Дело на преекстремно болни умови Убијци!!! Се прашувам што ли им кажуваат како оправдување за ваквиот грозоморен чин?!!??! И постои ли некој што сериозно се бори со правата на децата и жените во чија средина се прават вакви вандализми врз женското тело кое е природно создадено да ги има гениталиите на себе, а не пресечени
Прв пат прочитав за ова во трилогијата за принцезата Султана и се зрозив. Не сакав дури ни да истражувам ,да барам видеа или слики, а ретко се случува јас да се згрозам. Ми се чини јас чувствувам болка кога ќе се сетам на овај одвратен, ужасен чин. Сметам дека воа можат да го направат и да го дозволат само болни умови...Нема никаква врска со религијата, туку со заостанатоста на нецивилизираните племиња, најмногу во Африка. Се е со цел да се обезбеди сигурност на мажот дека жената му е невина и таа да не чувствува никакво задоволство, туку само болка. И при првиот сексуален однос мажот треба да ја сечи со нож, што е уште едно преболно искуство за тие жени. Сега читав повторно за ова, во Пустинскиот цвет каде што се е детално опишано...Не можам ни да замислам колкава е болката, не само при самиот чин туку и после тоа. Не можам да замислам каква е таа мајка што би дозволила да ја држи сопствената ќерка за раце и за нозе додека некој ја сакати за цел живот со жилет во никакви услови, со огромни шанси да добие инфекција или па да искрвари до смрт. Се надевам дека ова целосно ќе се искорени и дека ниедно девојче било каде во светот нема да мора да поминува низ овој хорор.
Нема што да им кажуваат,едноставно сфатиле дека тоа мора да биде така.И веројатно никој не се бори против ова,затоа што има места каде уште се случува ова. Болна работа...Колку девојчиња само умираат од болка или инфекција.
Бадијала некој се труди да ги освести ,кога овие самите не сакаат да напреднат. Светов е развиен до граница со абнормалното (во смисла на технологија ,сфаќања итн) ,а овие се закржлавиле со сфаќањето дека жената не треба да ужива во односот и ја осакатуваат на ваков грозоморен начин! И да биде уште потрагично , се вадат со религијата ,ги сквернават верувањата и самиот Бог , без разлика во кого веруваат! А дека немаат ни право ни услови за вакво изживување ним не им е грижа ,важно и најважно жената да биде со неколку скалила подолу од мажот , осакатена и обесправена. Само делкање со тап жилет за овие ,јавно , сите да видат и да знаат каква казна би следувала ако се повтори ваква гадотија уште на некое девојче. Жално ,навистина жално.
Мислев дека ова постои само во некои племиња заостанати. Скоро запознав луѓе од Етиопија. Ми рекоа дека скоро 95% од жените во Етиопија и 99% од жените во Сомалија се обрежани. Во оние малку проценти необрежани спагаат белците кои останалае таму од колонизацијата. Во другите земји во Африка процентот е нешто помал ама сепак е висок. Па замислете колкава земја е една Етиопија колку жени има во неа што се жртви на оваа крвава постапка. Е сега колку што разбрав имало три вида на обрежување не ја знам точно разликата ама мислам дека на едниот само вагиналните усни ги сечат а на другиот и клиторисот го отстрануваат. Кај болките што ги трпат па плус тие жени никогаш нема да го доживеат задоволството наречено клиторален оргазам. Поголема казна од ова - здравје. Среќа што некои од младите кои отишле по странство почнале да ја прекинуваат оваа традиција но нивниот процент е мал. Мал е и процентот на обрежувањата кои се вршат во медицински услови. Не знам како може да се помогне на овие жени кога многу од нив немаат ни од каде да се информираат и да побараат помош.
За ова првпат дознав гледајќи го филмот "Пустинско цвеќе" Многу тажен филм, морници ќе ве полазат ако го гледате. Тоа е традиција која со години некои земји си ја практикуваат. Не сум сигурна дека е поврзана со некоја религија, но можеби, не знам. Ме ужаснува помислата како го изведуваат самиот чин. Во катастрофално лоши услови, без никаква гаранција дека девојчето (бидејќи тоа им го прават на малите девојчиња пред да настапи пубертетот) ќе извлече жива глава. Во нестерилни услови и без анестезија. Девојчињата буквално паѓаат во агонија од болка. Жално, многу жално. Мислам дека е невозможно да им се помогне на овие луѓе, тие се убедени дека така МОРА! Дури и да се забрани со закон, верувам дека повторно ќе го практикуваат. Не им прави никаква разлика и онака не го прават тоа во здравствена институција.
Бај д веј ,го изгледав филмот Пустинско цвеќе и останав ваква ! Многу потресна приказна ,се ежев додека ги гледав сцените кај што ја касапат Варис.
Читам и не ми се верува Ивакво нешто постои Навистина сме среќни што живееме во каква таква Македонија!
Пред некоја ден го гледав филмот Desert flowers според вистинска случка на манекенката Liya леле цела се згрозив. Ова е најзастапено во африканските племиња и се смета дека ако жената не е обрежана тогаш не е чиста.Или пак дека таа служи само за раѓање деца и треба да чувствува само болка.А потрагично е тоа што во забеганите племиња уште од стариот век на коој начин тоа го прават некои девојчиња не преживуваат. Иако денес се спречени со закон во одредени држави сепак сеуште се прави. И тоа не го кажува муслиманската вера не е запишано дури ни во коранот но сепак...
Го гледав Desert Flower и се инаплакав , уште се чуствувам потресено, не ми се верва што прават луѓето се уште во светот. Страшно, страшно!!!. Треба да му се заканат или да престанат тоа да го прават или ќе ги убијат сите до еден. Колку сум благодарна што не сум родена во Африка и што не сум една од нив. Фала му на господ што се родив Тука, колку и да е за никаде државата.
За вакви луѓе бре само клада да постават на плоштад треба и да се каменуваат со денови ... ма не денови, со месеци .... За црквата нели најголемо злосторство е самоубиството и на човек кој ќе се самоубие поп не му пее на погребот, но зар за вакви да пее да им се простат гревовите? Ццццц, за вакви НЕлуѓе треба да се врати практиката на црквата од средниот век за т.н. „вештерки“ кога неколку дена јавно ги каменувале па ги палеле, и на крај пак да горат во пеколот
Секој ден читам нешто ново и чудно. Ама, ова кога го прочитав, навистина ми се згрози. Не можам да замислам до каде е спремен да оди човечкиот род? Многу сум против ова и навистина би сакала кога би можело да се спречи ваквото обрежување.
Гледав и читав работи на оваа тема и штом мене ми стана непријатно после тоа, не верувам дека некој друг би останал имун! Во продолжение е текст кој би бил многу вознемирувачки. Доколку некој не може да поднесе стрес додека го чита ова, препорачувам да не го отвора! Спојлер Една девојка раскажуваше дека не е виновна мајка и што го направила тоа. И самата не знаела. Не била информирана бидејќи речиси сите сметале дека тоа го наведува религијата, а всушност тоа бил ритуал останат уште од многу одамна и немал никаква врска со религијата! Како мала, сметала дека тоа така требало да биде и кога ја носеле за да го направат чинот, се сметала за горда за тоа што ќе се случи. Најлошото од се' е што при самиот чин не се употребуваат стерилни работи и посебни инструменти туку само жилети за бричење. На друга девојка дури дупло и наплатиле на мајка и што бил искористен уште еден жилет. Најпотресувачкото нешто е што при целата таа процедура не употребуваат никакви седативи и ублажувачи на болката. Откако ќе го направат тоа им ги спојувале и врзувале нозете на девојчињата за да и зарасне местото. Една девојка раскажуваше дека агоничен бил самиот чин, но болките уште толку биле изразени дури отпосле - со уринирањето. Сите знаеме колку болно може да биде доколку има и мало оштетување од лепакот од влошка, а не би сакала да знам низ што минуваат тие девојчиња. Дури и кажуваше дека доколку ја покажувала болката - тоа било срам за неа. Потресувачки беше делот кога изнесоа снимки од самиот чин. Не покажуваа ништо конкретно, но доволен беше врисокот од девојчето, па и уште викањето од мајката со лоши зборови упатени кон девојчето, за да ти се преврти во стомакот! Дури ниту напишаното до сега не е најлошиот дел. Девојка раскажуваше дека таа на 7 години била однесена во место без посебни услови кога се работи за хигиената и и' е направен овој чин. Сестра и' имала само 6 години. Раскажуваше дека од тоа што погрешно и било направено сето тоа, имала ужасни болки кои се јавиле неколку години подоцна. Кога отишла на гинеколог, тој утврдил дека болките доаѓаат од тоа што таа не може да ја исфрли крвта од циклусот. Била погрешно „затворена“. И кулминацијата настанува кога дознава дека не може да има деца само поради тоа што ритуалот морал да биде направен. Во спротивен случај било голема срамота. Ја цитирам „ќе си останам засекогаш сама“. Можеби вака напишано и не изгледа толку страшно, но видеата и текстовите не би ги гледала повторно! Се ужаснувам од самата помисла!
За тие што уште ова го практикуваат што уништуваат животи на девојчиња треба на бесилка директно.Коментирам затоа што читав една книга во 3 продолженија според вистинска приказна од Саудиска Арабија првиот дел се вика Принцезата Султана,во оваа книга се раскажува за размислувањата на жените под превезите за нивните семејства и повеќе работи во врска со правата и сл...се спомнува и обрежувањето на девојките и како тоа после тие се осудени да не уживаат во сексуалниот живот...го отстранувале клиторисот и останат дел од половиот орган а потоа се шиело Го правеле на деца постари од 4г ... П.С мислам дека т.е 90% сум сигурна дека само Франција ги има забрането овие операции. Еве видео кој сака можеда го погледне http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 0NuCMKaRpY
ако мислите дека филмот е грозен, прочитајте ја книгата и животот ќе ви се смени. Девојката е Варис Дирие, што ми е мене личен идол, и таа многу добро го има опишано целиот настан како со трња ѝ ги продупчуваат гениталиите и со зар'ѓавен нож ја сечат... Инаку во номадските племиња 70% од девојчињата умираат од последици на тој чин, а тиа што преживуваат. ја доживуваат судбината да кога имаат менструација, крвта не им се цеди нормално и имаат огромни болки(истите ги имала и Варис, при што се закопувала до карличниот појас во жешкиот песок), не можат да уживаат сексуално задоволство и при губење невиност, доколку сопугот не може да им го отвори „патот до матката“ на природен начин тоа го прави со нож...