Знам за таа опција и ја користам кај 2 3 ликови што отекуваат со селфи. Но во темата, проблемот е за напорни досадни луѓе кога ве вклучуваат вас во нивните објави. Со свои слики на свој профил што сакаат нека прават не ме засега. Ама ако кажам не сакам да иде сликата на фб ( од која било моја причина) значи тоа треба да се почитува и да се праша културно претходно.
Болдираното.... Ете ти една добра причина кај што не сакаш нешто да се дознае, шпекулира итн. И ти поради тоа не објавуваш ама некој од друштво упорно го прави тоа. За тоа зборам цело време. И да не си означен сепак, заеднички пријатели ова она...
Од мене и детето објавувам што сакам кога сакам. Добро де и мм. Туѓо дете без дозвола не сум објавила. Ниту па некој пријател што не сака да биде објавен. Толку. И не ми смета ако не сака. Има трујачи, кои се у некој свој свет. Објавуваат, ама не за следачи.. туку ете мислат дека се кој знае шо... ама ете, нека... си коментирам охооо... и скролам понатаму. Ако она/он мисли дека некој паѓа у несвет од нејзината лепоќа, паметноќа... со придавање значај, лепење лајкчиња само ќе докажам дека е во право. Вака игнор... И да, секој за себе е најубав, најпаметен. А децата... абе мила на мајка, лепотица права... кај ја родив ваква убава, пу пу да ја серат кокошките. Не се замарам... секој живее живот за себе..
Обично отследувам луѓе од кои не сакам да гледам објави. Социјални мрежи ми се малку тин работа па се поретко ги користам. Возрасни луѓе 30+ кои секое кафе и излегување мора да го документираат ми делуваат ептен очајно. Демек мора да видиме секој ден каде пијат кафе.
Сите ставаме слики заради внимание, иначе ќе си ги чувавме во телефон и немаше никаде да се објавуваат. Ама многу забораваме дека имаме следачи кои ги гледаат тие слики и отследуваат ако им здосадиш Ќе биде после “глеј го сељак ме отследил, божем он боље слики има“ (Been there)