Сега баш се во мода сите видови на обувки со полна пета. Што мислите за нив, дали ви се допаѓаат, како изгледаат, дали можат да се комбинираат во разни варијанти?
Да ми се допаѓаат и има преубави дезени и модели.Поготово за летно време Јас имам едни карирани плаво,лила многу се убави ама страшно незгодни многу ме сечат напред кај прстите и заради тоа неможам многу-многу да ги носам а баш си ги сакам. Е оние сега што ги носат превисоките од Аванти не ми се допаѓаат ич.
Прекомотни се за носење и многу добри на изглед во исто време. Оние со средна висина најмногу ми се допаѓаат и најмногу ми одговараат, додека пак оние огромните ми се премногу гломазни и некако повеќе ја грубат ногата отколку што ја разубавуваат. Претежно одговараат за денски комбинации и ретки се оние поелегантните кои би се вклопиле со вечерно фустанче или воопшто за некоја свеченост или настан. Како и да е, едно палче нагоре од мене за овие обувки, комоција и добар изглед во едно. Спојлер
Имам едни сандали со полна пета, шаренки за во лето, и многу ги сакам, преудобни ми се а и добро стојат, барем мене.
Девојки , сте виделе ли некаде низ Скопјево кремасти обувки на полна пета , со средна висина ? Ми требаат за на свадба , а никаде не можев да најдам ... Има ли некој Life Savior тука ?
Пријатни се за носење, ама искрено ич не ми се допаѓаат. Ми ја изобличуваат ногата и се понепривлечни на око од штиклите. Има девојки што знаат супер да ги искомбинират, лично повеќе ми се допаѓаат на други отколку на себе, ама аверзија имам од "Нониња" од пола метар на полна пета од 33 сантима, поголема од нивната глава. Имам само еден пар и ретко ги носам, најчесто на лето пошто се отворени. Поубави се оние кај што високиот дел (штиклата) ја следи ширината на петата кај што стапнува ногата (горниот дел) отколку оние што како одат надоле така се стеснуваат: Спојлер Најубаво изгледаат со панталони со голи глуждови и со гратки струкирани, широки суќни, дефинитивно Досадно ми е па најдов неколку интересни комбинации
Сакам обувки со полна пета и кога кажав дека за полуматура ке облечам обувки со полна пета другарките почннаа да ми се смеат затоа што за полуматура сите ке облечат високи штикли а јас само обувки со полна пета.
Ги обожавам.А поготово ако се шарени со различни дезени за во лето да се носат! Преубаво стојат и премногу ги сакам.