повеке сакам обувки на штикла, вакви со полна пета некако ми се незгодни за носење, јас незнам да одам во такви имам еден пар сандали, ама ретко ги носам
Убави се, може и на полуматура да се носат, доколку некој е многу низок, или ете има преголема желба за штикли. Поарно овие отколку 10-ка. Спојлер
Јас просто ги обожавам. Ептен удобни и прекрасни ми се, отворени, затворени секакви... Мора да си купам уште некој пат летово
Обожавам обувки со полна пета. Оние со поголема, не ми стојат зашто ми е слаба ногата, ич не личе. А, многу сакам да носам.
Најубава висина на ваков модел на обувка ми е оваа, ама многу тешко се наоѓа низ продавнициве, па ретко кога успевам да ископам некое такво задоволително парче. До тогаш се задоволувам со копитцата кои ги м'кнам чисто онака ради-реда, иако не си се допаѓам како изгледам во нив, па ги избегнувам. Чисто превентивно.