1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објави на социјални мрежи - проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од felisitas, 28 октомври 2019.

  1. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Мислам дека нема друга ваква тема, се надевам и насловот е добар.
    Вака сега, сигурна сум дека поголемиот дел од нас се соочуваме со ситуации, да се најдеме во друштво со луѓе кои секоја прилика( дали кафич, седенка било која активност) сликаат и тоа "мора" да се објави на фб и сл. Мене лично тоа многу ми смета, особено што не сте ни прашани дали може. Многу често и кога сама реагирам сум добила одговор, онака насмеано "па мој профил е што сакам ќе правам", или уште навредено ќе ве прашуваат "зошто не си одобрила да се појави кај тебе". Знам дека се работи за некое его и докажување пред другите но нека го прават тоа со слики на кои се сами или барем да прашаат за дозвола бидејќи се работи за приватност. Често и со татко ми се карам на таа тема. Како се справувате со вакви ситуации без да се замерите?
     
    На Waverly Raven, faye, Asparagus и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    13.162
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие што ставаат, маж ми е од тие што 3 години нема профилна слика сменето. Чарето ни беше вака, јас си ставам што сакам бидејки е мој профил, а он ако не сака не мора да биде на сликата. Не може друг да ми каже јас што да си постирам, ама не може и јас да сликам некој и да го објавам ако не сака. Прашањето зашто не одобри е глупост, твој профил е, ако не сакаш да одобриш апсолутно не мораш. Мислам дека така си е фер.
     
    На tessie, poppie, BabyT* и 5 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас со мајка ми се мачев за ова. Упорно ставаше слики со мене без да ме праша. Многу се каравме мала кога бев. Сега, без дозвола не става од мене ама и јас имам обзир па ако е групна слика, не замерам само ако не си се допаѓам само не сакам да сум тагната.

    Инаку, јас на инстаграм сакам да си објавувам редовно а дечко ми е против соц. мрежи и знае да ми каже нешто како : што мора сега да објавуваш, мора ли да знаат кај си, Ама не го фермам многу.

    Многу повеќе имам против луѓе што објавуваат премногу лични работи на ФБ (смрт на близок..) или нешто за работното место, за партија..
    Мислев темава за тоа дека ќе е прво.
     
    На Feminka22 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.034
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Ставам слики на фб кога сме излезени со мм. Ако сме со друштво прво ги прашувам дали сакаат и они да се сликаати дали сликата да ја ставиме на фб. Не сакам да објавувам слики без дозвола.
     
    На poppie, cresa-jagoda и felisitas им се допаѓа ова.
  5. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Немам проблем јас со тоа кој што објавува на неговиот профил. Проблем имам кога сум засегната. Не сакам да ми биде објавена секоја активност, кај сум, со кого сум, дали ми дошле гости дали сум отишла на гости итн. Слики итн. А мн често наоѓам меѓу такви групи и на човек да му е страв да се слика за успомен едноставно..
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.993
    Допаѓања:
    55.116
    Пол:
    Женски
    Кога објавувам нешто најчесто на стори го ставам, а поретко како објава. Нормално дека не е во ред да ставаат слика од тебе без дозвола, ама за се' друго никој не може никому да забрани да си става слики од кафиња, јадење или било кое место каде е излезен. Такво е времето сега и на многу луѓе им е мерак да си објавуваат слики.

    Либе на пример поретко објавува од мене, ама кога се сликаме го прашувам дали си се допаѓа на сликата пред да објавам.
     
    На ku4ence, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  7. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    @Amellie13 не станува збор дека ми сметаат лични објави колку и да се банални. Секако дека секој има право да си постира на својот профил што сака, но доколку не тангира некој друг. Јас зборам за слики и објави што ме вклучуваат во примерот мене. И колку што јас имам проблем со тоа, уште повеќе имаат тие со мене зошто не сакам. Навреда е ако направиш слика а не ја објавиш, ако не одобриш они што објавиле. А се објавува се и јас не сакам да се појавувам секаде. Ако побараш да не се постира или да се избрише како да си му го земал лебот од маса, се доаѓа и до конфликт. Со блиска особа се имам скарано за слика што не ме претставува добро и барав да биде тргната.....упорно стоеше на тоа дека она е добро излезена и нејзин е профилот и ќе си стои. Нели е малку лудо? Постирам и јас ама не секое испиено кафе и особено не постирам ако не прашам.
     
    Последна измена: 28 октомври 2019
    На SexiLy, Harper, faye и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Не сум баш по социјални мрежи и многу ми пречат личности што мора се да објави се да сликне за на стори,секој ден по 50 сториња ,мизерија ми се такви личности .
     
    На MysteriousQueen, faye, Ivanna23. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    13.162
    Пол:
    Женски
    @felisitas наместо да им речеш да ја тргнат сликата, друг пат не се сликај. Или ако се сликате групно, сликај ти, и ако не сакаш не постирај. Или од старт кажи си дека не сакам да ме постирате. Кој сака нека се лути, твое право си е тоа.
    Реалноста е дека живееме во такво време каде социјалните мрежи се дел од секојдневие. Пример, јас сум одела на кафе со другарки во тек на нивно работно време (работат теренски) и си ставам слика од кафињата на маса, од старт ми напоменуваат да не ги тагнам за да не види некој што не треба, иако профилот ми е приватен. Си викам во ред и си постирам само слика без да ги тагнам. Или другар вика ај да се сликаме, исто се постира и знам дека сликата автоматски иде секаде по мреживе, одма викам дека не си се допаѓам како изгледам во моментов, не сакам да се сликам и готово. За маж ми веќе пишав погоре.
    Мора да имаме разбирање за спротивната страна, без разлика дали сакаме или не сакаме да споделуваме се по профилоте.
     
    На cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Јас престанав да се дружам со една пријателка само затоа што веќе преку глава ми е од нејзиното сликање и објавување сѐ и сешто.

    Ќе излеземе на нејзина иницијата, па цело време главата и е збрцана во тоа телефонот или само нешто слика и пишува. Неколку пати сум и кажала дека не знам што воопшто бара дружба, ама гледам дека тоа и е зависност - секој ден мора да става слики на Инстаграм во најразлични пози |(

    Среќа, знае дека не користам социјални мрежи, па и Инстаграм затоа што си ја ценам приватноста, па и реков дека не смее моја слика ниту да помисли да стави :toivo: :emo:

    :~:
     
    На kolovoz, VoodooGirl и Alisa22 им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.029
    Допаѓања:
    124.383
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да објават слика на која ме има без моја дозвола и им кажувам.
    И јас не би објавила слика без дозвола.
     
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Има луѓе шо уживаат у ова (умерена доза слики), има и што досаѓаат искрено, без навреда. Слики ретко ставам на инста или фб. Се сликаме со дечко ми да, ама заедничка слика немам ставено. И ние јадеме у ресторан, излегуваме заедно, јадеме убава храна, патуваме, прославуваме годишници и родендени, ама си сакам приватност. Исто и тој.

    За храна и пијалоци ми е смешно искрено. Но ме интереса што си ручал или какво кафе пиеш.
    Со исклучок на акаунти наменети за специјалитети. (y)
     
    На Chopard, SexiLy, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  13. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    На крај ќе излезе дека е најдобро да не се сликаш воопшто, или да го правиш тоа со свој телефон. Порано ми било и незгодно да речам и имало период каде се чувствував веќе "соголена" од тоа што беше објавувано се. Ниту тоа да не те тагнат не е опција, имам познаничка што доби отказ поради слика иако не е означена. Била на боледување а излегла. Преку заеднички пријатели, незнам точно како дошла до каде што не треба и ја изгуби работата. Не е секогаш толку екстремно, но поентата ми е што луѓето немаат осет за туѓа приватност и се во состојба за еден пост да се скараат. И тоа возрасни луѓе.
     
    На kolovoz и Spidy им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас културно си прашувам. И проблемот е решен.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    33.524
    Пол:
    Женски
    Вчера сакав да се пожалам на форумот за ваква случка .Јас ќерка ми ја немам ставено на фб никогаш.Пред два-три месеци ставив една слика на која не ни се гледа лицето.Ама тетка ми без да праша ја стави на стори.Вчера ми вика прати ми слика и кажав ќе ти пратам ама немој да ти текне на фб да ја ставаш.Ќе видеме до кога нема да ја става.
    Исто и за еден роденден оп трип ја ставија на фб без да прашаат:@Кога видов бев лута многу, а плус и со згрешено име|(
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.039
    Пол:
    Женски
    Nie "mizeriite" barem pari si zarabotuvame od profilot (da, denes I od to zarabotuvaat lugjeto I jas sum edna od niv), dodeka ti visish na forumi I se zalish kolku sme nie mizerni. Edno e da ti precime ama drugo e da ne vregjash licno. Ne e do nas, do tebe e.
     
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Хахахахах уживај нема потреба да ми се правдаш :D
     
  18. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.039
    Пол:
    Женски
    Jas uzivam, ti si ta sho se zali od "takvite ko nas" :mm:
     
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Јас не зборував за тие што заработуваат од интернет. Зборував за тие што објавуваат без врска по толку сториња. Никаде не ги спомнав тие што заработуваат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.039
    Пол:
    Женски
    Inace za temata. Jas sum od onie koi postiraat mn cesto I redovno bidejki toa mi e rabota-imam blog. Objavuvam dosta, no na se imam granica. Detali od privatniot zivot ne objavuvam. Vistinsko ime, prezime, vozrast, mesto na ziveenje; potoa ljubovnata situacija I familijata-za nishto od toa ne objavuvam I se razbira-nikogo ne objavuvam bez dozvola. Ama deka sum dosta aktivna-sum, I imam kjar od to. Tie sho me sakat me prifakjat kako takva, ostanatite neka se nosat.