Леле каков ужас читам и неможам да поверувам како можат такво несто да прават на бесилка треба да ги стават тие со го измислиле ова најстрого треба да ги казнат
Ова на мое дете никогаш не би го направила. Тие што се уште го прават - се умоболни. Никаква религија не може да го оправда ова. Во книгата Пустински цвет има тотален опис на кастрирање на девојче. Толку се згрозив, што мислам дека почувствував како мене да ме сечат со жилет. Мајка и седи зад девојчето и ја држи за да можат да ја осакатуваат. Се со цел девојката да неможе да стапи во полов однос пред да се омажи. Кога ќе се омажи, сопругот ги сече конците. Најлошото е што девојката мислеше дека тоа е нешто нормално, дека на сите девојки во светот им се случува. Кога си направи операција заплакав од радост.
Oх до каде ќе тера овој умоболен свет .Mногу ми е жал за сите девојчиња кои поминуват низ такво нешто,не можам да си замислам такво грозно нешто
А што им се толку чудите? Зарем виделе овие жени нешто друго па да знаат дека не треба така. Пренесено од колено на колено дека така треба, во традицијата и културата, од памтивек им останало. Исто како некој кога би прашал жена кај нас со кој памет носи дете на баење за од уроци, наместо да го носи на лекар. Или тоа е прифатливо, оти е во нашето секојдневие? Не се мери примерот со нивното, ама тоа е што е, убедување до кое се држи човек не се разубедува така лесно. Некои научиле дека не треба така, ама дека ќе се искорени комплетно не верувам. Мајките што си ги обрежуваат девојките не го прават тоа со намера да ги казнат, туку веруваат дека со тоа им прават добро за во иднина, без разлика како остатокот од светот гледа на тоа. Имам пријателки од сите страни на светот и сум запознаена со многу што се дешава по традиционални работи, што ги нема да се прочитаат на интернет. Во една земја конкретно им ставаат на момичките лута пиперна сол на репродуктивните органи. Да, го користат наместо ќотек, чекај ти да видиш, но во исто време веруваат дека им вршат услуга дека со тоа би имале полсен пораѓај еден ден.
Кое нормално бре ?! Се расплакав! За ова не признавам ни традиција, ни камен, ни бутур Се расплакав додека читав, се згрозив! Како бе, нема ли родителска љубов во овие луѓе? Со сила им го уништуваат животот на децава. А добро, на мажите што им прават за да гарантираат верност? Предрасуди, страшни предрасуди. Покор на жената во секој смисол На мое дете ова ни би го направила. Ни традиција, ни сфаќања, ни општество ништо не би ме натерало на тоа! Па нека ме убијат ако сакаат, нека ме каменуваат, што сакаат нека прават, ништо не би ме болело повеќе од болката и солзите на моето чедо. Ништо ! Бесчуствителни суштества..
И јас бев иста! Се стресов додека ги читав тие редови !! Страшно!! А пак кога дозна дека на другите девојки не е така..
А, за пеглање на градите (breast ironing) сте чуле? Епа, во некои делови на Африка, мрднати родители со пегли или загреани железа им ги тријат градите на девојките во пубертет за да не им растат, да престанат да им растат, за да не ги предизвикуваат машките, за да немаат секс пред брак. И какви се’ други лудости не ќе чуеш дека прават по светот. Така да - не! Родителите не секогаш знаат што е најдобро за децата. Само им го уништуваат животот со вакви глупости, само ги продолжуваат маките што они ги тргале и им ги пренесуваат на нивните деца, внуци... Крај немаат.
За жал, општесвеното е тоа што е. Колку и да не е прифатливо нешто за тебе во твоето општество, во друго тоа Е нормала, а тоа што ти го прифаќаш не е по морал кај друго. Некои работи во македонското општество мене еве ме вадат од такт, а не би требало, дека навикната, треба да ги прифатам, како гледарици, бајачки, оние што градат чешми оти светец им се покажал на сон, па црни магии, па растурачки на магиите. Ма дај. Што сме ние пагански поарни од погани туѓи општества? Ништо повеќе. Ако не сакатиме физички, сакатиме луѓе по психа, што не е немарлива работа само по себе. Како јас што сум ребел кон нашето, за среќа почнале да се будат жени и кон овие работи во нивните општества, ама далеку сме од совршено однесување сите.
Знам Имелда и во право си Ама се згрозувам од самата помисла на тоа дека им е нормално.. Нормално да ја гледа ќерката како вриска и пати цел живот? Совесен родител што си ја сака ќерката не би дозволил да се направи тоа.. Според мене Мајка ми плаче над мене дури кога ставам капки за очи во очите, а овие гледам ги држат уште.. Родителската љубов треба да е над се, најцврста врска. Болно, навистина болно..
Во филмот тоа се спомнува но мислам дека не е целта тоа. Тоа е само најболниот дел од животот на девојката. Самата кажа дека животот и се смени кога имала 3 години,кога ја обрежиле. Па и сцената кога ја даваа,ах неможев едноставно. И да, како што рече owi Такво им е верувањето и традицијата,но сепак мислам дека може тоа да се смени. Кај нив повеќе се применуваат и почитуваат традициите како кај нас. Они веруваат дека вистинската жена е обрежана жена,затоа што жената му припаѓа на мажот. Така и во нашата Библија пишува,но секако не треба жената да биде потценувана. Како може да и го скратуваат задоволството на сексот само за да не оди со други,да биде само со еден цел живот. Па нив со самото отсекување на клиторисот секој недоживеан оргазам им го оневозможуваат. Кога жената таму ќе се омажи и мажот во брачната ноќ ги кине конците и си почнува да работи. Страшно е тоа што жената не доживува ништо освен болка, ништо. Но затоа постоиме ние,идиотите. Ние на друг свет живееме па за да не ги поучиме како треба или да им покажеме свет, да ги примиме во нашите традиции и во нашиот начин на живеење? Само тоа е,кој кај се родил.
Според Библијата во која Бог ни се јавува и ни го кажува законот, обрезување на женски пол нема. Тоа е само кај машките! Се друго што се прави и што се измислува е дело на оној кој управува со светот со цел да се побие законот. Така да не се чудете што и да видите, бидеќи сте виделе, гледате и ќе гледате уште многу такви грозоморни нешта. Само колку да знаете дека тоа е голема грешка и немој да бидете заблудени некој да почне да верува во глупости! Отворете Библија и прочитајте се што ве интересира! Баш убаво си ги пишува законите а не кој како ќе ни проповеда така да правиме!
А сте слушнале за тие племиња во Африка што ги осакатуваат женските деца за да немаат потреба од секс? Од тоа побизарно амин. Цел полов орган им го уништуваат...Без анестезија им го отстрануваат клиторисот, им ги сечат вагиналните усни, па ги шијат така на голо, со обични игли и конец...Не се опишува со зборови кој ужас е тоа да го гледаш. Кога девојчето е на 4-5 годишна возраст, мајката го зема за рака и одат кај некоја стара жена што го извршува ова. Не знам на мајките како не им е ни малку жал...Како пиштат кутри дечиња, а мајката ги држи да не избегаат...Се онесвестуваат од плачење и болка. Има и видеа на јутуб од сето ова, плус како една позната манекенка поминала низ истото...Со плачење кажува, и ги проколнува сите зошто така и направиле........Не може човек рамнодушен да остане на тие видеа. Па кои инфенкции ги закачуваат...Па кои трауми...Крв насекаде, стварно не знам како може да раѓаат во иднина после се тоа. Тоа го имам гледано пред некоја година, ама сигурно уште е така и стварно не знам како никој ништо порадикално не превзема. Имало обиди да се спречи оваа глупост, и од страна на доктори и полиции... ама племиња ете на диво си прават п.с. Не знам дали за истите племиња се работи, ама читав и дека им ги пеглале градите на женските во пубертет, за да не им растат големи и да не привлекуваат мажи...Буквално со пегла за алишта и обични камења
@JollyGirl во тие племиња има многу смртни случаи на женски деца бидејќи тие и мочниот канал им го затвараат. Сум гледала и јас документарец за ова. Сум гледала документарец каде што млади момчиња јадат тестиси од јарец или камила (не сум сигурна, знам само дека ова се случуваше во некоја пустина). Значи целиот ритуал е трауматичен, од колењето, до јадење на живи тестиси, па се до играњето околу оган. Кај ромите сеуште се практикува ова, свекрвата со чаршав излегува на балкон и се фали дека снашката е поштена.
Значи, читам и солзи ми потекоа. Тоа не е нормално воопшто. И истите тие.девојчиња.што.плачат се мајките коИ по 20 години ќе ја држат својата ќерка да не избега. Траума ми предизвика постов жими се.
А тек да го гледаш видеото... Ужас прав. И јас плачев кога ја гледав манекенката како раскажуваше и со денови после видеото ми беше неописливо грдо кога ќе ми текнеше. Тажно е ова што се случува... Само се надевам дека во скоро време ќе превземе некој нешто, инаку тешко на тие девојчиња таму. Ги осакатуваат. Сите треба во затвор да ги носат... Овие не се здрави.