоренат ова.
Исто и јас го имам гледано Desert Flower. Преубав филм за тоа да сфатиме во колку современо подрачје живееме ние, покрај сето жалење дека сме затуцана земја, дека се касни по 20 години кај нас и слично, во споредба со тоа ние сме толку среќни, неописливо. Приказната е според вистинита сторија за една сега веќе жена која го поминала потполно истото што се опишува во филмот, накратко тоа е нејзина биографија. Од кога го гледат филмов одма прогуглав и сега е жената борец за заштита на права во ОН или не знам нешто така, кого го интересира нека побара на Google - Waris Dirie
Нема брска со религија зато што и во куранот пишува дека мажот прво треба да ја задоволи жената после за него да гледа ... инаку кога читав се згорозив и ме заболе таму долу
Aбе светата книга едно збори, ама човековиот ум е болен, па си измислуваат секакви глупости,демек од господ е пратено Kо прво Mуслиманките не треба да носат бурка, такво нешто не постои во исламот-тоа е измислено од Tалибанците, се знае хиџаб е правилната Mуслиманска облека. Oд тука почни A тоа Aна што го објасни, тоа мислам дека е нешто сосема друго во Aфрика, ова е сечење на клиторисот, има 4 типа ако добро се сеќавам....
Баш пред некој ден ја прочитав книгата во два дела на на Варис Дирие,просто се згрозив Жално е тоа што за нив е тоа најнормално,мислат дека така треба да биде...Од раскажаното во книгата како јас самата да поминува низ сето тоа...страшно,страшно
Ненормална работа... До каде може да однесе неписменоста на луѓето. Обично сум осетлива на тема полова дискриминација, мажот на врвот, а жената мета на омаловажување (во овој случај таа ги трпи болките), ама ова не само што ја надминува половата дискриминација, туку и човечкиот идиотизам. Греота само за невините жртви на овој грозоморен чин. Пребарував и на интернет и дојдов до видеово. Внимание: Видеото има вознемирувачка содржина. Спојлер http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=y0NuCMKaRpY#!
Постои и вакво нешто? Добро бе какви се не глупости па уште и на Бога му ги препишуваат. Тој така сакал. Болни умови!!!
За жал во Африка е честа појава но имигрантите во европската унија многу често ја продолжуваат традицијата. Доколку одкриени ризикуваат затвор но ретко кој пријавува.
Боље нека се избрише темава. Го знаев ова од порано, фала на потсетување, уште еднаш ми се згади животот.
Ужас! Фала Богу што во Африка не сум се родила. Иако мислам дека само некои од племињата уште го прават ова,сепак е ужасно. Каде со О.Н со нивните човекови права и правата на децата?! Зошто не сторат нешто за ова да го нема повеќе?
Од самата помисла ми се згрози животот. Незнам со која цел го прават ова? Имаат ли некоја корист? Со кој памет? Како може такво нешто да им прават на своите деца? После да носат трауми цел живот. Не ми се верува со какви се умоболни луѓе дишам ист воздух.
Од самата помисла ми се згрози.Гадно е премногу.Немам сили да отворам да видам за што се работи. Но,како што прочитав тука низ темава,ова е вандалска работа.Ма маме им ебем нивно,до кога вака бе со овој памет. Па 21 век сме луѓе,дај освестете се!
Мене ме интересира само оние луѓе кои ги обрежуваат девојчињата какви луѓе се тие? Зарем постојат и такви луѓе што воопшто немаат ни малку жал? Како можат да го прават тоа, не знам. Јас имам гледано таков филм, сигурно повеќето од вас го имаат гледано(Desert rose). Тоа е страшно нешто и се надевам дека Господ ќе ги казне оние што го прават тоа.
Од секогаш мразам обичаи, традиции.... но ова е ненормална работа....... за овие не е затвор туку бесилка!!! НЕНОРМАЛНИ како си ги уништуваат децата
Не ми се верува... Прв пат слушам за ова ама вистина се згрозив! Демек женско е па на ништо нема право. До кога бре мажите ќе бидат сметани за богови а жените за најдени на патот? Не ми се верува каква заостанатост и нечуствителност има во светот. Овоа го направиле во Германија и ги фанале и казниле, ама во оние заостанати земји каде што никаков ред нема? Страшно е, и за жал има многу други такви работи не е само оваа.
Гледав неколку видеа на youtube, а го гледав и филмот Desert flower. И можам само да кажам дека е нешто нечовечно, ужасно, се згрозив тотално. Што е најстрашно, повеќето родители на девојчињата го одобруваат ова. Видов и мајки како го држат сопствените ќерки додека ги обрежуваат. Мизерии. Толку ли нема начин да се спречи овој ужас, еднаш засекогаш?