Живееме во 21. век. Време на напредната технологија и Интернет. Сите имаме друштвени мрежи, тоа е денешниот начин на комуникација. Една разговор на форумов ме поттикна да ја отворам темава, но за ова си имам мислење уште од одамна. Многу луѓе објавуваат слики од своите деца на Фејсбук, Инстаграм, по форуми и тоа е сосем нормално, се додека не се соочат со проблем, како во случајот што беше во гореспоменатиот разговор (педофил). Колку интернетот е безбедно место? Иако некои луѓе имаат ограничени и приватни профили со заштитена содржина која ја споделуваат со познати луѓе. Моето мислење е, да се самоцитирам: ,,Oпшто по форуми и кај и да е, и од аспект на почитување на приватноста на детето. Може кога ќе порасне нема да сака да има профили или да има негови слики на интернет. Шо знам... Јас би почекала да направи бар 18 години и само да одлучи дали сака. Па нека става слики од кога било мало."