На фб не сум ставила слика кузнае од кога бидејќи не го користам. На инстаграм ставам нон-стоп од себе, а кога ставам со други им кажувам ,,ај намести се на стори ќе иде” и знаат. Имам другарка која уопште неќе се ја сликаат и никогаш не сум ја сликала нити па сум ставила слика со нејзе без да знае. За мене сум рекла, пред да ставиш прашај ме, ако си се сфиѓам стави ја А на мајка ми јасно сум и кажала- слики со мене никако
Јас користам активно Инстаграм, до скоро два профили имав. И тргам од тоа ако на некој му сметам да не ме следи повеќе. Ме заболе дали сметам на некој. Ама покрај сите работи кои ги објавувам, и се многу, има дупло повеќе кои не ги објавувам. Многу поинтересни, многу подобри, или во најмала рака ги објавувам покасно ако ептен ми се бендисва. Кој ме има на Фејсбук, а нема Инстаграм, можи комотно да помисли дека сум умрела и профилот ми е неактивен. Е сега за со друштво. Дечко ми знај дека јадење не смеј да чепни дур не сликам. И пак, одамна прекинав тоа да објавувам ама си имам моја приватна галерија на лаптоп од сите места на кои сум била, што сум јадела, како ме бендисало. Исто и за пива, не само за храна. Во друштво од друга страна кога маваме селфи, давам известување дека: „ајде сега за на Инстаграм“ и кој неќи ептен наназад се трга малку и не е веќе во сликата или ќе ми кажи да фатам друг агол. После то известување: „ајде сега една за во група да си ја имаме“ и то е втора слика која не оди на Инста. Кога некој знај со кој зборам во момент на месенџер, и ако го сликам - тој шо се дружи со мене знај дека сликата ја пуштам во порака, одма. Без известување. И ме сликаат така, некогаш и не знам, кога знам позирам лошо.
Скоро ич не оставам слики, но не ми смета ако некој ме означи секако со мое знаење. Ако сум означена на некоја слика на која не си се свиѓам, тогаш не прифаќам да ми излезе на профил. Дечко ми се случува една слика/ознака месечно да остави, а јас бетер Не сме по споделување на приватни моменти, па дури еднаш ме прашаа дали сум била нормална дека не сум оставила слика од патувањето пред месец дена. Пошто бевме буквално на другиот крај на светот, а не сме се означиле Исто како и @theowndemon сликам места, јадења и ресторани ама лично за моја галерија во посебна папка во лаптоп. Не знам дали така ми се погодиле пријателите по социјани мрежи, ама немам некои екстремно досадни случаи. Досега не сум избришала некој дека остава премногу слики. Ако луѓето сметаат дека треба да се остава секој чекор тогаш нека го оставаат, иако за мене пример нема логика. Ако некој почне да ми смета ќе го избришам и толку
Јас имам избришано за ова причина. Да речиме дека објавуваше преку 50 видеа во вечер, башка од денот. Секој викенд одеше на свадби еден период и искрено не им требаше на луѓето камерман - се беше на стори. Апсолутно се. И пак I ain't judging, едноставно постапив онака како шо очекувам да постапат со мене ако сум досадна. И прво скокав сторињата ама со тек на време ми прекипи и ја избришав.
Јас сум нешто помеѓу. Ниту премногу, ниту премалку. Кога ќе видиш број на објави на Инста можеби изгледа дека сум од првите, но тоа е за период од скоро 6 години, ретко кога бришам слики, а и порано објавував повеќе. Средно земено објавувам по 1-2 слики месечно. Почесто објавувам ако сум некаде на патување/одмор. На стори објавувам почесто, но пак не премногу. На фејзбук многу ретко. Секоја сезона само морам да променам профилна. Имав летна профилна, сега веќе е есен, не ми одговараше па морав да ја сменам. Што се однесува до слики со други и друштво - објавувам многу ретко, а и други ретко објавуваат со мене. Кога се сликаме ако излезе некоја добра слика и сите се согласуваме може да се објави. Тоа е кога сме собрани неколку најблиски. Ако се ептен големи друштва, на некоја прослава и слично 15-20+ личности, немам проблем и да се објави, евентуално може само да ја тргнам сликата од мој профил.
Он не користи соц мрежи.Не објавува ништо на фб уште помалце на инста.На инста нема ниту една слика.Јас фб би го избришала,толку ми е мн досаден.Па тоа објави ,статуси,38282828 слики од свадба,па од род...боли глава.На фб имам забрана да ме означуваат.Они означуваат кај мене на ѕид не искача ништо На инста еднаш неделно ставам слика најчесто од малата.Заеднички слики од нас од одмори родендени,патувања немаме .Ниту ке имаме јавни такви слики.И тоа што го имаме е ептен зад скриено и суптилно покажано.Слики од брат ми сестра ми децата нивни исто немам и нема да имам .Тоа ни е заеднички договор и се почитува од двете страни.Се што се објавува без мое одобрување бришам одма
Не ми смета ова. Ама оние патриотите со слики од штаб во ВМРО,СДСМ и слично моментално ги бришам. Пошто пола роди ми се ептен побожни се ставаат слики со икони набрзинка ги скролам. Ама и ова ми смета.
Има начин да се прескокнат лесно и безболно досадни постови. Ја одследуваш личноста, не мораш ни да ја бришеш. Меѓутоа проблемот е кога тие постирачи немаат осет кога станува збор за слика, пост со други луѓе и нештото мора да се објави по секоја цена.
Не е само за слики. Просто,неќам никаков контакт со такви луѓе. Јас лично,објавувам слика чат-пат на инста,скоро никогаш на фб. Некои луѓе имаат потреба изгледа од постојано постирање. Одат во диско-ставаат сториња од цел преформанс на пејачот/диџејот. Одат на одмор-од јуни до септември гледаме слики од фамозниот одмор. Ова со постави прашање на инста стори-387337 одговори. Поентата ми е nobody cares. Овие слики ги игнорирам и на mutе ми се ставени неколку личности ради ова. Друго,не знам дали е ова постирање поврзано со синдромот "ако немам ставено слика исто ко да не сум бил",не знам. Мене не ми смета ако некој става континуриано слики,можеби така си го освежува профилот. Но овие горе кои ги набројав се pain in the ass.
Некогаш може да ми се случи да објавам 2-3 слики наеднаш, на feed или story, а некогаш долго време ме нема. Зборувам за инстаграм. Фејсбук, чат пат некоја песничка и тоа е. Обично на фејсбук не гледам кој што објавил, го користам само за комуникација. Инстаграм почесто гледам. Ако некој ми е досаден го мутирам. Никој не ми смета.
Да не беа групите од факултетот и слично, Фејсбук одамна би го избришала. Го користам само за комуникација, слика објавувам еднаш годишно, а статуси и песни во последните години не објавувам воопшто. Инстаграм ми е место каде што можам да си ја искажам "креативноста" и објавувам почесто, можеби еднаш до два пати во неделата. Најчесто тоа се слики од природа, а ретко од мене. Баш поради тоа мислам дека сум малку досадна, ама нека се чувствуваат слободни да ме избришат. И не ги ставам од причина да видат дека сум била некаде, само ми се допаднало дрвото каде што сум била. На story ставам само некое meme. Со друштвото секогаш си се прашуваме пред да објавиме слика заедничка. Е сега некогаш и да не си се бендисам, ако им е ќеф ќе дозволам. Дечко ми е ко мене, една слика годишно. Заеднички слики имаме 3-4. Од роднини кои објавуват се' и сешто имав една. По 500 слики во албум од родендени, слави. Во ред, ама лошо е кога ќе те означи на слика каде што мижиш, зборуваш, си џвакаш. За среќа, престана... Никој не ми смета, единствено бришам некој ако напишал навредлив статус и притоа му е смешно.
Mразам кога некој се и свашта објавува и по милион слики како само тие да одат на одмор, да јадат. Исто и оние што ништо не објавуваат, а за сите се интересираат. Не сакам да ме означуваат и да ставаат слика од мене, нема потреба сите да знаат каде сум и што правам. Јас ако сакам сама ќе ставам слика.
Порано бев поактивен на фб, сеа послабо. Слика неам ставено одамна. А за означување не ми смета, што ако ме означи некој без моја дозвола, папараци да не долетаат одма на лицу места изјава да ми бараат. Глупости
Е баш тоа... Во ред е во некоја посебна прилика и секако да се праша претходно а не само постирај. Па дали сакам јас да ме гледаат други кај сум со кого, слики, чек ин итн. Без разлика и да не ме означи. Да ја отворам темава ме мотивираше тоа што во последно време се случува почесто да се дружиме со братучед на дечко ми и неговата фамилија. Значи секое видување мора слика да има и обавезно да се постира. И да не сакаш да се сликаш те гледаат како чудак а стварно не сакам сите да го знаат мојот чекор и ми е глупо на сите пред нос да им се ставам дека ние седиме и пиеме кафе. Иди докажи им на такви..
Им кажувам дека не сакам да постираат. Ако ми кршат клечки, пожолчно ќе им 'објаснам'. Иначе, од секогаш ми е подесено да не можат да ме тагнат по дифолт, да не се појавува на мојот профил.. итн. Не се има случено некој да 'згреши', освен за еден роденден на ќерка ми, кога пеесе пати повторив во игротеката, дека не сакам да постираат слики на ФБ. На крај, со закана од тужба ги тргнаа... најсмешно е, што газдата беше полицаец
Се работи за почит, за култура, бонтон.... А дали папараци ќе долетаат или си невидлив не е муабетот. Туку што постирањето на било што е најважно нешто на светот, ќе се скара со тебе ама мора да постира инаку животот не би имал смисла
Луѓе се сликаат во кревет после секс и го објавуваат тоа... Да не зборувам за одвратната навика да гледаш што јадел и пиел. Се заборава приватноста. Многу секојдневни работи не се за да бидат објавени. Не ме интересира кој колку пати џаболебарел денес. Одат на кафе по пет пати и од нив слики и од кафето... Смешки. Не сакам никој со мене да објавува слика без моја дозвола. Културни се и прашуваат дали смее. Не се прашува ако е некоја голема прослава и има многу луѓе. На такви фотографиии обично ја бришам ознаката.
Си постои решение и за тоа. Фино лепо одиш unfollow и немаш гајле. Порано ме нервираа вакви работи и мене али после видов дека коа ќе откачиш вакви напори полесен ти е животот.
Amen to that Па ако ви пречи некој отследете, а не им смета, па знаат што објавувал и колку објавувал. Си објавувам претежно слики од мене, но не ми пречи ни да стават слики од мене, Ни да ме тагнат ако претходно ме прашаат, исто и јас, ако прашам и сака некој да го тагнам, го тагнувам. Само со дечко ми не споделувам слики, ради тоа шо сé уште ни дома баш не знаат за врската и засега нејќам толку да споделам јавно. Он повеќе објавува кај него само, не ми пречи, секако ме прашува прво. Шознам, до сега па не сум сретнала некој да му пречи слика или нешто да се објави. И мене не ми пречи ништо на социјални мрежи, кој шо сака нека си става, ако му пречам на некој нека ме отследи и тоа е тоа. Дури многу места за излегување имам најдено преку сториња така од пијалоци и храна, ми се допаднале, сум отишла.